http://www.youtube.com/watch?v=78PdJ59PSsA Денес секој може да стане манекенка... (смајлиштосекрсти) Девојката на 0:30 секунда...
Викторија Јаначковиќ беше прекрасна манекенка и фото модел на времето. Моментално мислам дека живее во Србија кај нејзините. Еве неколку слики за тие што ја спомнаа во темава
Da da Maja Sasek ne samo sto e ubava nego mi e bratucetka Se gordeeme so nea, I jas imam plavi oci i vitko telo samo ne sum manekenka haha (malce se pofaliv) [mod-kirilica:k5aoegkv][/mod-kirilica:k5aoegkv]
Многу ме нервира кога ќе прочитам вака како коментирате а не сте запознаени доволно. Мноуф мои ппознаници се во овој бизнис, иако не е распространет како во странство но има квалитет. Поенатата е што не е доволно комерцијализирано, па веднаш преминувате на Катерина. Имаме манекенки кои работат во странство, па не е само Катерина. п.с Катерина е убава, ама карактер - null.
Ќе бидам офтопик, но да кажам... Во ова видео скоро никоја не е манекенка! Имаше две-три манекенки, професионални, а другите беа од Охрид, викнати за снимање на спотов. Ова е сигурна информација, знам бидејќи јас бев на снимањето и мене ме има во спотот. Не сум оваа!
Во глобала ГРДИ ни се манекенкиве право да збориме ни став ни стас Тргни настрана кој како успеал . Катерина е единствениот модел кој се гледа дека припаѓа да биде модел на високата мода , во милион се дели ... И баш ми е мило што успеа . Карактерот не ме интересира тука коментираме за изгледот не ја земам за жена па тоа да ми игра улога Другиве се кој од кој Македонија никогаш немала добри модели , развиен моден свет , ( а што е развиено па ова да биде ? ! ) Нашите модели таканaречени за странство се свињчиња спремни за кољење .Многу сме далеку ептееен можеби за некои 50 години ... Тука кај нас уште долго време спонзорите ќе избираат мисици и мистери . Татичко и Мамичка решаваат
точно така Lov3....бтњ и јас бев на снимањето (бевме поканети како група) и сум на спотот...ама не оваа !
На прво место кај мене е Надица Георгиева.Изгледа многу поубаво и од 20 години помладите колешки, а и освен тоа е многу пријатна, културна, умерена. Светлана Црнокрак И да не биде само од постарата генерација, да ја споменам Маријана.Не е нешто особена во фаца, ама какво тело има, браво.Да не се повторувам со слики, има многу од неа претходно. За Бојана Васиќ потврдувам се кажано, плус ќе бидам малку послободна да кажам дека е права спонзоруша.Катерина е фотогенична, браво на успехот, ама мене лично не ми е ништо особено.
Катерина Ивановска не е некоја расна лепотица, но има мила фаца и е убедливо најуспешна. Многу ми е мило за неа, и на сите би требало, она е единствената која може да се спомене на темава во вистинската смисла на зборот манекенка. Останативе се немам речи... Прво 2/3 од девојкиве првпат ги гледам/слушам. Секоја малолетничка што ќе си плати за полупрофесионална фотосесија (за на Фејсбук) или ќе се растресе во спот на маалска џукела се декларира ко манекенка. Манекенството е професија. А на нашиов народ се` што ќе му се сервира изнашминкано + фотшопирано, ма се` е бре тоа манекенка па и убавица до убавица џанам. Близначките што ги има поназад во темава, тие ми се навистина убави. Вера Мештеровиќ не знам кој колку ја памети. Емилија Пендева ја знаев уште пред спотот на Тоше, мноооогу убава девојка, штета што не се бави повеќе со манекенство. Јаначковиќ такоџе не очекувам да ја знаат повеќето, со тоа што на слика не е ни приближно прекрасна како во живо. Маријана со опроштење е ко булдог во суратот, ни женственост ни префинетост ни ништо. Ратни залихи пластики и шминки и уметоци, не зрачи ама ич и воопшто не изгледа продуховено, не знам друг посоодветен збор. И Надица и Светлана се исто многу убави жени, да.
