Ана Калчовска ВООПШТО не ми е убава, ни привлечна, едноставно одвратна ми е, а Катарина Ивановска има некој посебен шарм и привлекува ептен. А за Накова се изначитав многу негативни коментари, а мене девојката ми е преубава, и со шминка и без, можеби претерува со шминката, ама таа најубаво си знае, а кој ја видел без шминка знае дека е преслатка, цртите на лицето и се пропорционални А за телото немам зборови, јака е премногу. Е сега, претера што се сликала гола за Playboy, ама ако и е убаво неа, оти да не, и ако има поддршка од нејзините. Само вака потешко ќе дотурка од Македонија, бидејќи веќе знаат како изгледа гола, и нема да му биде интересна на никој.
Цртите на лицето на Ана Калчовска се многу монотони,нема ништо посебно што привлекува,ниту некој скриен сексипил,исто кај тие струмичанките Марија и сестра и,а за тоа како успеала до Јапонија Ана само таа си знае Катерина Ивановска има специфични очи и тоа е тоа што привлекува кај неа и нормално се гордејме со нејзиниот успех,но мислам дека ова и е максимум со оглед на нејзината ограничена убавина.Немие јасно зошто толку напад врз Александра Накова девојката е прекрасна,цритите на лицето се слжувам со Kristinna92 се пропорционални и трпи секаква трансформации,за телото да не правиме мубет.Нејзнам што ви смета пудрата кај неа или Катерина Ивановска не ја шминкаат пред ревија или снимање?Што смета тоа дека носи минич?Забрането е?да ве потсетам дека сме 21 век,а за playboy нејзин живот кој сме ние да ја судиме.
Потполно се согласувам, и мислам дека Накова има предиспозиции и потенцијал за манекенка, повеќе е за Playboy или Victoria's Secret, поради лицето и облините, отколку анорексичните кои се мотаат по ревии, си мислиш да ги дувни некој ќе се скршат А за нејзиното облекување и шминкање сепак никој и ништо не сме ние да ја судиме, тоа е нејзин стил и ако таа си се допаѓа и прифаќа самата себе, што има ние да ја прифаќаме? Мене како што кажав во претходниот пост, многу ми е убава, и со шминка а и без. Една од најубавите во Македонија.
МНогу му се допаѓа кога ќе видам рустична убавина. Јас како фотограф можам слободно да кажам дека оваа Александра Накова воопшто не ми се допаѓа. Нема мишто специфично на нејзе, ниту елегантно, бар мене со ништо не ме плени, некое едноставно лице заоблено дури ми делува ефтино. http://kajgana.com/galerii/backstage-fo ... akova.html Мартина Павловска е врв од сите. Можеш да ги извадиш сите емоции, елеганции, ситуации со тоа лице. Толку многу е шармантна и харизматична. Секоја црно-бела фотографија изгледа како од стар филм. Ретко можеш да го доловиш тоа со останатите ни манакенки. Туку офф топик- бев на некој си роденден со манакенките на Мики Црнокак и Светлана пред еден месец, ми идеше да се фрлам од глупоќа и грдотии (се извинувам ако навредам некој), ама егото им е толку големо дека се најубави, а всушност секоја девојка што ќе поминеше на улица изгледаше многу по класично и поубаво, и се што знаеа да прават да ја вртат косата, и да превртуваат очи. Интелектуално ниво 00000000000000!!! Ми се кења од не ителектуално изградени особи, на кои убавината им е приоритет.
