Не дај боже вака да им се појавиш на кастинг на Викторија Сикрет Катарино, не дај боже. Клоца у газ, а не лижење на табани ко овој погоре што сака.
Не знам за Кате што да кажам, срамота! Готово повлекувам се што сум рекла за неа, едноставно - срамота! Не ја сакам повеќе, ма и да ми плаќаат! Јас посебна шминка и за какање ставам, а она за во диско па уште и за ЗаЗабава оваква несредена?! А кога знам дека иде накај мене фотограф на ЗаЗабава, се шминкам уште еднаш, правам патка фаца и идам батка, па мислам - луѓе ќе ме гледаат. Луѓе.....кои гледаат фотки на ЗаЗабава а тие се битни! Не, не. Еве сега се мислам вечер кога ќе го фрлам ѓубрето што аутфит да смислам За случајно некој папараци да не улета. Упс! Не сум јавна личност - ама ако, средена треба да си секогаш. Абе ај не ме зезајте! Не смеела да си дозволи. Аман веќе од окупираноста на македонското девојче да биде нацртана ко фотка на Dаvid LaChapelle за сите околности. И настинати кога сте да не шетате по дома со пудри? На Кате и е гајле кој ја фатил на камера, а плус се гледа дека е во поднапиена состојба. Или вие не пиете? Не мрдате? Не дишете се во име на вашиот совршен стајлинг а? Шо знам. Јас тука ништо страшно не гледам. Ако е јавно позната личност не значи дека нема право да живее малку. Малку чилпил и се ќе биде во ред. А кога ќе се подзамислам - no wonder колку кипови и бисти шетаат односно не шетаат низ градот. Седнуваат и поза број шееспет која ја мењаш дури после 2 часа седење! Штрак! Strike a pose! Vogue!
Разбирам јас и природна убавина и се,ама да отидеш неизмиен во дискотека па и не ми иде баш,не само да си манекенка туку било кој.Мене искрено никогаш не ми била убава,ми има манекенска фаца тоа да 100% ама ми е далеку од убава, и многу ми е грозно што никогаш не се средува за излегување.Абе измиена коса,маскара и сјајче нешто секој има време барем минимално да се среди.Па и најубава да си во светов не значи да излезеш немиен.
Пирамитка јас знаеш дека си ја сакам Кате но сепак една жена треба да си се негува, основна нега и чистота. А ми изгледа прво на немиена, косата и е ужас, брк и веѓа да не зборам. Не Кате, која и девојка да беше на сликава дал Кате, дал Каролина, дал Петранка, дал Стојанка истиот коментар ќе го добиеше од мене. Јас често ја гледам и е ептен природна и без грам шминка, во ред е тоа. Посебно и ценам природна жена, без претерување на шминка. За мене не е модел една напрчена уста која притоа е исцртана и 10 тони пудра како кај Накова. И јавна личност секогаш привлекува внимание, не мора да е ко да се симнала од ревија на Валентино, но основно средување. И прво и основно бар треба да се избања ако ништо друго. Не си го уништувам мислењето за нејзината професионална работа, ама како жена која треба да има основна нега не ја разбирам во случајов. А гледав слики од филмов и одвај чекам и да го гледам да видам баш колку е добра во оваа област. На слики изгледа одлично.
Јарче и Росоњерка, е од кај сега и немиена? Под пазуви да не и мирисавте бе? Абе ко у Саутпарк сте ми сите до една, не ми се лутете, само смеа ми иде. Знаете кога ќе им дојде новата учителка на која сите машки се палат и девојчињава ја оговараат - леле како смрдливо прдииии ја чув вчера у веце Мислам, ок, не е најсредената женска, ама што е битно?! Имам другарка која никогаш не се шминка за во диско, па да ја распнам ли? Е сега пошто била Кате - не и било дозволено. Хм. Како да не. Мене напротив па не ми се допаѓа што излегување во диско кај нас се сфаќа ко свадба. Шо би рекла една моја другарка од Скопје која живее во една европска метропола - црвени штикли си купив, ама ако, во Скопје тек ќе ги носам, само таму можам да ги искористам овие свадбарски тракатанци Ама така е, можеби малку избегав од темата, но гледам дека многу ни е битно кој како изгледа, а сеирот - ех тој да си го патентираме ко најомилена дејност во слободно време. Сериозно Вие Саутпарк а јас ко портпарол на Кате звучам Ајде, битно да се насмееме.
