Македонски манекенки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Angelche, 1 ноември 2010.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.290
    ^ Не се будали да се пријавуваат на наместени избори кои за свое око си ги организира господичната Лидија Велковска.
    Дали некој знаеше дека се одржувало Мис на Македонија???
    Женава си има лиценца и мисли господ у бермуди го видела. Недела дена пред да се испратат девојките во Кина вајда таа одбира пријателка ил роднина и ја праќа на изборот.
    Нека им е со среќа, ама јас единствени избори за Мис на Македонија ги прифаќам оние на времето од Екран организирани со турнеи низ Македонија со подготовки, со главен избор во Силекс во Охрид, па сите гледаме на телевизија, па гласаме со купони од Екран, па спонзори автомобили ово оно.
    Сеа е пријателско шоу.
    Паметни си се убавите девојки што не си се пријавуваат, додека нема убаво организиран избор за Мис на Македонија нема потреба да си се потценуваат со вакви наместени избори.
     
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам, случајно отворив на Вест и си викам "Боже што се случува, на кој свет сум јас? Кога се одржа ова?? Како не сум видела?" Појма немав дека воопшто се одржало избирањето на мис. И не ми беше јасно од каде баш ова девојче избрано??? :?: Па има толку манекенки што стварно се МАНЕКЕНКИ во вистинска смисла на зборот! Не само некои протресени девојки со стрии и целулит што шетаат на две три емисии као демек еве јас сум манекенка, take it or leave it! |(
    Браво за државава (т.е за поединци во државата) :clap: Наместо да се трудат да изберат стварно девојка што најдобро ќе ја претставува убавината на оваа наша земја, што најдобро ќе покаже кои се и какви се МАКЕДОНСКИТЕ ДЕВОЈЧИНА,они по сродна линија и гремлини би пратиле |( Нема смисла...
    П.С. Не дека е грдо девочето, баш напротив симпатична е, но има мноогу други кои повеќе ја заслужуваат оваа итекако битна титула - нашиот потпис за убавина...Тоа е тоа...
     
  4. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
  5. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
  6. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    169
    Општо познато е дека секогаш за плавушите викаат дека се спонзоруши, пластични, дека не се убави и слично, кога јасно се гледа дека девојките се топ ;) има и исклучоци невелам не, ама зато па 'невините' како Катерина, Ана Калачовска :fubar: итн се најубави најскромни леле леле :wasntme:
    Ај Катето, сепак има некој шарм, ама АНА бе :x ?!
    А па за машките, од страв да не бидат одбиени од таква 'спонзоруша' :^) , одат на поскромните верзии нарекувајќи ги тие пластични. |(
    И да, можи Накова оди по спотови и прави фотосесии за плејбој и свет, никој неможи да речи дека е грда оти девојката е секогаш ПРЕУБАВА, и природна и нашминкана, можда на некој му делува ефтино, но се е до вкус.
    А за пудрата, мислите другите манекенки природни се, и не ставаат воопшто шминка а? :wasntme:
    И самите ангели од Victoria's secret признаја дека им ставаат по 9 кг пудра, само на газот :fubar: , а за фаца да не зборам, така да коментарот со пудрата не ви држи вода :hai:
    Еве слика од Накова природна, намерно барав некоја за да ја поставам и еднаш засекогаш да ги прекинам недоумиците какво лице се крие под пудрата ;) .
     

    Прикачени фајлови:

    На MorticiaAddams, pll и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    17.805
    Славица Заркова
    Незнам како да прикачам слика :$
    Ама девојката од песната Жртва од Боби Спасеновски е таа :)
    http://www.youtube.com/watch?v=2XA_mGhGHSs :)
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А што мислите за Елена Трајановска, иако има само 15 години? :^) Не можеме да ја коментираме многу, ама девојчево за возраста постигнала успех :?:

    Извадок:

    Елена Трајановска блесна на Модната недела во Милано
    [​IMG]

    Една од најнадежните македонски манекенки Елена Трајановска, која потпиша договор со агенцијата „Вомен модел менаџмент“ деновиве дебитира на светската модна писта со ревии на Модната недела во Милано. Таа беше дел од презентаците на колекциите за пролет-лето 2012 на Џо Но Фуи, Алвиеро Мартини, „Сисли“, Beequeen - Chicca Lualdi.

    Трајановска е позната на македонската јавност по видеоспот за евровизиската нумера на Влатко Илиевски - „Русинка“. Нејзината кариера почна во 2009 година, кога ја откриле Алек Наумовски и Надица Ѓоргиева од модната агенција „Моделс ин“. Во Скопје има работено на сесија за календар на „Алкалоид“, едиторијалите за неколку наши магазини, беше заштитно лице на колекцијата пролет-лето 2010 на Росица Мршиќ и на линијата есен-зима на модната куќа Ludus Loves Fashion. Имаше забележителен настап и на пролетното издание на Модниот викенд - Скопје.

