Македонски манекенки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Angelche, 1 ноември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ како стигнала? Со труд!
    Како се стигнува до една од главните девојки ревии на Валентино, до кампањи и билборди на D&Г (од кој еден огромен неколку метарски на сред плоштад на Милано), до ревии на многу брендови? Не е како кај нас облечи минич и одма фотомодел и манекенка или да не речам легни со некој момак од скопјево и одма те има на реклама си земала 100 евра wow.
    Девојкава си имаше храброст на 16 години отиде во странство сама да живее и да се бори да опстои во светскиот моден свет. Да станува во 6 часот со бук огромен да шета низ градот по 15 кастинзи на ден за ако има среќа да ја одберат бар на некоја ревија. И така секој ден. Па 2 недели во Милано, 2 во Париз, 2 во Њујорк, 2 во Лондон, па кастинг за кампања во Амстердам, па во Токио на кастинзи, па ваму па таму...
    Ревиите не се платени многу, но затоа со труд и со име кое си го создаваш те одбираат само со еден повик за кампања, а тие вредат тука се паричките.
    Да не мислат дека она иде во Милано со приватен авион и ја дочекуваат со букет цвеќе, ја праќаат во хотел со 5 ѕвезди и и даваат список на 10 ревии кајшто треба да отиде пола саат порано за шминка и фризура и да се профрцка и неколку илјадарки евра ќе и дадат? Тоа го нема ни кај Жизел, ни Кејт Мос, ни Наоми Кембел. Манекенството ако е сериозно е професија, како и секоја друга има убави и тешки и макотрпни моменти. Најмалку 8 до 10 часа пред ревија доаѓаат каде ги средуваат шминкаат проби за сето тоа во тие главни 30 минути се да е перфектно.
    Кај нас има преубави девојчиња, високи слабички, но тоа е не е битно во модниот свет. И јас ко помала мислев дека е битна убавината, сега сваќам дека таа е само едно 2% фактор за успех. Колку погрди а поуспешни манекенки има од Катарина, таа за мене ми е и една од поубавите.
    Нашиве убави девојчиња немаат муда да не речам да решат да одат во странство и да се борат за опстанок меѓу други 10 илјади манекенки. Они сакаат успех за 5 минути. Тој успех ете нека им биде спот на врчак и нека се чаламат после.

    А манекенството не го споредувајте со мисот. Мис на свет не мора да е манекенка. Напротив тоа треба да е убава жена (стално потенцирам жена и 25 години нека е, а не девојченце 17годишно), никако преслаба, дури и облини да има. Паметна, шарманстна, комуникативна, девојка која потоа цела година ќе го искористува својот шарм со круната, своето знаење, својата грациозност во добротворни и хуманитарни цели. Мисот и манекенката се многу спротивни и се бараат сосема различни критериуми. Кај нас секоја убава девојка е едно исто манекенка, мис, фотомодел, презентер, водител ма све! Затоа и грешиме. Едни индијци и венецуелци избираат мис на индија да речеме годинава за таа за 3 години да се појави на светскиот избор, за тоа време се подготвува, учи јазици, во организации, комуникативност ма све. И после ќе имаат 10-20 победи на главниот избор. Е ќе имаат де. А кај нас победува тинејџерка во септември и во октомври ја праќаат на избор. Ајде нека се прошета...
     
    На bunny19, Breezy, Strumfeta93 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Еј бре морам да изедам малце шпагети овде.... :rofl:

    Значи за мене нема професионални манекенки во Македонија и точка. За мене манекенка е згодна , убава девојка , која се придружува на диети , наспана секогаш средена , секогаш дотерана , а не некоја со 5 кила целолит позади како мене и купува алишта од Шутка. Е сеа почнувам да ги јадам.... :rofl: Значи прво вие коментирате манекенки МАНЕКЕНКИ , значи тело фаца, а тоа дали е она глупа , и мисс америка беше глупа кога ја прашаа зашто некои од Америка неможе да го најдат тоа континетот на мапа??? Така што ако коментирате дека Александра е убава ок а , ако не не коментирајте , значи кога девојка која беше на избор на светски ранг беше глупачка неможеше да се изјасни збоерше како дедо ми без вилици па не Александра која може без никакво подговтвување отишла .


    И нека не ве заслепува тоа што АЛександра или незнам кој излегол на слика видео , мене парид а ми дадат нема на спот на Врчак да снимам , прво зашто он за мене не е ѕвезда а трагичното е што он е дел од македонска естрада и тоа он оние пославните да не кажам. ( и не сум хејтер да не почнете да ме напаѓате ) А нашиве зимаат малолетнички мешаат таму на видео и мислат Господ го фатиле за му*а збопрат биле манекенки ( да напоменам и тука има исклучоци ) А доколку за вас ова е манекенка бујрум и вие влезете во бизнисот , Светлана Црнокрак може е убава жена , да , ама агенцијата се знае како работи , и знам кога ....... не именувам , беше на натпревар и дадоа клуч од соба и и рекоа , девојко ако сакаш во први 3 да си оди има за тебе нешто ;)

