1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски актери и актерки

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од NelChe, 1 декември 2010.

  1. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Со оглед на тоа што не пронајдов ваква постоечка група, а сметам дека нашиве актери и актерки се вредни да се споменат, ја креирав, па сакам да слушнам ваши мислења за истите. Кој македонски актер/актерка ви е омилен-а, според вас кој од нив оставил белег и дали сте запаметиле некоја нивна легендарна реплика...?! Бидејќи секогаш кога зборуваме за најубави, најдобри, најталентирани актери, сите постираат слики или имаат идоли од Холивуд, јас сметав дека и на нашите актери треба да им се оддаде почит за нивната работа. :clap:
    Ако веќе постои ваква група, слободно заклучете ја оваа. :)
     
    На Bubachka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Like за темава!!! Од нашите актери омилен ми е Никола Ристановски, а после него Дејан Лилиќ и Мето Јовановски, а омилена наша актерна немам. Ако морам некоја да издвојам би ја спомнала Верица Недеска...ама ништо посебно. Ја гледав во филмот Караула, ама не ми остави некој впечаток.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Има квалитетни македонски актери.
    Џамбазов е одличен. Го обожувам, талентиран, со шарм и харизма, зрачи на театарската сцена, во генот му е. :)
    Владо Јовановски од Балканкан го почитувам многу.
    За Никола Ристановски сите зборови се излишни.
    Кирил Поп-Христов. Сакале да признаеме или не, Кили е талентиран и тоа како.

    Од македонските актерки пријатно ме изненади Весна Петрушевска во Г-ѓа Министерка, гледајќи ја од тв ми беше со годините одбивна и антипатична, па мислев дека е нималку талентирана, ама ме убеди во спротивното. Сосем ок е.
    Магдалена Ризова-Черних е одлична актерка.

    Од помладата генерација би ги издвоила Сашко Коцев, Горазд Цветковски и Јелена Јованова.
    Значи болно талентирани, им посакувам многу успех на штиците што живот значат. ;)

    Од времето на баба и дедо, немало подобар од Ристо Шишков. Глас, стас, талент, прав маж, секогаш сум се чудела како таа будалетинката Цвета во екранизацијата на Македонска крвава свадба го одбра мутавото Спасе, наспрема Ристо Шишков :D Ау, прекрасен бил Шишков.

    Ќе ги набројам и оние квази-актери чие место не е ниту на сцена, ниту на филм, ниту никаде:
    Влатко Илиевски |(
    Ана Стојановска, сосе мајка и' - Силвија Стојановска
    Лабина Митевска :puke:
    Борче Начев од Сенки, мене лично ми нема абер од глума
    и убедливо најантипатичната актерка во Македонија, за мене лично - Билјана Беличанец.
     
    На Cinderfakinrella, Micheleljubov и antonelala им се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    аххх да, за Билјана Беличанец...
    Јас и немав некое мислење за неа, али откако го гледав Демонот од дебармаало ептен за засакав и се изненадив од нејзиниот темперамент. Убав впечаток ми остави. А Лабина и Теона јас со закон би ги забранила. Ниту филмовите ми се свиѓаат, ниту па како глуми Лабина...воопшто не се талентирани.
     