Зашто нас две не спомна кога сите претходни 2-3 страни зборат за истото, за мрсноќата у косата Не вака значи кажав ко жена не ја ценам воопшто оваа несреденост нејзина и то е то. Не ценам ни свадбарски аутфит у петок у кафиќ, не ценам ни несреденост. Убаво е една средина која оди накај природност. Но од друга страна и ми е интересно што не само на овој форум туку и на други дискусии кога имаше слики од филмот, од викторија сикрет, од други кампањи немаше многу мислења, неколку само. Али штом Кате има грда слика каде реално изгледа запуштено, ете това е прав збор коса немиена со брк и веѓи лом, абре страници и страници се пишува. Тоа е интересна македонска работа, за успехот малку се пишува, ама за лошиот трач тука сме во секое време
Ех сеа и ти! Ме фати! Па вие две последни ми упаднавте у окце со зборот - немиена. Ништо лично, ме конташ веќе по пишувањето, не ми е да ве напаѓам, него смешно ми е до кај ја дотеравте. Ај сега уште некој да каже дека таа вечер и гомцата и имале неубава форма, и ќе прснам од смеење. Абе види, јас лично се средувам. Тоа да, ама нема да стрелам некоја ако не се среди, разбирај ако не се нашминка. Основата е да имаме основни хигиенски навики и да сме чисти така? Ја имам видено Кате повеќе пати во град и не би рекла дека е немиена или не знам ти каква. Само не посветува внимание многу на кинџурење, и фала Богу што не е така. Ех па ти, реков јас, сеирот да си го патентираме Ко да не знаеш, кога правиш добри ствари, никој не ти вика браво, ама еднаш ако згрешиш - цел живот слушаш УА. Тоа ти е. И јас сеуште не знам кај и видовте неизмиена коса! Не ми се виде до толку бре, чек да загледам уште еднаш. Еј поштовање за нејзе бе, има храброст во средина како нашата да се појави вака во град и ич да не и чуе! Од кај знаеш може од рецесија го прави тоа? Се исмева на целиот македонски менталитет? А ние тука сериозно ја критикуваме а?
Пирамидо! Ако те докачаааам...Предизвик,да излезеш у град НЕМИЕНА! Туку и се може пошто е Ката Викторииниот ангел! Може и вреќа за компири,декорирана со низа лук да си облече ако сака! Ал тоа више ти е виша психологија. Ме вреѓа нејзината ваква појава! Пошто нејќе да ме импресионира!!!
Ката не треба да се замара веќе да импресионира, си го стори таа своето Денес можеби ќе плукаме по неа оти била ваква но утре пак ќе биде за восхит, гајле и е, не и зависи нејзинита кариера од нашето плукање или од тоа да е секогаш средена...
Е шо ја, шо ја бе?! Шо ми се с’снавте бе? Па тоа де! И се може и тука завршува целиот муабет а јас ќе се крстам и ќе правам пу пу пу сраамота! Срамота! Ко тетка Розе, комшиката која седеше пред зграда и сите ги коментираше. И личи ли вака? Срамота? Г’з и се гледа, се и се гледа! Бре! Коса неизмиена, ракав истегнат, маскара заборавена! Е е Скорпионке, тоа ми е муабетот, дека денес веќе ја здоболе неа кој што ќе си каже. Си го постигна своето Едино ако нема потпишано во некој договор клаузула - во случај да те фатат од ЗаЗабава, Кадевечер, Урбан мораш да носиш шминка и косата да ти изгледа измиено и лелеаво
Да донираме шампон да и купиме ондак, изгледа не и ги исплатиле средствата од филмот. Што се тиче за пудрата јас таа би ја забранила секако. Ал јасно е дека после ваква слика во Македонија ќе се има коментари, нели хелоу Македонија. Ние додуше попрво ќе збориме тука за мрсната коса и ќе заборавиме нашата да ја измиеме, ама битно ќе оговараме. Јас професионалноста нејзината не ја рчкам, се додека не видам нешто што не ми фаќа око, а тоа не е зазабава слика. Катето и вака и така ми е врв наш и ќе си пукнам од мака што нема да ја гледаме на ревијата за некој ден. Исто пример ко што би ги критикувала и следниве девојки сеедно што се познати, абе за основна хигиена една жена мора да има време. За шминка не мора. Мене не ми е нормално јас да паѓам у несвест ете за Бијонсе сеедно каква е јаооо влакно од под мишката на Бијонсе леле ќе си го чувам и урамам! Ако е неизмиена, со влакна, со покакани гаќи, испијанета и издрогирана ќе си кажам бре дека не ми се свиѓа и то е то. И тоа несвиѓање е од женски причини, професионалноста нејзина на друга страна.