Катарина Ивановска потпиша за Victoria's Secret така да сите што тврдите дека ви е "грдотија" можете само да читате за нејзиниот астрономски хонорар и да сонувате дека можеби во наредниот живот ќе бидете дел од ангелите на VS. Толку од мене
Мене посебно ми се допаѓа Катерина Ивановска многу ми е мила убава во фаца тело добро има.Исто така и Сања Николиќ е убава мила добро тело има мисла тие две супер се за манекенки.Оти има разлика од топ модел до манекенка кај на сите се и топ модели и манекенки не се прави разлика на пример за манекенка треба слаба така мила на фаца да одговараат предиспозициите нивни.за топ модел треба да имаат по провокативна фаца така да се со поголеми облини да не се слаби како цаццкалици да имаат гради поголеми.на пример од насиве оваа Маријана Стојановска е прав топ модел бар мене така ме потцека.И наку не ми е несто посебно повеке е провокативна и некако не знае да зборува да сврзува имам таков впечаток од телевизија сто ја гледам.Сара Леши е многу дебела сало многу има и во устата не ме бендисува за нигде е и проста е сто е највазно.Како некоја маска е.Бар тоа е моето мислење секој си има свој вкус.
мало објаснување. разликата помеѓу манекенка и топ модел е тоа што топ моделот е светски познат и успешен а не дека има провокативна фаца или цицки. од каде тоа дека манекенките имале мили фаци а топ моделите провокативни? кога некоја манекенка ќе стане позната (меѓутоа не на кратко, туку подолг период) се вика топ модел. кај нас нема топ модели, има самонаречени топ модели. кај нас има манекенки, и тоа еден куп.
Мене Дунавка ај што не ми е убава ни привлечна туку антипатичен лик ми има. А ќе ја спомнам Ивана Гелева, убава наша девојка која ја гледам на последниве две модни недели беше како главен лик и ја водеше кампањата. Не плени со посебна убавина но мене лично ми е многу фотогенична. А е во агенцијата Подиум. A eве ја Катарина за Elle Spain august 2011
Немам некој фаворит од нашиве,бидејки сме мало место и без можности,за да се развие манекенството,а ова на кое сме навикнати секој ден во списание или по спотови да ги гледаме најутепаните од генерација-тоа е трагедија,а не манекенки.Затоа тие што можат да го носат епитетот модел,се пробиле надвор од нашиве граници. Според направеното,за најуспешна ја сметам Катарина,и мислам и дека не е дрска девојка,иако делува мн ладно.Скоро,во тренд,несакајки ме чукна со рака,јас поминував од позади неа,и со лактот добро ме чукна кај рамењата,и се изненадив кога се сврти,а уште повеке кога видов дека е она,и дека се извини 2 пати...Ал сакини ,ја имам сретнато во бившо картел,поодамна значи и беше хорор.Секое делче од телото и се тресеше како се движеше,а нозете и пливаа во целулит,а брдата од страна зиркаа ли зиркаа...И ја имам видено и оваа мушмулава Ива М. во парадизо и можам да кажам дека да беше уште некој сантименат повисока,ке се закачи во дрвата од што е уфилмана.Искача стриктно во фустачиња трико,уз тело,истртена-ке се укочи,и обавезно чим влезе стои на влез едно 15 мин за сите добро да ја приметат,ако не ја виделе евентуално кога влегла...Ужас...Ама тоа е тоа..За посебно ружна ја сметам Стефани Борсова(исфорсираната,наместена и наметната екс мисица),неможам да и најдам никаков шарм,харизма,па ни убавина во цртите.
Спојлер http://mesto.com.mk/video/83SGYYYM468N/%D0%9C%D0%B8%D1%81-%D0%9A%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0--%D0%A1%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%91%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B0 Одвратна
Aлександра нема досега ниту една добра фотосесија,специфична,уметничка на сите нејзини досегашни фотосесии е премногу разголена и делува многу ефтино како за на playboy.А за убавина јас ја имам видено во живо навистина е прекрасна но нејзината убавина не ја има прикажано во право светло сеуште.На Катерина секоја чест за елеганцијата е на последната фотосесија.
ивана гелева ја знам лично, и не е нешто посебно убава без шминка, а има убави црти и убава коса! инаку да, многу е фотогенична, висока, слаба и цицка има така доста големка баш онака манекенски е градена според мене ни една не може да се рамини со Mаријана димовска и Анета Ристевска