    На antonelala му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Значи досега сите сме едногласни кога се работи за Никола Ристановски ;)
    Мене како лик кој ми е ексцентричен и исто така глумец кој воглавно игра улоги на негативец, еден од омилените ми е Јовица Михајловски. Мето Јовановски е исто така еден од оние првокласни актери.
    Петре Прличко ми е еден од најмилите ликови на кои се сеќавам од моето најрано детство.
    За внук му Џамбазов имам само пофални зборови и како актер и како одличен шоумен.
    За тие квази-актери се сложувам со Трендафилка, поготово за Влатче кој органски не можам да го сварам. Тука би го додала и Зафирчев за кој не можам да дадам мислење каков е како актер бидејќи самата негова појава ми е антипатична, не знам зошто.
    Од женските актерки немам некоја посебно да издвојам. Добра е Бејби и Верица Недеска, да речеме.
    Од младите актери, интересни ми се Горазд и Сашко. Одлични и надежни актери кои како ликови се спонтани и забавни.
    Бошко Бозаџиев ми беше исто така доста надежен актер, но за жал почина премногу млад :(
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    12
    Никола Ристановски :inlove: , Дејан Лилиќ , Тони Михајловски, Сашко Коцев, Рубен Муратовски,Јовица Михаловски, Владо Јовановски, Васил Зафирчев, Игор Џамбазов, Драган Спасов, Бранко Ѓорчев, Зоран Љутков
    Јелена Жугиќ, Ана Стојановска, Весна Петрушевска, Билјана Драгичевиќ, Билјана Беличанец, Ѕвезда Ангеловска, Сашка Димиторвска...
    Можеби заборавив некои, но ова се повеќето што ми оставиле голем впечаток.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Пишав во СДК , ама ќе си напишам и тука во соодветната тема - Дејан Лилиќ е актериште.
    Немав некое посебно мислење за него, онака мислев дека е некако млак и неубедлив во глумата, таков впечаток ми оддаваше, ама после Хамлет, посакувам да го видам и во неколку други претстави, меѓу кои ми ја испофалија монодрамата Александар.
    Дејан Лилиќ - ѕвер!
    Македонија може да се гордее . . . :up:
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  8. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Дефинитивно омилени актери од постарата генерација ми се Петре Прличко и Ѓорги Колозов, а од актерките Шенка Колозова и Синоличка Трпкова, а од поновата генерација ми се допаѓаат Никола Ристановски и Билјана Беличанец, но и Дејан Лилиќ и Јелена Жугиќ ми се во омилените. За Ристо Шишков немам зборови, талент и став на вистински професионалец, но за жал прерано починал. За најмладата генерација актери немам некое посебно мислење, им оставам простор понатака да видам во какви улоги ќе се впуштат и дали ќе дадат максимум од себе во работата како горенаведените :*
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Од помладиве (ептен младиве) да ја спомнам Наташа Петровиќ. Актуелна со претставата Брод за кукли, која можевме да ја видиме во Хавана (не ме фаќајте за збор, незнам дали уште ја играат, пред месец дена сигурно се играше), пред некое време заврши со снимањето на филмот "Како да ме нема" (As If I Am Not There) режија на Хуантиа Вилсон, во која Наташа ја имаше главната улога. Кај нас уште филмот не доживеал премиера, имаше премиера на Сара­евскиот филмски фестивал, а потоа и во Торонто и критиките беа повеќе од одлични. Оваа млада актерка е сеуште сту­дентка на Факулте­тот за драмски уметности и е една од актерките кои на Берлински филмски фестивал ќе бидат претставени како нови филмски ѕвезди.

    http://vest.com.mk/?ItemID=812F10886816 ... 0ED1CDF4A3

    Номинации:
    INTERNATIONAL ACTRESS FILM
    http://www.ifta.ie/nominees/internationalactress.html
     
  10. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Никола Ристановски :)
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Тој, ами кој? :fubar: [​IMG] Фацава во стилот на Why so serious? ]:)

    Најсакан од сите и во се, оригиналниот Игор Џамбазов.

    Секоја чест и почит за единствениот Ѓорѓи Колозов.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Борче Начев, Сашко Koцев, Игор Џамбазов, Тони Михајловски и многу др.
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Квалитетни актери има да се бројат на прсти.
    Чест ми е кога сум на претстава каде глуми Дејан Лилиќ за пример.
    Самиот тој со својата појава те тера да ја следиш претставата и те остава без здив со својот шарм, талент и харизма.

    Игор Џамбазов :clap:. Нема потреба од зборови.

    Владо Јовановски, излишно е да се збори.
    Никола Ристановски е одличен, и ме чуди што кога одиме на претстава преку школо мнозинството од мојот клас воопшто и не знае кој е тој. Невидено.

    Кирил Поп-Христов - Кили, јас лично го сакам, и ми се допаѓа неговото дело, колку и да им смета на другите.

    Весна Петрушевска ми е исклучително одбивна личност, не ја коментирам бидејќи одбивноста е посилна и дури и да е добра јас тие карактеристики нема да ги видам.

    Морам да си ја пофалам инструкторката по глума, Вита.
    Снежана Коневска-Руси и Магдалена Ризова-Черних, неверојатно добри актерки.

