1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски манекенки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Angelche, 1 ноември 2010.

  1. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Многу многу и не ги знам македонските манекенки поради тоа што не ги следам редовно модните дешавки. Ги знам оние по експонираните, но на Катерина Ивановска и нема рамен. Кој што сака нека каже ама Катето сама по пат од асфалт и трње се проби со својата убавина за да види “бел ден„. Сега си е светски позната манекенка. Јас се гордеам со неа и капа и симнувам за нејзината успешност. Многу ми е мило што сега е во редовите на Викторија Сикрет.
    [​IMG][​IMG]

    А оние моднине агенции како Мак моделс, Шанел и не знам ти уште кои други кои организираат модни настани и на кои учесниците не добиваат скоро ништо освен популарност во школо, маало или град, не би ги коментирала.
     
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
  3. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    можи е во редовите на Викторија сикрет ама не вервам да влези мислам со ангелите нема теорија,таа нема ни „А„ одАнгели
     
    На Kristinna92 и softqueen им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Браво за Кате, алал да и е, работеше и со свои сили се пробиваше и го заслужи ова.Секоја и чест! :clap:
    А вие што немате попаметна работа и плукате размислете дали уште некоја од кај нас ќе стигне да работи за D&G и Викторија Сикрет.
     
    На marina.m.g му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Никој не плука,а оти да не можи ке стигне да работи веке аман,а шо се однесва за Катерина секоја чест таа е нашиот најголем успех од манакенството во Македонија...другите модни куки за мене овде се катастрофа...Ама сепак Поентата ми беше за Ангелите....кои се сон единствени и најубај....
    За да не бидам оф топик затоа пишувам вака дали знаете за Катенцето дека филмот кој ке се снима тука ке зема 80000 евра замислете и дека Сергеј Трифунович се навреди и замина и според мене со правооо
     
    На blond.bunny и Kristinna92 им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ште ве молам друг пат кога ќе ја спорите Кате а кога ќе фосрирате некои дрољички подзастанете .

    She is Victoria's secret angel now 8) :)

    Катарина Ивановска го допре врвот – стана модел на „Викторија Сикрет“


    Тоа што е сон за сите манекенки и модели ширум светот стана јаве за нашата прекрасна манекенка Катарина Иванова, која неодамна склучи договор со светски познатата модна куќа „Викторија Сикрет“, и ќе шета рамо до рамо со популарните ангели.

    Катарина деновиве е во центарот на вниманието во Македонија, особено откако беше објавена информацијата дека таа ќе ја глуми и главната улога во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
    Но, после успешно поминатиот кастинг и ангажманот за главниот каталог на „Викторија Сикрет“ со сигурност ќе стане и светски препознатлив лик.
     

    Прикачени фајлови:

    • 06.09kiki6.jpg
      06.09kiki6.jpg
      Големина на фајлот:
      62,8 KB
      Прегледи:
      583
    На Smilly и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Не знам многу македонски манекенки,но сега ја запознав Кате,и навистина ми е мило поради неа.Убава е,има убави црти,и се надевам ке стаса многу далеку.
     
  8. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Точно е дека е во Викторија Сикрет ама не во ангелите,можам да кажам браво шо го постигна оваа,има и поубави манакенки секаде во светот ама изгледа го немаат талентот Катенцето шо го има :D
     
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Честитки и со среќа нека ѝ е! Шубаво, кошаркарите ни партали праат, наша манекенка во ВС... 8)
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Браво и честитки за Катарина :clap: Искрено посакувам што е поскоро да ја видиме рамо до рамо со останите ангели на Викториа Сикрет на нај гламурозното и најочекувано шоу. Најдобри манекенки-македонки затоа се таму кај што се, дефинитивно се Катарина Ивановска, Мартина Павловска, Маја Сашек и Ана Калачовска. Сите 4 за мене се гордост на македонија, а воедно на некој начин и наши амбасадори.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Баш се радувам за Катарина, сметам дека тоа што го постигна и е сосема заслужено. Преубава е девојката, неможе да се одрече.
    Стигна многу далеку, така што треба да се гордееме со неа.

    Инаку, според мене најубава од нашиве манекенки е убедливо Надица Георгиева, изгледа многу поубаво од нејзините млади колешки...
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    http://popara.mk/2011/zhivot/moda/foto- ... ja-sikret/
     
    На crazylady, Smilly и Hipica им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Катето за Х&М есен зима 2011-12

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На FBI, BeYourself, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    Ќе ве молам друг пат кога ќе зборите за Катарина да застанете и да се запрашате ШТО ВИЕ ИМАТЕ НАПРАВЕНО И УСПЕАНО ВО ВАШИТЕ ЖИВОТИ, A ШТО ИМА ОНА И ДО КАЈ СТИГНА САМА ОД СЕБЕ? А тоа што сте љубоморни па си ја истурате љубомората тука на форум со изјави од типот "да но не е еден од ангелите во светот има поубави" - и такви патетични изјави со потсмев - само си докажувате колку сте "интелигентни".... интелигенција на ниво, секоја чест, па уште и имате лице да кажете такво нешто....незнам што љубомора и завидност ќе беше.........коа ќе стигнете до таму кај што е она, после судете дали е за во ангелите или не, а моментално може само да и се поклоните и да и речете секоја чест......така да несакам да слушнам уште еден лош збор за неа !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На SexyLady, FBI, BeYourself и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Не ми го нервирајте Мистери еј! :lol:

    Кате! Една и единствена, ама навистина. Манекенка со тапија! Баш како што треба да изгледа една манекенка. Преубаво лице, тело топ, фотогенична е до срж. Нежност а сепак заводливост на едно место. Ама не онаква вулгарна.
    Мене ако ме прашате ОВА е за мене манекенка а не Сара Леши со стомакот пуштен до колена или онаа Александра Ѓорѓиева ли како се вика. Тоа се се за мене wanna be манекенки какви што оваа држава ги има премногу. Не знам кога ќе разберат цуриве дека г’з и цицка и провокативни Плејбој фотки со изботоксирани усни НЕ ТЕ прават манекенка :x

    Јас си кажав. Браво за Кате - премногу ми е симпатична и баш ми е урбано светска цура.
     
    На Mini-Mouse, LittleDevil, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Не е моментов дека им е кејф Мистери да го јадосуваат, туку мора да се помрчи, онака колку да се покаже балканштината ни наша насушна |(

    У сржта ни е, да му пцовиса козата на комшијата значи.

    Мене ми е јасно дека убавината не ја гледаат сите со исти очи, искрено мене Катерина во живо ми далеку понеубава отколку по списанија, телевизии...ама секоја чест!
    Девојката успеа во нешто, за кое на повеќето девојки им е пуста мечта и инспирација за воздишки онака пред заспивање. Мхм, тачно така... :yawn:

    Коа сте љубоморни, многу сте досадни, ко трета смена ;)
     
    На mims-89, Smilly, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Незнам дали новава колеција на H&M им е многу убава, или Кате наше е прекрасна? хм :^)

    Инаку ми се свиѓа за Кате што е многу приземна (колку што може де)
    На сето тоа што го постига, само работи и работи, не пробува да дојде со слава со скандали и слични глупости. Ја нема низ весници ради реда, или дека идела со овај па со онај, или да ја сликаат на забави, по јахти, пијана....па трачеви....сфаќате што сакам да кажам :) Си останува тоа што е, скромна и упорна со работа

    п.с ова барем јас колку што следам
     
    На FBI, Smilly, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Не мора да си поуспешен од некого за да прокоментираш за неговата работа и слично.
    Сепак обичните смртници се тие што ги прават славните славни,а немаат ни 0,1% од нивниот успех и затоа е тука да се искритикува.
    И јас мислам дека има многу поубави девојки од Кате за да бидат ангели на Викторија, но немаат ни толку богато CV колку што има Кате, фала богу дека не е само предуслов да си убав, треба да те сака и камерата, треба да знаеш и да одиш на писта, а не да ти се тресат нозе и на права писта да треснеш.
    Така да Катерина е идеална за оваа работа, баш поради големото искуство, бидејќи сигурно сега новопечен модел нема да земат за ангел на Викторија.
    Втора работа мило ми е што македонка успеала во овие води и ако не за друго барем добро е да знаат дека постои некоја кутра земјичка по име Македонија.

    И посакувам уште поголеми успеси да си реди, а на младите треба Кате да им биде пример за тоа колку треба да го испотиш газот за да успееш во она што го сакаш.. секогаш ќе постои нешто повисоко од врвот што сите очајно го сакаме,ама како да забораваме дека има многубројни скалила кои чекаат да бидат искачени.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Надица Георгиевска кога беше млада, беше убава и нежна како Катерина, ама сега како да и атрофирало лицето од премногу шминак. Катерина е преубава, а и онаа Сашек, други не памтам да се издвојуваат посебно.
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    И сега имаме забрана да кажеме мислење, зашто Мистери ни нагласи со петстотини извичници да не му ја задеваме Катето??? :^) :D
    Или од страв дека ќе не нарече некој љубоморни?

    Еве јас ќе кажам - мене ми е просечна, дури и неубава. За мој вкус де.
    Ми има очи на слепо кутре. За мене очите се огледало на душата.
    Она ги нема за жал.

    Фотогенична е, не велам дека не.
    Браво за се' што постигнала. Убаво де.
    Не го сфаќам моментот на толкаво величење и воодушевување, сепак не открила вакцина против ХИВ или нешто слично. Манекенка е, не добитник на Нобелова награда.

    Не хејтам, просто кажувам. Не сум ниту љубоморна, едноставно сум индиферентна кон професијава.
    Не може да се пофали со некоја харизма или шарм, ниту со висок ај кју, ниту со некој муабет да се издвои...

    Не дека професијава го бара сето тоа, важно само како изгледа однадвор, ама мене не ми блеска.
    Нема да биде никогаш Хајди Клум, ниту Жизел, ниту бутур.

    Има далеку поубави од неа.
    И не велам така зашто плукам по нешто што е наше.
    Реално има поубави девојки.

    А ние бајаги го поддржуваме нашето, немојте да се жалите. :)
    И глумица ја направивме, а е вербално неартикулирана, и тоа за хонорар поголем од сите останати собрани заедно, на глумци со диплома. ;)
     
    На Lov3, JuLleE, Rock-a-Fella и 19 други им се допаѓа ова.