а знете зошто е декларирана како манекенка јас не најдов ништо дека учествувала на ревија или фотосесија.. значи денес сите се манекенки
не најдов никаква слика од неа може и да има ама незнам како изгледа , а тоа за денес дека се сите манекенки така е , само да имаш пари и манекенка си
манекенки можат да станат сите што ќе се зачленат во модна агенција и толку, аутоматски се манекенки, а кај нас нема некои строги критериуми за тоа и затоа сите се манекенки, пари за тоа не ти требаат. а после во зависност од тоа дали стварно те бива или не ќе добиваш работа...или не...
Најдов едно многу убаво лице, Симона Аврамова, постерот за идниов Скопски Фешн Викенд е токму со неа. Ептен ми е убавка. Мила Ѓорѓиева. И Елена Гугоска
Ми остави многу добар впечаток на модниов викенд, знае да се движи, позира, створена за модел и манекенка Знае некој колку години има? Маја Ристевска
уште јас да се надоврзам овде ...само сакав да ве информирам така наречените "манекенки" до каде се стигнати. ова е манекенката Александра Ангеловска човече ич не е дебела
Права македонска манекенка Е КаТерина Ивановска која успеала да излезе надвор од Македонија да биде на насовна на повеке светски списанија да презентира облека на многуу модни брендови вклучувајќи и Виктори сикрет.Има манекенско тело и лице и стварно вреди .Прочитав некои постови за Александра Накова немам ништо против девојкава прекрасна ми е има убаво лице( пред ботоксот на уста) и тело но она не спага и не вреди да се нарече манекенка тоа што се сликала за некои наши ефтини брендови гола или некои приватни слики не ја прават манекенка и ако отишла на едно реално шоу.... Прочитав и како можеш да дојдеш до неа..
Od poranesnite nasi manekenki Nadica Georgieva,a od denesnite Katerina Ivanovska.Toa se spored mene manekenki vo vistinska smisla na zborot
пред катарина беа и маја и мартина а не сум сигурна за ана. инаку во моментов да, катарина е најпознатата.
во Бугариjа,пред некое време започна шоуто Big brother.го гледатем редовно.од Мк влегоа Лесер и манекенката Цеце Орешкова.се претставува дека е една од наjпознатите манекенки во Мк.следам мода но не сум чула за неа еднаш или двапати.малку се фука но интелигентна девojка е http://play.novatv.bg/play/290808/
Студентка е на економски , во врска со кошаркар некој си , сосем нормална девојка освен што е ненормално убава не сум знаела дека е манекенка ама сигурно има големи предиспозиции да биде , па тебе па што ти смета да се декларира нејзина работа ако сакаш и ти декларирај се Он топик Катеринчето бе Ивановска она ми е маникенка у права смисла
Eте ги сликите од марија и душица за календрарот на спорт корнер. Малку е аматерски направен од страна на техника ама девојките се убави.
Јас само Катарина ја знам. Убава е ама на ниедна слика ја неам видено насмеана... Цело време иста фаца. |)
па може ако смени ќе и е задња искрено освен телото друго кај неа не ми се допаѓа. а девојчињава над мене се слатки
Точно е тоа "Да се биде модел,не значи само да се качиш на писта и да одиш по неа"...Многу работи се врзани за зборот МОДЕЛ. Со оглед на тоа дека нашата држава е во многу сектори неразвиена,па манекенството би се нашло меѓу последните од групата на неразвиени полиња. Македонија е земја со убав народ воопшто,девојки кои пленат со својата убавина, но не истакнати, не прочуени, завиткани во неуспешните македонски можности, не доволно негувани токму поради финансиски причини. Но има и такви кои успеале во таа сфера, односно го искористиле "убавото во себе" ,малку труд, малку верба и стигнале на некое завидно ниво, така да може да се каже дека ако се сака нештото , може да се постигне без оглед на околностите и можностите.Секогаш постојат исклучоци и секоја чест за нив! Mене лично Катарина Ивановска,не ми е којзнај каква убавица, но има страшно голем шарм кој навистина ја прави посебна.
1. Маја Ристевска ми е одлична, девојка која многу вложува и внимава на својот изглед, нега, однесување... Се гледа дека со многу љубов го работи ова, а и најново од неа дека она е главниот женски лик во новиот спот на Тоше- Све је ово премало за крај. 2.Ангела Кирова ми се допаѓа многу, ми делува на мила девојка, ја гледав во Статус на АБ, и ми остави впечаток. Глуми во рекламата за Ладна вода. Со правилно водење на кариерата, далеку ќе стигнат и двете, сигурна сум, потенцијалот е очигледен.