    Томе Витанов :clap:

    Александра Микиќ ми е еден од подрагите, додека Благица Трпковска се уште не сум ја видела во добро издание.
    Сашка Димитровска сум ја видела и ова добро и во лошо издание, веќе е доволно долг постов затоа не би коментирала понатака.

    Коцев е одличен, единствено што ме нервира е што секогаш најмногу се аплаудира на него само затоа што повеќе е познат од останатите, барем на мои години.

    Јелена Јованова од старт ми остави добар впечаток, навистина талентирана девојка.
    Билјана Беличанец ме пали со својот глас, неверојатен сексапил има во него, но вака..Ништо посебно.

    Ристо Шишков е актер со класа кој треба да се цени иако верувам помладите генерации не се запознаени доволно со неговото дело.

    Силвија Стојановска ми е во ред, но ќерка и сметам можеме слободно да ја тргнеме од ова поле. Што е важно ако е мајка и актерка, кога не ја бидува, не ја бидува.

    Борче Начев ме разочара со својата глума во Госпоѓа министерка иако верував е актер за пофалба.

    Шенка Колозова заедно со Прличко, без коментар. Веќе искрено и немам зборови. Сите пофалби се малку.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Зоран Љутков, Никола Ристановски, Дејан Лилиќ, Игор Џамбазов, Весна Бејби, Сашко Коцев, Билјана Беличанец, Јовица Михајловски, Драган Спасов ДАЦ, Билјана Драгичевиќ, Ѕвезда Ангеловска, Сашка Димиторвска..
     
  15. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Омилени актери : Никола Ристаноски, Рубенс Муратовски, Васил Зафирчев, Роберт Ристов и секако најомилениот и најшармантниот ДЕЈАН ЛИЛИЌ !!!! :*
    Од актерките омилена ми е Јелена Жугич ( има најпрекрасен глас :inlove: ) и Биле Д. Пројковска :)
     
  16. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Сашко Коцев, Зоран Љутков, Дејан Лилиќ, Васил Зафирчев, Ненад Стојановски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Магдалена Ризова-Черних, Амернис Нокшиќи-Јовановска, Снежана Коневска-Руси. Тоа се актери на кои им симнувам капа за својата работа, предобро си ја знаат и одлично си ја работат.
    И секако ненадминливите Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Прличко- за нив не е ни потребен коментар. :bow:
     
  17. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    4.620

    за ова ТОТАЛНО се согласувам:)
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Никола Ристановски,Дејан Лилиќ,Игор Џамбазов,Борче Начев,Горазд Цветоковски,Ѕвездана,Сашко Коцев,Билјана Беличанец,Ана Стојановска,Роберт Ристов,Зоран Љутков,Љупчо Ангелов.
    Никола Тодоровски имав чест да го гледам на една театарска претстава и да го запознаам и лично сум воодушевена од човеков,капа му симувам.
    Владо Дојчиновски глуми во Македонските Народни приказни,но глуми и во Колозов Театар,браво за дечково многу убаво ми глуми.
    И на крај ќе завршам со Влатко Толески момчево глуми во "Театар 007",за прв пат го гледав во преставата "Магија Еделвајс"(Балканот не е мртов),и навистина ми остави голем впечаток,прекрасно глуми. :inlove:
     
  19. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Моја тема,браво! Можам да се пофалам со голема бројка на изгледани претстави бидејќи имам работено во еден од нашите театри и знам како е да се стапне на таа магична сцена. Имам доста омилени актери што ги почитувам како уметници со кои може да се гордееме.

    Од актерите можам да ги издвојам Мето Јовановки, Никола Ристановски, Дејан Лилиќ, Драган Спасов-Дац, Сашо Тасевски,Благој Чоревки,Сенко Велинов,Васил Зафирчев,Јовица Михајловски,Ванчо Петрушевки,Бранко Ѓорчев,Петар Темелковски ( Филип II :o ) и не ми текнува на уште некој.

    А, од актерките омилени ми се Билјана Беличанец, Магдалена Ризова,Ирена Ристиќ (колку и да ми е одвратна,добра е),младата Јелена Јованова и Јелена Жугиќ.

    Сите овие што ги споменав ми имаат оставено голем впечаток и уживам кога ги гледам на театарската сцена. :bow:
     
  20. Lara54

    Lara54 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Би ги издвоила само Сашко Коцев и Тони Михајловски :)