Епа и го направиле потенок и чуден ептен и е. Еве и слики од 2004та такво и е носето не го правела, ама ВС претерале со фотошоп А еве ја на Look Model Search во 2004та кога победи на светкиот избор не ја познав тука Инаку вајда нема да настапува на ревијата на ВС на 29ти ноември. Денес објавиле некоја друга девојка која ќе настапувала а таа пред 2 години за прв пат се сликала за каталогот, но од ВС сметаат сеа е дорасната за ревија За Катето ништо нема информација.
Леле катастрофа ја на правиле во лицето на сликиве! Да не ја познае човек.Многу ,ама многу е поубава природно!Ја изобличиле значи. Ама стварно има тело гром.И у фаца ми е преубава,али на сликиве НЕ. Се надевам ќе ја гледаме во скоро и на ревииве. Браво за неа! Се надевам кариерата ќе и оди во погорна линија се повеќе...
Ена асална целосна комплетна неможеш да речеш е оваа е добра, на секоја нешто и фали, едноставно не ми се допаѓаат
Кога веќе докажавме на темава дека е најубава и најуспешна македонска манекенка, на сликава Катарина Ивановска ли е? Спојлер за таа десно зборам, мислам ме сфативте Ако е навистина таа, тогаш ќе кажам дека сум разочарана. Сум ја видела во живо пред неколку години и не беше ваква. Изгледа тоа „природна убавина и без шминка“ - ептен озбилно си го сфатила па си се опуштила. Ако не е Катарина, може да ми се избрише постот, за да не брукам некое девојче за џабе. Лонг лив фотошоп- сите може да бидеме фотомодели
^^ Кики е. Така излегува по дискотеки цело време. Само еднаш ја имам видено за излегување да е нашминкана.
Манекенка од нејзин калибар не смее да си дозволи вака несредена да излегува бре! Сфаќам природна лепота, сфаќам да не се шминка...ама што е со косата неисчешлана и кошулата?
Ако не се нашминкала, барем косата да си ја измиела. Ако немала дома шампон, со обичен сапун барем. Јас ни до в продавница не би излегла со ваква коса.
Дечки, абе Кики како издрогирана е на сликиве. И јас сум ја видела ненашминкана во живо многу пати и дури поубава ми е отколку нашминкана, лицето и беше стакло, ама што и се десило сега? Спојлер
Добро бе џенски, па ту мач очгледно е дека Катето е дрвце пијана на сликиве Ваљда излегла ко човек од дома, па после е настаната оваа ситуација... Ама и она е човек, нека се опушти, дури и ја има онаа модра засушена линија на устата, која се јавува секогаш кога ќе се напиеш, овај, препиеш винце де Немате вакви слики, од моментите кога журката привршува, а вие бела мачка не гледате? (Јас 100 пати дома сум се приметила дека изгледам како зомби, со модра уста, модри зуби, и кога чќе ми текне дека цела вечер заводнички сум се кезела со тој зуб, од срам ми доаѓало да ме снема. )
Не не, во ред е тоа да си се опушти и она е човек, ама барем нека не се слика во вакви моменти па да ја гледа цела јавност. Некој претходно кажа дека не е во ред манекенка од таков калибар вака да си дозволи и јас се сложувам со тоа. А не дека некој немал вакви гроги моменти, али не морала на 10 слики да биде, плус вака несредена.
Точно, многу јасно, покрај таков нејзин успех сте се фатиле овде во темава за една слика. Епа мене тоа ме радува, што можеме да ја препознаеме без шминка и што и се може и има храброст да излезе подполно ненашминка. Многу го ценам тоа, и да и се избришала од после требало да оди да трча во веце на секој час само дека е манекенка/модел од светски ранг? Епа и таа е човек и смее да си дозволи да излегува онака како што сака ко ќе не е на работа. Мое мислење е ова, добро дека секога треба да биде средена зошто сепак е некој лик и претставува некаков си симбол симбол на мода, женственост, ама ја би рекла претставува симбол за природна убавина и знае да привлече без шминка. Мислите ќе можевте да препознаете некоја друга наша манекенка без шминка ко што ја познавме Кате?
