Кога ќе видам слика од сегашен или бивш ангел на вечерно излегување и уште да се сликале за во јавност, а не дневни слики сликани претежно од папараци во брзање, или намерно ненашминкани за подготовки, тогаш ќе споредам. Никој не вика она да се шминка и средува за до продавница, ама излегување во дискотека на строг центар во такво издање, пиење без лимит и сето тоа зачинето со сликање за македонски сајт хммм... не!
Јас не би го критикувала нејзиниот изглед толку колку што би и упатила критика за нејзината состојба. На што ли мислела кога го локала црвеното вино и излегла? Ипак јавна личност е, треба да се има некоја мерка.
Ова е тој момент,сроната у то фацата?! Абе реков,каква е,таква е,многу ми е гајле,само што...се к*ропеца дека е безвременска лепота и хелоууу она е Ќиќи.Мене не ми е нешто особена,ме потсетува на шпагета,ми нема женствена појава,да не речам,сроната ми е! Сто посто протекции има у ВС,при толку обиди,од жал ја пуштиле! Прошла покрај ангелите оваа,треба да набаци некое кг и да поработи на слаткоќата и онаа ароганција што и фршти да си ја прибере да не почнам да ја испитувам таблица множење (сеа ќе речеш од каде знаеш дали е паметна?!Знам луѓе што знаат те што ја знаат! ). Ко младо момче од католичко училиште ми е кое само што не започнало да се бричи,мајке ми! Успеала у животот,бреееј! Што добила,Пулцерова награда или Нобелова награда?! Како интелектуално се унапреди и себе и светов?! Го поби Ајнштајн дека не постои нешто такво ко релативитет (леле ако го направи ова,готов,крах на човештовото,ќе умреме од екстреми! ) Откри лек за рак?! Ма марш! И после ќе биде платена поише од шивачка у погон за текстил која дише прашини и работи 12 часа,ама знаете...манекенството е тешка професија! Уствари,ова е горчливоста на светот,што замарам и јас! Чак и у филм...за уши и во Вардар! Како сака нека се носи нема да и замерам,никако не ме импресионира,впрочем ја доживувам ко обична девојка,зошто во моето поле на интереси не влегуваат вакви црепови. (леле генерализирааааш,не се сите манекенки истиииии,зошто генерализирааааш...не се?! не е генерализација,туку чисто морално и етичко прашање каде оди светот,што го движи светот и што очекуваме од него?! Коефициент на распределба на доход и колку е тоа праведно?! И зошто е срамно да си чистачка,а манекенка е престиж?!Ете толку светот е мизерен и лицемерен!)
А да не од кренатата влакнета мишка и зависеше оскарот на Јулиа Робертс? Или се мислеа дал да и го дадат гремито на Бијонсе заради влакната. Моник се пофали дека е недепилирана, грдо е не викам не. Али пола саат после ова држеше златен глобус во рацете Не изгледаат убаво сликиве точно ни од ѕвездиве ни Катарина изгледа привлечно, ама не претерувајте бре. Не правете од рипче аквариумско ајкула. Не мешајте една вечерна искачанка со неколку годишна работа и вложување. Сеедно дал е Бијонсе ил Катарина. Да не Кејт Мос изгледа привлечно испијанета и издрогирана. Па пак ќе се потепаат да ја ангажираат.
Не бе, овде се работи за дискотека во Скопје алоооо! Како сака нека се носи во продавница, ама за во дискотека можела да се среди малку ахам Извини, а тебе (рандом женска) тоа ти пречи што си се средила за пола саат без многу да се замара како ќе изгледа, што ќе носи и како ќе носи и како ќе биде нашминкана, ќе истури цел гардеробер и ќе се дума еден саат како да излезе од дома само дека оди во ДИСКОТЕКА или дека е светски позната? А додека ти се спремаш три саати што ќе носиш, се пресоблекуваш едно три-четири па и пет пати ако треба, уште од претходниот викенд правиш планови што ќе носиш само дека излегуваш кај што има исти такви како тебе што се замараат и си обична девојка. Епа види разлика, на крајот и ти ќе бидеш на сликата како што е Кате, само разликата е таа што си го скратила времето на спремање/подготвување и замарање како што, додека ти си се замарала цела недела па и после ќе се замараш ако на сликата испадниш со црвен карминосан заб, а Кики колку што не се замара, дали воопшто ќе ја види сликата. Од толку слики, дали знае дека сликана постои. Тоа е поентата, да се замарала таа со тоа кој што ќе рече немаше да стигне сега кај што е. Не се замара, си тера по нејзино и си нижи успеси. Тоа е за поздрав, а на тие што се бунат дека и била мрсна косата да им купиме шампон нивната да си ја измијат?
