Трендафилке, ај не се прај, љубомориш, признај. Јас и љубоморам бре, си признавам, сакам да и го имам телото Се шалам. Секој со своето мислење, и почитувам, ама темава е македонски манекенки, зарем ти очекуваш интелигенција на фотките? Или шо знам некакво ти не знам какво научно постигнување? Фотогеничноста е сосема доволна. Манекенка е, убаво лице on the cover of the magazines, нема филозофии тука, плус е наше, а нашето го цениме, нели, освен ако не не брука по светов, и ако чуствуваме потреба - го фалиме, не е дека ќе го качиме со Ацета на Букефал Зошто секогаш Македончето кога тргнува да критикува мора да употреби ирелевантни аргументи? На сликите кои ги постираше Росоњерка ми е мене лично преубава, и совршено ми се влопува естетски во концептот - есен. Али пошто сум незадоволна, наредниот пат кога ќе ја сретнам ќе ја прашам да ми реши некој логаритам или да ми пресмета површина на цилиндер, чисто да и ја проверам интелигенцијата за да ја сакам троа повеќе Ах бре луѓе. Па ја гледам може да се рече односно среќавам релативно често во едно урбано кафуле во градот убав, се дружи со мој близок другар и глупа не би рекла дека е. Имам теорија, дека човек ако сака да стане успешен, а гледаш дека не покажувал голотии или исполнувал сексуални желби за да го постигне тоа, не може да е глуп. Има поубави девојки, секогаш ќе има, а и дискутабилно е што се подразбира под зборот „убав“, ама кај нас лично за мене ги нема - од оние кои активно се занимаваат со манекенство. А Жизел и остало друштво не се наши. А темава е македонски манекенки. И такој И така ја да си кажам тоа шо ми лежи на срцево, Мистери ми е многу мил нејќам бре срце да ми го стегне кога ќе прочита што се дешава на темава
Има поубави девојки, но убавината е релативна и вкус е. За мене Катарина има преубаво лице и е многу фотогенична. За мене една девојка е убава кога е навистина природна. Природна долга коса, ми убаво око и дебелки веѓи какви што почитувам, тело си има стандардно убаво манекенко, нема облини ама тоа е манекенка слаба, не е пријавена за Мис на свет па да барам облини и совршено лице. Правете и разлика на девојки пријавени Мис на свет со манекенки-топ модели едното бара и тело и убавина и облини и памет, а другово бара само тело убаво и бара професионалност за да успееш. Какви грди манекенки има тоа е чудо а се каде каде поуспешни и од Катарина. Бараат убаво тело и фотогеничен лик, а се останато зависи од манекенката. Како и секоја професија си бара жртви, немање место за живеење зашто секоја недела си на различно место во светот ама не шеташ туку мкнеш бук огромен и молиш на некој начин да те викнат на ревија, која притоа не е платена сјајно. Но затоа те гледаат лицата од модниот свет па кога тогаш ќе те викнат на кампањи кои се супер платени а ревиите се отскочна даска за тоа. Треба труд, жртвување, упорност и само упорност. Кај нас убавите девојки или не сакаат да бидат манекенки сосема прифатливо зашто тоа си е професија а тие си се гледаат во друга професија, а другите убави девојчиња сметаат дека треба да им јават да ги молат да станат од кревет за таа да се слика за некое списание или да настапи на ревија. Убавината ти е отскочна даска, ништо повеќе и тоа просечна убавина. Но секој различно го сваќа манекенството затоа и различни ставови за манекенството како професија и за манекенките што е и сосема нормално. За мене манекенки се само оние 4-5 со успешна кариера во странство што нив манекенството им е професија. Другиве наши се само убави девојчиња кои сакаат да бидат манекенки но кои не мрднале со прст да се потрудат да успеат. Но она што е манекенство во светот како професија е 360 степени поразлично од она во Македонија кое е сведено на фотографирање за Крема и Свет, глумење џетсетерство кое не ни постои, одење по промоции и нудење на прашоци, сокови, сапунчиња, членување во друштва за забава, спот на Џеј Џеј и настап на 2 ревии годишно а мож ни толку.