    Петнаесетгодишната Елена е во Милано, каде што работеше на повеќе сесии и редовно се појавува на кастинзи. Беше дел од сесија во последниот број на италијанското издание на магазинот „Гламур“, сними каталог за брендот „Блугрл“, а работеше и на едиторијал за насловната страница на списанието „Флер“, што ќе биде објавено во ноември.


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На dryad, julie77, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Оваа има 15 години? :o
    :x Не ми се верува.

    Не е ништо посебно.
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Додека не ја видов статијата и мене не ми се веруваше дека постигнала повеќе од спотот, а уште помалку па дека има 15 години што ич не личи за толку :^)
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Секоја и’ чест што постигнала толку, што дошла до таму, ама некако не ми е баш за манекенка, што знам.
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А ова е истата само без шминка:
    [​IMG]
    со шминка:
    [​IMG]


    Како и да е, ако продолжи вака мислам дека и претстои успешна кариера :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    1.709
    Не ми личи ни мене на 15 годишна,али да речеме дека е според ова навистина постигнала со 15 години да бидиш на Модната недела во Милано мислам навистина е успех...Браво за неа
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Тоа е тоа што ме воодушевува всушност, и ме натера да ја постирам тука за да прокоментираме и покрај нејзината возраст таа сепак стигнала каде што повозрасни манекенки не стигнале :)
    Сликиве за LUDUS LOVES FASHION - INSTORE WOMENSWEAR COLLECTION AW10/11
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На dryad и FBI им се допаѓа ова.
  15. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    ^Има и фаца и тело за модел. Баш ми е драго за неа :)
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.806
    Кристинна seriosly? ќе правиме споредба меѓу Ана и Александра во професијата манекенка/модел?

    [​IMG]
    [​IMG]

    едново е вистинска професија и професионализам, другото е wanna be професионална фотосесија со желба за добра профајл пикчр и многу лајкови
    погоди кое е кое?
    убави девојки има колку сакаш, ехее, да отворам фејсбукот ќе наредам две страни убави и стројни моми, ама тука зборуваме за манекенството како професија, сфаќаш?

    И не, не сме љубоморни, си признаваме кога нешто е убаво и на место без разлика дали е црно, бело, плаво, розево....(Бо нели си го сакаме сите највеќе, зашто е успешен нели :) )

    Инаку манекенките на кастинзи одат без шминка, за фотосесија нормално дека им ставаат 300 чуда


    А пријатно сум изненадена од Елена, каков потенцијал. Следејки американ некст топ модел од Тајра научив дека за една манекенка не е битна убавината, туку прво пропорциите на телото и висината и лицето да има некоја специфичност, да биде препознатлива и лесно да се трансформира на секоја фотосесија, да не биде ко статуа некоа во фаца, ко онаа од Твајлајт шо за секоја емоција има иста фаца :) поентата е да биде различна на секоја слика, а сепак карактеристична и препознатлива. Мислам дека оваа Елена го може тоа. Баш таа разлика без шминка и шминка за фотосесија и експресиите на лицето го прават моделот
    Токму и Катерина е таква специфична, може нема некој шарм или не е девојка која освојува наоколу со слакта насмевка ама на фотосесии е бомба, а и работи од мала па искуството веќе си го прави своето. Ете и таа има некој ладен шарм, нема топлина, ама на сликите од фотосесијата на ВС е тотална трансформација, ко girl next door е
     
    На FBI, rossonerka, EVA19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Можеби Елена не е ништо посебно, но навистина има фаца и тело за модел и манекенка. Има постигнато преголем успех со оглед на тоа што има само 15 години. Се има појавено во спотот на Владо Илиевски за песната Русинка, потоа има работено на сесија за календар на Алкалоид, за неколку наши магазини, меѓу кои Unique, има настапено на пролетното издание на Модниот викенд и слично. Лично не ја познавам, но имам другарки кои ја познаваат и велат дека е прекрасно девојче. Убава е на свој начин, има убаво лице и со и без шминка.
    [​IMG][​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам дека се одржал Мис на Македонија, ни по реклами, ни пренос да има, ништо. :^)
    Инаку претставничкава ми е грда тора појќе :tmi: , што ги разгледав од фб линкот што беше оставен поубави има.Еве овие ми фатија око:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    „A 15-years old Elena comes from Skopje, capital of Macedonia. She is best known as the only Macedonian selected at the casting for new models in the fashion agency Woman in Milan.“ Овој извадок е битниот момент, браво бе девојче! :)
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, FBI, mona.s и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Александра можеби има добри пропорции на телото да, и во фацата е симпатична,ама да бидеме реални далеку е од епитетот манекенка. Топ модел можеби,ама за манекенка какво прво нема висина,а и нема некоја фаца што се трансформира. Е сега Катето и мене не ми е нешто симпатична,ама навистина постигна голем успех,браво за девојката!
    А за Елена,сериозно 15? И давам најмалку 22-23.Сепак на 15 години да шеташ по миланските писти е и те како голем успех..браво.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.