Уопште не е страшно што некоја девојка решила да биде „природна“ за во диско. Страшно е ако тоа е секое излегување, и ако тоа е јавна личност. Не ме сфаќајте погрешно, немам ништо против Кики, таман работа, од дете ја знам, ама не можам да оправадам кога си дозволува вака да изгледа. Можеби и е смачено од шминката и гардеробата што ја носи работно, ама стандард излегува во некои оскудни парчиња, со неисчупани веѓи и без грам шминка. Тоа не поминува кај мене, па макар и Лима да се појави.
Не е муабетот за тоа дали она сакала да си се опушти и да си искочи, да си се начука...ништо страшно. Станува збор за светски призната манекенка, а е толку не средена. Никој не вика пред излегување да закаже кај Дадар, а за фризура кај Сретен, туку да се подзачешлала малце или едноставно кога ја прашале дали може да ја сликаат од зазабава да рекла - не. И онака пред секое сликање те прашуваат.
Дека е светски позната манекенка треба деноноќно да биде нашминкана и да се врти на сите страни само за да забележи да не и го слика некој влакненцето што и стрчи од веѓата? Колку светски познати пејачки и глумици па и манекенки сме ги виделе несредени и без шминка, па што е пострашно и средени и со шминка ама во многу непријатни пози, случки и ситуации сликани па што треба сега да прават? Да не излегуваат од дома само дека се познати? Па и тие се живи луѓе, само што живеат од тоа да бидат убави, нашминкани и од сликање и ревии. Тоа е нивната работа, да бидат убави на слика и во тоа што го презентираат, мене ми е гајле како е облечена дома Кате или дали шета надвор по кратки пантолончиња или во фармерки, таа си има успешна кариера, а ја секој ден не ја гледам што носи за секој ден, па така и не се чудам многу од сликата патем е приватна, не е од ревија, па така да нема место за критики. Ќе вмешам само малку друга тема за примeр: Јанкулоска дека е министерка за внатрешни треба секогаш и секade да е во оддело и сако? И кога не е на седници, ТВ и на политички настани, многу јасно дека не, епа истото го гледам и овде, како што за секоја работа си има дрес код, така и тука, надвор од работа секој има право каков сака да биде, а негова работа е што ќе носи. Треба постојано да биде под притисок да е секогаш тип-топ и да биде секогаш се скоцкано сосе шминка? Гардеробата може да и биде поприкладно да не биде ептен во кошула, ама мене и вака ми е кул, што сака да изгледа поприкалдно и што не се форсира многу, гледа да е што поприродна. А и во Македонија е, сака малку да се опушти, впрочем во кој било дел да се наоѓа има право да си носи што сака кога не е наработа т.е на сликање. Зошто тогаш мора да носи што ќе и се даде. Да не беше модел можда немаше да облече никогаш сукња, тоа е нејзин стил, не значи дека ако рекламира сукњи и фустани мора строго нив да ги носи. :up:
И пак се врти едното исто... Зарем е убаво тоа што ги често ги гледаме Линдзи, Кејт Мос и други познати фаци пијани и не средени, зарем тоа треба да биде пример и да речеме, па што, сите тоа го прават и тие се познати па нека прави така и Кики. Никој не вика да се шлапа со шминка и да има фризура исто како за на писта, јасно е дека девојчето како и секој сака да си се опушти, работата е во тоа што не изгледа убаво од страна. Сликиве се кажуваат. Не викаме ние и во клуб 69 да носи Версаче гардероба, ама можела да се потсреди малце.
Еве ја овде на интервју во Канал 5 кај што кажува за филмот во кој ќе ја глуми Ребека. Пак е ептен природна, ама далеку посредена од другата слика, па журка, можда таа била средена, ама станала одпосле каква што е на сликата и немам што да коментирам го дадов моето мислење. Убаво реков, не ќе се фаќаме за една слика, носот и бил крив, веѓата несредена, косата мрсна, што и да ни смета нас таа си зема парички сликајќи си се. http://www.youtube.com/watch?v=weeFVlmWrvs
Се извинувам ако навредам некој, но мене не ми се допаѓа Катарина. Да фотогенична е и баш и е погодена професијата. Одлична е на повеќето слики. Браво за успехот за кој секако ние не сме и рамни . Мислам дека е паметна, но како девојка ми нема харизма, ни шарм, нема нежност... За мене Сања Николич е каде-каде посовршена.