    Не дека повеќето работат така , но еве како работат повеќето од нашите манекенки , епа брате ако сум ја убава и имам убаво тело нема шанса да се појавам овде ,а проблемо не само во манекенките туку во естрадата , ние немаме ѕвезди , или ако имаме , нема се понашаат така

    http://www.youtube.com/watch?v=2vpfqATpRAQ


    И имаше уште едно неможам да го ископам на јутуб , цурава меша на маса на еден спот а музиката е од фазон мешај мешај мала сваку ноч до зоре .... :puke:

    Да напоменам немам ништо против Александра , ниту никој , шпагетиве беа за сите јадени , со исклучок како што кажав горе на неколки кои ми се бројат на двете раце кои успеале на поштен начин , поштени агенции , служат за она за што се , за нивната убавина на реклами и тн а не они во спот ставаат обични девојки кои сакаат слава и ставаат манекенки кои со години одат на кастинзи , и манекенкиве губат углед покрај нив и бтв во МАкедонија има многу убави девојки со првиот чекор во модна агенција ги уништуваат.... Ајде каменувајте ме :rofl:
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Грдосија??? Девојче бре пази што зборуваш, ја имаш видено во живо? Нежно лице, прекрасен тен, мене ми е многу убава, знам дека за вкус не се дискутира али шта је лепо лепо је...
     
  4. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ни мене не ми е нешто преубава... Можела веѓите да ги среди... :tmi: А за карминот не коментирам :puke:
    Moжеби има нежно лице и прекрасен тен, ама на првата слика е многу грда. :tmi:
     
  5. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Сликата е од ревија и како ќе ја направат таму, таква излегува на пистата. Сигурно сама не се нашминкала. Веѓите баш ѝ ги поштувам, мразам пречупани веѓи. Инаку не ми е ни мене убава, повеќе пати во живо сум ја видела и не е ништо посебно, но сум горда што е Македонка бидејќи е најуспешна и го има потребното за манекенка, за разлика од повеќето.
     
    На mims-89 и rossonerka им се допаѓа ова.
  6. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Ивона Кировска. Хахаха смешно! Ми паѓа нешто као роднина али далечна таму и дури се срамам од тоа! Никој незнае :lol: Се знам и со мајка и што и го дозволи сето ова, на 16 години кај Црнокрак!!!
    А за успех, доста постигна за разлика од некои анорексични манекенки ;)
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Makедонска работа. Секогаш плукаме по нашите. :x
    Оние на фешн тв поубави да не се бе од Катерина,а? Па таа е најпозната манекенка кај нас што постигнала СВЕТСКИ успех. Ама,очигледно ние тоа не го ценеме.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Ами ај што си е наша, ами и убава си е. Што е право, право е.
    Се појави еднаш на телевизија и тоа одамна. Абе, прекраснотија. :lol:
    http://www.supermodels.nl/katarinaivanovska Ај прочитете... „Where: Macedonia“ . Добро бе, зар не ви е мило што е од нашата земја? Ама не... Кој го брига тоа? Погледнете и на другите веб страни кај што се зборува за Катарина. Секаде е напоменето дека е Македонка. Мислам... Не ја сакам поради тоа што „ни ја рекламира“ нашата земја, ама луѓе, од Македонија е. Наша си е. Зар не ви се појавува насмевка на лице кога на некој пријател од странство ќе кажете „чекај бе, знаеш ти која е оваа? Оваа е од тука, талент е девојката!“ ?
    http://nymag.com/fashion/models/kivanov ... ivanovska/ - И тука погледнете.
    Да беше тука Катерина до сега ќе се мачеше. Ќе влезеше во некој спот. И водителка ќе ја направеа. И толку, а сега таму до каде стигна, ееј. Ќе стигне ли некој друг од Мк во D&G?
    Ние дефинитивно не знаеме да цениме. Не. Квалитетот не се гледа тука, а треба.
     
    На bunny19 и rossonerka им се допаѓа ова.
  9. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    инес црнокрак
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Само да кажам за Кате :) ја имаше на ОГРОМЕН билборд во трговски центар на Флорида. Ама такив голем ептен, на два спрата висеше. Кога ја видов се наежив, срварно ми е ќеф за двојката, така гордо си се осеќав :) Мене ми е во фаца многу убава. А за тело нема прашање на вкус, во тој свет то има совршенството. И само погледнете ги поголемиот дел од успешните манекенки го фаца и ке ви стане јасно колу е тоа релевантно. Други работи се во игра. Погледнете Americas next top model и ќе видите какви "лепотиц" стануваат модели
     
