Мене целата оваа кампања со Пелистерка на моменти ми делува малку вулгарно. Типична комерцијализација sex sells. Добро, убави девојки се, нема што, особено Лоба и Чуприна, и имам кажано на друга тема дека нив две ги сметам за едни од најубавите на сцената. Ама ова во целост како е изработено, не ми се допаѓа. Ајде Лоба и така и така, a овие двеве, поготово Чуприна, ко за Плејбој да се сликале. И не знам шо воопшто се мачат да кријат со рацете, нема потреба, мислам, и онака е доволно забележливо се Може да се каже дека линијата е тенка, но ова повеќе личи на порно отколку на еротика. И пошто не сум напален мужјак шо не фатил женка, не ме интересира ова, па немам ни потреба да купувам Пелистерка празнициве за да добијам некаков си календар. Spoiler И некој спомна мажи Немој само и тоа да им текне, ќе го засерат тотално Јас не би сакала да гледам ни таков еротски или порно, "секси", (како год ) календар со мажи. Ценам (т.е обожавам) убаво градено машко тело НО не онака као понудено на тацна, некако попедерчено ми делуваат такви пози
За Викторија Лоба сум кажала дека за мене е многу убава,згодна и фотогенична девојка.Прекрасна е на сликите и подобро неа да ја форсираат отколку некои "манекенки" како Сара Леши. Иванна пак мене ми беше симпатична кога водеше Идол и Ексклузив но не ми е нешто посебно на сликите,некако ми нема сексапил и харизма.Драгана Чуприна е добра.
Мене овој календар ми е далеку повулгарен во споредба со 2011. И Елена имаше јаки фотки, но тие ми се со многу стил, елегантност и сексипил, едноставно од очи и сјаеше сексипилот, а сега ова што го гледам ми се измонтирани 95% голи девојки, без сјај, шарм и сексипил и покрај цела голотија. Ивана и Лоба не ги сметам за манекенки, Лоба и тргна премногу, само нечини толку исто па исто лице, се добива впечаток како да нема други интересни ликови (а нашава земја изобилува со убави девојки, дури повеќето се анонимни, за разлика од повеќето квази манИкенки), и наместо да организираат реални и фер кастинзи, кај нас се оди на пријателска база врски и селекција, и се доаѓа до монотоност и едноликост. Убава девојка ми е навистина, нежна и природна, но се презаситив од неа искрено... Иванчето појма немам од каде во оваа приказна, само ми го потврди фактот дека секој може да биде и пејач, и фотомодел, и манекенка, и водител, и доктор и космонаут и се што ке посака. Чуприна, наместо како најупатена во овие води, ми е најаматер. Фаците и се од чудна почудна, најрасоблечена ми е, ладна и одвратна за око. Тоа е тоа.
devojkava na fotografijava e ko sekoja vtora wanna be napupena kurvica ne e lepota ova alooooo ovaa pozira kao u sexy fazonu ama ubava? wtf? ubavinata e nesto drugo katerina e prirodno ubava devojka ama stvarno ubava koj go ospori toa mora da ima nekakov problem so percepcijata ili diopterot.
Ги разгледував фотографиите Пелистерка 2012 и не можам да се изначудам што бара Ивана тука? Зарем од толку девојки неа ја одбрале Се губи помеѓу Лоба и Чуприна,девојкава нема ни шарм, ни харизма...