А дали ти го викаш ова на зафрканција? Убаво тело? Јас лично под убаво (читај манекенско) тело не подразбирам криви анорексични нозе, и тело како штица (без грам г’з и цицка бре). Патем, колку што јас знам за неа, повеќе не е манекенка, има сосема друга функција. Да реадактирам: прекрасна насмевка има Анџела, ама ако ги крие забите.
Оваа Ивона Кировска ми е страшно антипатична и одвратна. Еден ми е од најцврстите докази дека девојкиве се способни да направат буквално се` за да станат „манекенки“. Пред неколку години, на нејзина 16 годишна возраст чинам, ја имаше на насловната на Вест во некое полуразголено издание, па испадна еден голем скандал, а во сето ова што го прави најстрашно е што има ненормална поддршка од мајка и. Ми личи на опасна спонзоруша, има ефтина фаца и доста грдо тело, кое што отстапува од некои си „вистински„ пропорции. Нејзината „кариера„ мислам дека ја започна кај Драган Вучиќ во емисија, не ми текнува само дали тресеше гз во позадина или беше нешто како хостеса, али со оглед на тоа што никој нормален и доволно способен не прифаќа работа со него, мислам дека се е кажано. Инаку, Катерина ни мене не ми е ништо посебно, живее во моја населба и често ја гледам, но сепак многу ми е мило за нејзините успеси, секоја чест. Не верувам дека некој ќе постигне повеќе од неа во скоро време. Ива Михајловска пак, девојката која што ја споменавте неколку страни поназад не е во новиот спот на Дарко Илиевски? http://www.youtube.com/watch?v=mxoQOcxzv18 Поубава ми е со наочари, нека не ги вади, страшна е без нив. Александра Наковска - неописливо глупава девојка, и следев интервју пред некое време за а1 мислам беше, девојкава не знаеше една проста реченица да состави, се запрепастив. Се сложувам за Драгана Чуприна, Емилија Пендева, Надица Георгиева и Светлана Црнокрак, тие ми се најубави. Посебно последните две, како времето да е застанато за нив. Браво за нив, пример за вистински негувани дами.
Мене Ива баш ми е убава, има и тело и се, живее во мојата населба и навистина е природно убава, само малце се занесува Драгана Чуприна пак ич не ми е убава студира на мојот факултет, ја имам гледано многу пати, ептен е слаба, како костур ми е некој
Кај нас во МК очигледно сите поинаку го имаат сфатено поимот манекенка! За да бидеш макененка онаква по светски стандарди треба да го имап целиот пакет и убава фаца(онака баш манекенска),тело,висока да бидеш да имаш држење на телото..кај нас ретко кој ги исполнува овие предиспозиции..или се со прекумерна тежина или не знаат да идат на штикли или се прениски па со штикла 10 сантима..епа така не може! Иначе има неколку лица кои ми се издвојуваат од МК,се разбира Катерина Ивановска која не за џабе го постигна успехот имаше и зашто таа е комплетна! потоа ми се допаѓаат и Маја Сашек(само она повеќе ми е фаца за модел),Вера Мештеровиќ секако,од постарите Надица Ѓорѓиева,Светлана Црнокрак..од новиве лица кои допрва ќе бидат успешни е Елена Трајановска,девојчето има 15 год. и е избрана од италијанциве да биде дел од најпознатата агенција за манекенки во Милано(Вуман)
Според мене највеќе шанси за да успее од оваа нова генерација манакенки има Марија Андоновска. Типкава има и фаца и тело. А и досега има многу успеси. Има снимено повеќе едиторијали, реклами.. И Маја Ристевска не е лоша. Али убедливо најдобра ни е Катарина. Ретко која успеала толку многу да се докаже на светска сцена.
Е добро .се чудам ,како успеала оваа грдотија да дотурка толку далеку?(смајлишосекрсти) Мене ми е не само грда ,туку и одвратна ,има некоја ароганта ,диспропорционална и одвратна фаца ,за тело подобро и да не зборувам ! Впрочем ,ниту една не ми е убава ,на чело со оваа Катарина!