    На Ema.Sk, BeYourself, Victorya и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Hи мене не ми се допаѓа кој знае колку Kатарина, па ако сака незнам каква те не кариера нека направи, нејзина работа :) !
    Jа имам видено во зиво, и не ми се допаѓа многу-многу, слабичка е доста, ама ајде ок, такви треба да бидат таму :)
    ствар укуса е, за тоа не треба да се коментира! Cите си имаме различни вкусови :)
    Jас имам ставено Mакедонки што ми се допаѓаат, во предходните страници, ама Kатарина :shake:
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Тие близначките на рекламата на One што се со веслата (незнам како се викаат, нека ми простат! :lol: ) не ми се ама баш ништо посебно! Комшивки ми се во Скопје, секој ден ги гледам и онака просечни девојки ми се!
    Можда интересно е тоа што се близначки, ама мене воопшто не ми е интересно тоа! :!: -Јас се плашам од идентични личности, така да цело време сум под стрес да не ги сретнам од негде! :lol: :rofl:

    А Катарина Иванова има светска фаца! Да ја видев случајно на Fashion, а да не знаев дека е од нашата мила Македонија-никогаш немаше да претпоставам дека е од тука!-Не дека немаме убави девојки во Македонија, напротив ги има многу, ама ретки се тие со онака специфична убавина! :nod: :makeup:
     
  13. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Девојките од Македонија немаат среќа да просперираат на далеку, со познати фаци, да го спознаат светот. Но затоа на ова мало парче земја, растур - систем праат, небаре Холивуд сме. Не ни можам да ги избројам тие џет-сетерки, мислам хелоу, да не им го расипам филмот.
    Единствени манекенки кои се за почит се Маја Сашек и Катерина Ивановска.
    Си успеаја во длабоки води, од рани години, зашетаа на светски - познати писти, алал да им е.
    Не знам зошто Кате е толку плукана, но ајде љубомората очи вади.
     
  14. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    4.701
    Мислење 28 Јул 2011, 14:19
    ...
    Единствени манекенки кои се за почит се Маја Сашек и Катерина Ивановска.


    ми е криво кога само катарина ја величите затоа што има и други манекенки кои почнаа пред неа и постигнаа успех пред неа. е сега затоа што не се рекламираат во скопје значи не се манекенки.

    ана калачовска го освои цел источен маркет. катарина никогаш не ни работела таму. зарем ана не е манекенка? не е истиот тип како катарина меѓутоа исто како и сашек и мартина си има свој маркет кои го владее богами одлично

    мартина павловска е првата што воопшто отиде во странство, неколку години пред катарина. првата што ја промовираше македонија на фтв и во светскиот моден свет, како и единствената што има настапено на сите модни недели: њу јорк, лондон, мадрид, милано, париз и токио. катарина ги нема сите. и мартина не е манекенка?

    ме интересира што овие две девојки не ги прави достојни да бидат наречени манекенки за почит

    п.с. и двете ги имало на огромни билборди во различни градови :)

    ана:
     

    Прикачени фајлови:

    • 3.jpg
      3.jpg
      Големина на фајлот:
      72,1 KB
      Прегледи:
      386
    • 9.jpg
      9.jpg
      Големина на фајлот:
      75 KB
      Прегледи:
      386
    • Screen shot .jpg
      Screen shot .jpg
      Големина на фајлот:
      118,6 KB
      Прегледи:
      386
    • 6.jpg
      6.jpg
      Големина на фајлот:
      108,4 KB
      Прегледи:
      386
    На Divinebutterfly и N.A.T.A.S.A им се допаѓа ова.
  15. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    4.701
    и мартина:
     

    Прикачени фајлови:

    • 8.jpg
      8.jpg
      Големина на фајлот:
      52,9 KB
      Прегледи:
      372
    • 5.jpg
      5.jpg
      Големина на фајлот:
      144,3 KB
      Прегледи:
      371
    • 10.jpg
      10.jpg
      Големина на фајлот:
      140,9 KB
      Прегледи:
      372
    • Screen shot 1.jpg
      Screen shot 1.jpg
      Големина на фајлот:
      53,8 KB
      Прегледи:
      373
    • 04.jpg
      04.jpg
      Големина на фајлот:
      298,4 KB
      Прегледи:
      373
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Ако си збориме искрено, манекенството во Македонија ни е на нула. Од градов од кај што сум јас, имаме 3-4ри "манекенки" во Црнокрак, едната само косата и е убава, има за облека, а за да се среди (нос, заби) нема, нозете криви како на буре да седела. Друга носот олкав крив... Кога види ја низ град, косата мрсна. Па дај бе среди се! Манекенка си или што?
    Третата иста, кога види ја по "ревии" едни исти штикли, а секоја вечер во различно облечена.
    До каде со вакви манекенки?!

    Во Македонија има исклучоци, ама ретки!
    Катарина е препреубава пример. И за некои такви е навистина срам да се споредуваат со некои... какви што кажав дека ги има!
     
    На Shaila му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Мене ниедна не ми е убава искрено да ви кажам :^)
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    манекенство не е еднакво на убавина
     
    На BeYourself и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Не бидете љубоморни скоро па сите се убави. Признајте си го тоа веќе еднаш.
     
    На crnobelisvet и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    не се согласувам со тебе, не се сведува се на убавината, тука е и талентот,шармот,стилот, итн.итн.
    сигурно не за безвезе и поради тоа што ниту една од нив не е убава не достигнале до овде.. :)