1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски веб-сајтови за козметика

Дискусија во 'Лице' започната од eva993, 5 ноември 2020.

  1. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може посебно да се одвои една ваква тема, со оглед на тоа што темата „Online продавници за козметика“ има фокус речиси исклучиво за странски сајтови. (fingers)

    Во време кога сѐ поголем „замав“ зема онлајн купувањето, а тоа несомнено доаѓа и во Македонија, логично е дека може да се очекува и појавување на сѐ поголем број на онлајн продавници на нашиот пазар и поголема понуда на производи/брендови.

    Од причина што постојат и неистакнати Македонски сајтови, а кадешто може да се најде интересна понуда, може тука да се разменуваат искуства и новитети во овој сегмент.

    Еве неколку прашања и во кој правец би можеле да ја водиме дискусијата:

    • Дали преферирате да купувате козметика онлајн или на физичка локација и зошто?
    • Дали преферирате да купувате козметика преку странски или преку домашни сајтови и зошто?
    • Што е она што ви се допаѓа, а што е она што ви фали кај домашните сајтови за козметика?
    • Кој ви е омилен домашен сајт за козметика и зошто?
    • Кои други ги препорачувате, од кои сте имале позитивно искуство?
     
    На Selest и renata77 им се допаѓа ова.