Искрено не сум ја видела Бојана Васиќ во живо, а вака на слики ми делува многу секси и убава. И фотогенична. А за однесувањето ви верувам на сите, впрочем сите тие се однесуваат како да се дел од Викторија Сикрет. Да не прочитале случајно некоја книга во животот? Кај глупушкави, па и невоспитани се. А за Сара Леши... Боже, таа нели е малку дебела за манекенка? А во овој спот... мислам нешто погрозно нема. Извинете ако пречи во темава, ама толку е сељанка тука, морам да споделам ... Страшно. http://www.youtube.com/watch?v=lu4iLG0UM8k
Сара Леши ...Мене машко ми има кажано-Дали си видела бик?Е тоа е Сара...Крупна,груб од и никаков шарм ни па однесување.
Се чудам како може Сања Николиќ да ви биде убава бе? Мене ми е ептен ептен грда. Со тоа забите нанапред и грда во фацата ух. Имаше од сликите што се ги постирале убави, али не ги запомнав имињата да ги пишам зашо не се интересирам на оваа област. Ама Сања Николиќ и убава, ви се молам.
Мене Сања не ми е кој знае колку убава ама многу ми е шармантна..посебна некако.Исто ми е и убава многу Маријана Станојковска и девојака во спотот на Лејди oд Тоше незнам како се вика многу ми е посебна А за Леши немам коментар многу ми е никаква исто и Натали по одвртно суштество не постои според мене уфф каква е лигава.
Заборавив да ја спомнам Благица Мицова - љубовта на Тоше. Не знам дали сеуште работи како манекенка, ама мене ептен ми е слатка и мила
Катерина најмногу ми се допаѓа, има необично и несекојдневно лице. Петка за добри фотографии! Сара Леши имав „чест“ да ја сретнам во Колосеум во WC пред 2 години ако не се лажам, се местеше, се средуваше, си ја дигаше маичката, се гледаше во огледало и што ли уште не, и искрено се чудев како може да биде манекенка. Салце и течеше од сите страни, фаца по*нич. Таа ми се вклопува во други работи, а за манекенство малку потешко
Не, Georgina Stojiljkovic. Не знам како и е на кирилица Даниела е лепотица! Македонско потекло има, веројатно по татко. Сепак родена и израсната во Србија е. Али ај ќе си ја земеме. Наша си е
Остај ти така во дискотека што си ја видела, јас сум имала прилика да бидам во нејзино друштво. Луѓе.. Несакате да знаете како се однесува Ма тоа култура невидена, поголема лигла што не знае збор со збор да сврзе нема да запознаете
мене ми е премногу убава Стефанија Биноска Age: 1989 Height: 176 cm Proportions: 88 / 63 / 94 Dress: 38 Eyes: Brown Hair: Blond
Леле Боа... она се манекенки или онака по дома што си се сликале? ауу се запрепастив. Да не се повторувам за лицата што вредат во манекенството со повеќето, само да прокоментирам за Бојана васиќ, значи специфична фаца има,уникатна, мене тоа ми се допаѓа, не е нешто што секој ден се гледа по улиците, на фотосесии изгледа феноменално... ама толку ми е одбивна, иста генерација у исто школо завршивме... абе до толку да е неписмена нема да ви се верува
И мене ми е многу симпатична Сања. Или, како што веќе некој спомна, шармантна. Премногу. А омилена ми е дефинитивно Маријана Станојковска. Толку складна и убава и природна и... немам зборови
^ Хипи се надевам дека се зафркаваш Па оваа Маријана е толку лигаво суштество без грам мозок и талент за водителка (а за манекенка незнам)...туку какво совршенство, полна е со силикони почнувајќи од устата
леле морам да се надоврзам на муабетов, на слики ја гледаш мислиш дека е лепотица, ама во живо е толку ковчеста и ужасна......одењето и е како на коњ, незнам смешна е...ја гледав во средно по ходници кога немав поима дека е манекенка и и се смеев како одеше Однесување и зборување 0 Влегла малата во филм дека е лепотица и манекенка и дека е ФАЦА оф кутра таа.....за жалење е искрено (пошто сум имала прилика да ја слушнам случајно како муабети со другарки) а на ТВ кога ќе излезе незнае 2 збора да сврзе и се преправа кога зборува па звучи како да зафаќа т.е. како да има говорна мана од што ја врти устата
Дефинитивно најубава и нај онака манекенски тип е Катарина Ивановска не за џабе се проби толку,и другиве се убави и згодни али го немаат тој шмек на фаца
Јас во исти кош со Сара Леши би ја сместила и Сузана Ал Сакини, не знам стварно што има убаво во неа, предебела е за да биде манекенка , башка и во една емисија ја даваа еднаш каде што шминкерот Владо Геoргиев ја шминкаше нешто и кога и го дадоа лицето одблиску- катастрофа . Инаку мои фаворити од нашиве ми се: Драгана Чуприна Марија Андоновска
Драгана Чуприна има само убаво лице, али телото и е , посебно половината и струкот. Некако многу нескладно е градена. Слаби нозе, задник речиси и нема, широка половина и раменици.