А добро еве едно паметно прашање? Кој нормален се прекрстува од Ивана во Иванна? Како да го изговорам нејзиното дупло Н? Неам потреба да го изговорам... ама ИМЕТО ЗБОРУВА ЗА ЧОВЕКОТ. Треба да си тешка будала за да си додаваш дупли букви во име од Македонско потекло... да речеме макаршто името Ивана произлегува од името Иван кое пак, најверојатно е од руско... потекло...?! Тоа е доказ за простотилакот на некои тв фаци и срамота е да се дискутира за таква сељандура. Таа добро си изгледа али со штикла 10-15-20цм шминка за на тв и то је то. Инаку не постои такво име според правилата на мекедонската лексика. Или тоа ИВАННА и е уметничо име? Абе ДАј! Не е она Simonne FIlipini да речеме... мада и нејзиното име можеби се пишува со едно Н! Селска мома доспела у ГРАДУ! e da... sea proveriv Simone Filippini значи кај имињата од не мкд потекло има простор за додавање на дупли букви. А таа не би ја гледала на тв треба да ми платат за да ја гледам ИваННа саат време на ТВ! Башка Скопје стануе natural habitat за таквите ко неа што е доказ повеќе за ДЕ''урбанизацијата'' на градов! И ДА! фото модели-манекенки се оние кои се бават професионално со таа професија ако не... денес секој/А може да биде фото-модел и да! донекаде... може!!! ама во некоја приватна цел на сесија! а не за официјални кампањи на брендови кои се бават со модна реклама од тој аспект овие за Пелистерка си се легитимно земени пошто не рекламираат долен веш али се појавуваат во него! KAKO они ја рекламираат Пелистерка на Календар? кога поише рекламираат цициња и гзиња и СЕБЕПРОМОЦИЈА отколку ПЕЛИСТЕРКА. Да се работеше за модна реклама (кампања на промоцијиа на бренд на облека или накит шо знам шо више?!) ВО ТАКОВ СЛУЧАЈ би зачело дека не постоел регуларен кастинг според правилата на модната идустрија!! овде во оваа прчвара се може! утре мајка ми ќе ја видам на билборд! секоја со нискоДУПАЦ раст од 1.50цм ете ти ја МАНЕКЕНКА си постојат правила и стандарди! Девојка минимум повисока од 1.73 ама минимум! од таму се иде нагоре! со соодветна телесна градба и пропорционални или специфични црти на лицето! а тоа не подразбира- глумици тв водителки спортистки пејачки... и естрадни уметници од друг тип. Елена Трајановска ми се допаѓа во секој поглед! Природен ненаметлив а сепак изглед подложен на силни трансформации=тоа е порадитоашто има складни црти на лицето и може да се трансформира скоро во што било! http://en.wikipedia.org/wiki/Model_(person) = def. of a MODEL широк дијапазон на модели и потенцијални модели ама неможе да се мешаат профи моделиве кои успеале и во Милано и кај се не... со овие певаљкиве и водителкиве... секој нека си глеа ДО КАЈ ЈА ПРУЖА ЧЕРГАТА!
За да бидеш заштитно лице на бренд (?) не мора да си модел или манекенка. Чуму жустрење девојки?! А кај нас као има манекенки?! Упс,заборавив,нашите тако звани манекенки се на некој штанд во некој маркет и промовираат сирење на бучен козјак или козјо млеко. Прееска една ваква ја слушав (не дека не сум културна,ама толку се дереше што немаше смисла да не ја слушам,тоа и сакаше да постигне очигледно.И се јавија изгледа од агенцијата и опиша се што треба да носи и мислиш ја ангажираа за ВС) Замислата е добра,реализацијата е глупа и проѕирна.Уствари, изборот е погрешен,особено со Чуприна и Иванна, Лоба има шарм. Ама како и да е,после календаров,си го сакам моето тело повеќе,со сите тие негови облини и струк! Јас мислам дека Михајло треба да почне да размишља за фемина календар. Не мора да е толку гол,ама најхрабрите (и убави и згодни ) феминки да го красат со некој суптилен сексапил и женска моќ ак не па!!! Ете така да си знаете!