Шала на страна, овие да не се fake слики, или као нешо додадени ?! Искрено, не вјарва ми се ДО ТОЛКУ запустени мишки да има Џулија Робертс, па уште и слбодно да мавта џоа кралицата Елизабета е. Абре не ми се верува на очите, подзастанав.
Катастрофа. И ако тука ние ко членки на демек понежниот пол не испишуваме страници за тоа каква е никаква на сликине кои и тие имаат фотошоп а тек да немаа , на женскиов форум фемина тогаш не знам кај ќе пишуваат Се приклучувам на групата која негативно ја критикува, црн бумбар добиваш ма! Не може да се оправда такво појавување у јавност бре, ја се засрамив што ја видов и баш е ко издрогирана фукса! А за тоа дека не зависела кариерата од нашиве критики и коментари не зависи, ама зависи од таквото глупирање богами и те како зависи Вики и нејзиниот тим па и ангелите да би ги виделе сликиве охохооо богами ќе праиме муабет за штрак-штрак у гачици, подвезици и слично, а и останатите големи компании што ја ангажираат или имаат во план да го сторат истото, ќе се запрашаат мејби. И стварно за веѓиве и ја ќе речам, катастрофа бе, грда! Претеризам дај тоа бар на средина кратките, но доволно густи за да ни откорнат очи влакненца нека ги исчупа! Сфаќам ја у мода дебели веѓи, али не ко у првобитна заедница бе алоооо! Некој спомнал брк , не сум видела јас такво нешто ама ако има, е го достигнала врвот, или сепак дното кај мене у психа. И не може ни да се спореди со ангелите на Викториас сикрет, која од која све лепотици, ма прекрасници човече која разлика! Не знам што бара таму со нив во каталог, но уатевр професионална е во својата работа тоа да, и затоа и си постигнала супер, да да. Ама нека заличи на позната личност, овај манекенка де! АМАН! Като мори, само тебе те чекаат, земи го и дечково Не, шала на страна шо е многу, многу е. Крајно нечиста, несредена, секаква каква што не треба да биде девојка од нејзин калибар да речеме...сакајќи да е природна, постигна многу лош ефект на многу погрешен начин си го симна рејтингот барем кај мене ептен...па има многу професионални девојки на светот ко неа, да не ја молат се прашувам модниве фирми да соработува што вака си дозволува ниско да се покажува во јавност, или си вика ај кучи сам тука сум главна, никој нишо не ми може, а странциве кој ги *** и онака нема да дознаат никој не срча македонски сајтови. Не, не се гордеам со нејзе и шо дека е македонка бе, па видете каква се избацуе бе, ма дајте живти све да не се лажеме дека е само малку поднапиена, си се опуштила де, природна девојка во натурал верзија итн. Се гледа дека со намера таква искочила од дома. УААААААААААААААААААААААААААА!!! own:
Не, многу сме љубоморни и среќни дека дочекавме слика со изгризана и модра уста и мрсна коса. Сосема го разбирам и поддржувам моментот на излегување во град со 2 грама шминка и без посебна фризура, самата го практикувам, но ова не е тоа, жалам. Нигде не пишува дека треба да иде у 69 како излезена од фотосесија, ама овде го нема минимумот.
Луѓе бе може од работа, од труд Катето оп во дискотека си пошла Па и вие што сте лоши. Порано од нива, на корзо си оделе , па пак си се љубеле и најубави биле Шегата на страна не и доликува вака да се појавува на слики. Не секогаш имаме време да се средиме тип-топ, а и јас никогаш не сум ја ни видела за да знам секогаш каква е, а и не гледам слики од вакви дешавки, но не ми се допаѓа како изгледа. Не знам дали сум спомнала мене нит ми е убава, нит ми е привлечна, дури сум изненадена што е дел од ангелине, но драго ми е што успеала. А и за вкус не се дискутира.
Јас сепак мислам дека Европа е крива! Ни го расипа девојчето! Од скромно бајче стана парти енимал! Па како е тоа возможно?! Не мешајте приватен живот со професионален. Сите имаме право да се издуваме, сите имаме право на одмор. Ете Кате си дозволила да биде како секоја 3та девојка низ градов. Да си признаеме, сведоци сме на смрдеа, тужби од маслодајна, разлеана шминка, изгужвана кошула, алкохол преку 2 промила, ама они сепак се пи*кишта! Голема штикла, бре.
Ова се сегашни или бивши модели на Викториа без шминка, па замислете ги плус поднапиени малце А ги гледаме и на фешн тв пред шминкање и кога влегуваат со цигара во уста, бледи, со подочници, и такви и се насмевнуваат на камерата, праќаат бакнежи без гајле дека ќе ги гледа цел свет... Spoiler И што е Кате наша полоша од нив?