врв Hе не, остај што не е нашминкана, ајде де, тоа и не е така страшно, ама мене ми изгледа ко наркоман Mоже се разболело чупето после тие фотосесии со голо газе
Катето си мисли дека кај нас е огромна ѕвезда и дека се и е дозволено, па си се опушта и се шета како што си сака. Мене лично многу ми е гајле каква е, ама дека не личи на ништо, не личи. Нека ги видат сликиве агентите нејзини, па да видиме кое мислење ќе го имаат. Туку друго што мене страшно ми пречи кај неа е тоа што не знае да се изразува. Беше гостинка на Канал 5, абе не знаеше убаво да се изрази, да каже како успеала да ја изгради кариерата.Тресе некои глупости, врти во круг И уште една работа што ми смета е тоа што е успешна, а ниеднаш не слушнав кога веќе и се може, да направи нешто за државата од која доаѓа.Било да е тоа хуманитарна акција, било што буквално, ама кога и понудија да биде главна актерка во македонски филм не и беше проблем. Додека млади и талентирани актери дремат без работа и сонуваат дека ќе глумат во филм, фино лепо Катето им го фати местото.Па уште сама си кажува дека сцените ги снимале по неколку пати.Пофали се Кате дека не те бива за глума
Ми ја чепнавте Кики а? За разлика од многу кои не те познаваат кога ќе станат градски фаци, Кики е девојка која ги одржува контактите со сите кои и биле блиски пред да стане светски топ модел... Кики од секогаш имала такви веѓи (незнам што им фали на веѓите ) и од секогаш се облакала едноставно и не користела шминка... Така што на сликава, освен што е поднапиена, ништо друго не е поразлично од тоа каква е она секој ден, секаде... И има многу пати кажано, дека токму едноставноста и има помогнато да успее како модел. А за тоа што си дозволила да се напие...? АЈ не зезајте стварно... Ако е позната треба да престане да биде тоа што е, и да лигави едно мартини цела вечер, затоа што ќе ја слика папараци и цела Мкд ќе ја осуди...
Иначе ме интересира зашто некои ја викате Кики, од кај тоа? Катарина се вика девојката, Ката, Кате би биле прекари, ама Кики? Па не е (Х)Кристина Ќиќи, што би рекла Лилит.
^ Јас одамна ја знам како Кика Уште кога се појави, сите така ја викаа, а стварно не знам која е поврзаноста меѓу Катарина и Кика.
Кики, затоа што така сите ја викаат скратено. Од кога знам за неа, од прво одделение. Ако идеме од Катарина, Ката ќе треба да ја викаат Тоа дека едноставноста и помоганал да успее, баш и не се согласувам. Упорноста и помогна. И само упорноста. Треба да имаш и образ и став за да 5 пати си одбиен од агенција, и пак да пробаш.
На крај испадна дека успехот и изгледот не се толку важни нити именцето не и толку битно, ние и да ја викаме сега овде Кикица ништо сликата им го упропасти мислењето за неа. Требаше да се појави сликата за да го искажите мислењето/незадоволството од тоа што не учествувала во хумантирани акции? Па зошто да не глуми во филм кога и било понудено? Не и изигравам портпарол, ама во Македонија ќе направеше ваква кариера ако останеше? Едино ќе можеше да се појавува во некои реклами, некој спот и ќе рекламираше чорапи за Пенти, друго немаше да прави и да останеше овде три пати ќе се запрашаше сигурно дали вреди во МК да се биде манекенка. Ама ај плукајте во сликата и како била несредена, до утре, тоа нема да и ја смени репутацијата што ја има стекнато и во ВС и во модниот свет верувам.
само да ви се пофалам дека ја знам типкава лично и прилично, а вие сами оценете дали е маникенка или не. за мене е можеби само малце висина и фали али нишо страшно
serosly? А вака да ни објаснеше што работи типкава? дека јас не ја знам лично, а и не пратам многу мода и манекенство па не ми е позната викаш висината ништо страшно, а? абе да беше банкарка или продавачка ќе се согласев дека не е страшно, али манекена без висина, хм .....а манИкена може да е, тоа некоја нова професија, нешто како wanna be манекека Него, многу ја сакам Кате. Многу поштувам луѓе како неа. На работа - професионално и одговорно. Приватно - како и душа сака. Без разлика што е јавна личност. Па и 69 јаката дискотека. Нека им покаже таму на шмизлите дека не е се во деколте, минич и напрчена уста со 3 слоја сјај
^Не е во деколтето или миничот, туку во долната облека или само гаќички по потреба Инаку девојката погоре е Елена Вукановска, мислам и водителка на АБ канал.Мене не ми е ни убава, ни згодна без разлика на висината.Има мислам 20 години, а делува многу постаро и освен на бугарска певаљка на ништо друго не ми личи.
оваа кики, кика, катарина или како и да е, некако многу е влезена во некој потценувачки филм како кои сте вие да се спремам јас за вас. никој не вика дека требала да стави 3 тона пудра, ама со зејтиносана коса бе, тоа е веќе ствар на нехигиена.
Ние сме тие сто самите се ставаме во потценуваЧка позиција спекулирајки сто ли мислела таа така да сета во Македонија како мозела да си дозволи за американцине да се дотерува, сминка а тука немиена
Кики е стварно преубава,природна е и не се занесува,па некоја друга наша да станеше модел за Викториа сикрет ке напнеше ептен. и литар зејтин да истури на глава, пак ке биде поубава и пошармантна од спонзорушите во ВИП делот у диско. Од кога е за фалење ако познаваш некоја ‘манекенка‘? И девојкава погоре никогаш,ама баш никогаш нема да стане манекенка,најмногу што може е фото модел,висината е пресудна за таа професија,со исклучок на Кејт Мос сите професионални модели се високи. Имаме убави девојки ама лоши менаџери,со правилниот тим зад себе може да се напредува
Оу ноу. Е оваа каква е во диско.... туго моја....овај, танга моја црна на бел фустан. Мислам, стварно, девојкава ми е поим за кич. А уште ако земете во предвид дека животна желба и е да се слика за Плејбој, уште и силикони ќе ставаше само за тоа...