да не бев од Мк и да немав слушнато за пелистерка сигурно ке се чудев што рекламираат девојкиве.. мене искрено повеќе ми изгледа како правење на сопствен бук, оние книгите (репрезентативен матрејал на еден модел) со кој агенцијата ја нуди ангажира манекенката, а не за реклама за вода КАДЕ Е ТУКА АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ??? е не ми е јасно... за мене ова е реклама за нешто,и се знае за што Spoiler
Веќе сама си одговори, даде слики од реклами, а девојкиве не се дел од реклама, дел од календар на Пелистерка се. Ajде кажи ми со кој памет Пирели прави вакви календари? Каде има гуми на календариве, па луѓево греота немаат поима што е Пирели? Или имаат? Срамота голи се соблекле а баби ќе ги гледаат. Па и дедовци кутрите, кога ќе одат да купат гуми Пирели ќе им дадат календарче со цицки за 12 месеци, резил бре! И не само Пирели, многу компании прават календари мелем за очи, секогаш најголем хит, најпродавани се календарите со еротика. На таа карта играат и Пелистерка, а ова е втора година со ваков календар, класични почетници се. Но кој и да се соблече кај нас ќе има плукање преслаба е, премногу облини, премногу ова, премногу она. Јас само ќе ги замолам да не претеруваат со фотошоп и на минатиот со Елена кога стомакот и го сецнувале и сеа кога им додавале цициња. Природно си е најдобро, баталете фотошоп до таа мера.
Spoiler да но овде е разбирливо ...ова е наменето за камионџиите http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=9vNoEEv8JdU а јас колку што знам од слоновите порано се правеле најдобрите гуми
Разбирливо е зашто е светска фирма Пирели, а не е македонска фирма како пелистерка Пирели имаа календар во кревет со манекеници пред свршавање. Тоа може да има врска само со други гумички, не автомобилски Нашиве бар сликани се покрај вода. Не знам сакате поинакви календари жива природа? 12 различни цвеќенца? Еротиката е најпродавана, секогаш се цели на тоа. Како инаку би продале календарите. Иако Пелистерка не знам ги продава или ги подарува календариве?
не не дека е светска а ова наше па го судам, искрено кажано за оваа фирма ти да не кажеше немаше ни да ја знам-првпат слушнав јас си го кажав своето мислењето и за мене календарот нема смисла исто како оние украинките што се разголуваат за протести-едноставно ми нема смисла поздравче, секој со својот став
Дајте бре, Пирели прави календари за камионџии, што очекувате? Баби, дедовци и мали деца не идат да купуваат автомобилски гуми. Не правете споредби со Пелистерка. Календаров за кој што ние збориме не е до толку, сепак. Или, што... нашиве и ова да не треба да го направат ? Вулгарноста останува вулгарност, та била наша или туѓа. Само секој си гледа во сопствениот двор прво. А овој календар според мене е некаде на граница на невкус.
А една тема за календари да отворевме, почнавме сите со ред да ги броиме, и да Фемина календар да има за 2011/2012 би било одлично. :up:
Да се вратиме малце на македонските манекенки. Еве ја Кате во божиќно издание. http://hqworld.net/2011/12/katarina-iva ... z1hfhnjD6n
Колку е поубава Кики кога е по природно нашминкана. И кога носот не и правен на фотошоп. Три пати е поубава на сликиве него ли на оние од VS. Али пак ќе кажам, не ми се допаѓаат незачешлани веѓи. Многу и се бушавки за мој вкус.
Ми се допаѓа и мене тука, шминката е многу нежна и убава, и облеката е прекрасна. Буба мара фустанот ми е многу срцкаст. Убаво фотографии, се согласувам со Старфиш - многу подобри отколку оние за VS. Браво.
Колку и да направи, колку и да успева и да се пробива, единствено што можам да речам за Катерина е само браво за тоа што успеала да се пробие и толку. Има убавко тело, но фацата...Премногу ми е бледа и под бледа не мислам на бојата на нејзиниот тен, туку на нејзината појава. Ни х од харизма, кога ја гледам во очите некако и се празни и изгубени, ете така ми делува, а во устата постојано ми е како да се труди да биди таква како демек полуотворена, заводлива, дрн, дрн, не знам како да објаснам. Сето тоа кога ќе го видам како целина ми дава една многу бледа слика, девојка која јас не би ја приметила на улица. Елена Трајановска и Ана Калачовска според мене се нај нај. Календарот на Пелистерка ми е океј. Иванна како и секогаш ми е превештачка, но на некои слики изгледа навистина убаво исто и Драгана, а Лоба си има шарм и ми е најубава од сите на календарот.