Баш еве сега читам натпис и се сетив на темава Магазинот "GQ" за жена на годината ја прогласи манекенката Лара Стоун (27), за која многумина велат дека "не би и дале ни кучето да им го прошета". "Не од секогаш сум се чувствувала убава", призна манекенката. "Коментарите на интернет во кои луѓето ме нарекуваа грда неколку пати ми ја разниша самодовербата. Познатата манекенка неодамна позираше и за календарот на Пирели заедно со Мила Јововиќ и Кејт Мос. Moже не е убава ама заштитно лице на Келвин Клајн и Живанши е и чекори на сцена до најпознатите топ модели. Доказ дека убавината не е пресудна во манекенството. Плус има работено за Викторија Сикрет. Jас на листа ја додавам и Georgina Stojiljkovic, една од најпознатите српски манекенки, далеку од убава, ама една од најдобрите топ модели во светот. Каде каде има поубави манекенки од овие две но многу понеуспешни, секој не го бива во секоја професија иако ги има предиспозициите.
Јас сметам дека бев прилично јасна и првиот пат и немаше потреба од тој реферат за логаритми и квадратни корени. [quote="Trendafilka" Не хејтам, просто кажувам. Не сум ниту љубоморна, едноставно сум индиферентна кон професијава. Не може да се пофали со некоја харизма или шарм, ниту со висок ај кју, ниту со некој муабет да се издвои... Не дека професијава го бара сето тоа, важно е само како изгледа однадвор, ама мене не ми блеска. [/quote] И тоа е тоа. Потенцирав дека професијата не бара никаков прекрасен ум од неа или генијално знаење. Убавината е прашање на вкус сепак, на крајот од денот. И прилично ме боли кога општо не' обвинуваат како хејтаме и плукаме на се' што носи етикета македонско. Тоа е сосем неточно, зборувам барем за себе. Кога е нешто доволно добро, ама навистина добро, отворено го фалам и се восхитувам, горда сум. Кога не ми се допаѓа критикувам. Нека биде наше до утре сабајле. Не ми се допаѓа.
Една манекенка за да биде успешна и барана треба да има лик кој лесно се трансформира односно трпи секаква шминка и умее различно да се однесува. Нашиве манекенки (барем поголемиот дел) се дрвени Марии и освен просечна убавина не поседуваат никаков друг квалитет. На 90% од сесиите се во иста поза, со ист замрзнат лик и без трошка харизма. Секоја чест на исклучоците кои не би сакала да ги именувам само заради тоа што можеби ќе заборавам некоја, но тие што вределе и вредат имаат кариера и надвор од Македонија и се трудат да успеат. Конкретно за Катерина, девојката е феноменална и секој нејзин успех е заслужен.
Значи преубава е! Баш има фаца за манекенка а и тело,и доста е фотогенична! Некако ми го има целиот пакет! Не за џабе е и најуспешна!
Значи останав без зборови, преубава ми е! Излишни се секакви коментари. Тело гром, за фаца да не правам муабет Да бев машко, ќе имав Спојлер ерекција и ќе сакав да ја мажам А вака само ќе констатирам дека поштуем женска убавина ама многу! Еднаш еден другар ми рече дека женската убавина треба да е едноставно - женствена. Жената треба да е ко роза во стаклено ѕвоно и да ја чуваш. Нежно да те провоцира. Нема да претерам ако речам дека Кате е баш таков тип на жена.
Катерина изгледа прекрасно на сликиве. Баш ми е мило што македонска манекенка успеала да стигне до Викториас Сикрет! Само напред, Кате!
Катерина изгледа прекрасно на сликиве. Баш ми е мило што македонска манекенка успеала да стигне до Викториас Сикрет! Само напред, Кате!
На Трендафилка и е просечна и не и се допаѓаат очите бидејќи многу го гледала Американскиот топ модел. Спојлер Таму е најважна фацата и секогаш потенцираат дека очите продаваат и во нив секогаш треба да има емоција Се шалам Трендафилке Инаку и мене не ми е нешто спектакуларна, има далеку поубави. Ама се пробила и браво за неа
Па искрено и ја би прошла ако треба за да бидам ангел на Викторија Ама ако размислиш ти треба дебело CV за да влезеш у Викторија Сикрет, така да колку сака нека е добра у кревет ако ги нема потребните квалитети за на писта
Well she does not POP out ! А темава македонски манекенки, а? Инаку голем успех е да стигнеш до каталог на Викториа Сикрет, како дошла дотаму, ич не ми е гајле. Честитки, не знаев дека има толку јака предница, мислев дека е даскичка.
Се согласувам, но ете сепак успеала, а и самата слава си го прави своето, без разлика, мене ми е драго кога ќе слушнам како наши луѓе успеале во странство
Само Сања Николиќ ја признавам, многу ми е симпатична и згодна, има нешто многу мило во неа. Катерина Ивановска можеби има стигнато далеку ама мене лично не ми е ништо посебно. Сум ја видела во живо и ми е дури претерано слаба, безживотна. Сепак прашање на вкус е..