Македонски менталитет? Некултура, завидливост, озборување, нагласен субјективизам, отсуство на самокритичност, експертиза за секоја област, суеверие...
Неработен народ сме. Сум работела во три фирми досега, значи сум била во контакт со над 200 луѓе вкупно, и дали познавам 5-6 луѓе кои се професионални, културни, фини. Не, секој гледа да задоцни ако знае дека нема да му речат ништо, или ако му реагираат ќе смисли изговор, барем еден час поминува во пиење кафе и пушење цигари. Роднините веќе не си помагаат, напротив кој на кого да наштети. Култура немаме, полицајците први плукаат на улица, а тоа е казниво по Законот за јавна чистота. Кој тогаш да казнува? Тонеме во некултура едноставно.
Јас сум албанка ама нема везе тука сум родена и порастена а и општо мислам дека цел Балкан го има тој менталитет никаков. Секој да знае за секого, завидливост, да направи повеќе од другиот за инат не дека го сака нештото или дека има можност ама за да се покажи. Фалење глупости, традиции глупи се мажиш за сите во фсмилијата не за еден. Ама имаме едно добро сепак сме топол народ, ведри и можам да кажам директни и често кажуваме тоа што ни е на душа. Шветска сум сега и тоа ми фали, овде се од околу зборуваат и многу им смета кога си директен. Никој не доаѓа во лице да ти каже тоа што треба него се се заобиколува. Мк тој проблем го немаме иако и кај нас има дволичност ама често многу работи директно се средуваат.
Кога ќе се собере и одземе, кај вас и кај нас добро е тоа што сте и сме гостољубиви. Работев хонорарно и рпи тоа морав да посетувам и албански домаќинства, и ме изненади таа гостољубивост. Сите нудат кафе, сок, дури еднаш ми се случи девојка чоколадо да инсистира да го земам, иако тешко зборуваше на македонски, едвај ми кажа. Тоа ме изненади, гостопримството, ама па кога ќе помислам од друга страна, и нас дома ни донесувале градежни материјали Албанци, па сме ги нуделе кафе, сок, колачи...
секоја генерација напротив е се повеќе и повеќе катастрофа за твоја информација... А баш па младиве, на пример децава немаат никакво детство со телефони уште од 3 години брканица уште малце да ги прашаш не знаат што е, не се дружат меѓу себе... А општо за менталитет сме толку неписмен народ (со исклучоци секако да не се навреди некој) што е невидена работа, толку олош народ што гледа да ти напраи позади грб да ти биде се најлошо како никој друг, катастрофа огромна сме стоиме у место, и се повеќе и полошо ќе биде барем секако според мое мислење.
Менталитет нема врска со писменост или детство. Глеј што не сме толку закрцани веќе. Порано ако било срамота со дечко да се бациш у јавност денес не е, ако било порано срамота или табу да имаш партнер од разл нација/вера/религија денес не е. Ако порано било срамота да носиш кратки суќњичиња, поотворени маици денес не е. Менталитетот е свеста. Може новиве генерации не сме цвеќиња за мирисање и си забегуваме по малце ама има далеку помалце стереотипи и предсрасуди со секоја наредна генерација.
Срамота да имаш партнер од друга нација (со иста вера) па и не било баш некој срам или проблем Ама си се зезнала ако мислиш дека повеќе не е срамота да имаш партнер/ка од друга вера, многу си се зезнала... , не сакам ни јас да биде така но така е и уште долго ќе биде, за некои не е ете срамота но за поголемиов дел е дефинитивно. Па и да, ради тие кратки сукничиња од што бидна не срамота да се носат почнаа 14-15 годишни девојчиња да ги носат, па сега ти види дали тоа е плус што веќе не е срамота или огромен минус И да, закрцани сме, и тоа ептен сме закрцани, почни најпрво од самиве политичари. И све ова влијае страшно на нашиот менталитет.
Како и да е, доста различни размислувања имаме меѓусебно на оваа тема, според мене, тонеме, и во менталитет а и во многу други работи... За некои не е срамота и е нормално (10%) За некои е срамота и не е нормално (90%) Тоа е за жал нашата Македонија...
Менталитетот ни е дно дна општо. Последно гледам на 1ТВ избираат некакви си музички ѕвезди,маа она е мизерија бе тоа кандидатите изгубени не знаат што зборуваат и каде се наоѓаат,потоа тие од жирито цело време ги исмејуваат кандидатите што и како пејат а пак водителите едниот е Жаре Бербер (не знаеш дали е водител или дел од жирито) и таа со него појма неам која е,се глупираат нешто како некој дебили таму се на се баш е прилика за тоа каков ни е менталитетот и какво дно сме.
Пушти тв и ќе видиш некултура што е. Нема критериум. Кој стигна стана водител, јас ја гледав Елена Живот со стил на Џаро какви селски прашања му поставуваше. Тотално неподготвена. Кај нас се мисли треба изглед да имаш и готово водител си, или се дотеруваш и готово, а памет нула. Култура нула, персирање не знаат што е. Сузана Турунџиева гостите ги прашувала порано дали користат сексуални помагала, дали е важно како жената е облечена „доле“. Ауууу. Маја Поцевска на членовите на групата Амадеус им постави прашање дали би ожениле девица. Мишко Иванов ја праша Есма во Патот да успехот, дали не можела или не сакала да има деца. Црвен кратон би им дала да сум уредник.
Даа да и упорни се со нивниот дебилизам и сељачки однос. А она што е на Сител "Мерак меана", е тоа е врв свадба без невеста што се вели!
Садо-мазохистички став во животот и такви очекувања од другите. Најсељачки abuse си прават на големо. Отсекогаш ми биле чудни колку одвратно постапуваат едни кон други и по жестоки кавги, после подлости, пак си се упикуваат, се дружат заедно како ништо да не било. Ја за среќа не сум ваква, на татко ми сум, еднаш ќе ми згрешиш намерно, очи нејќам да ти видам, не да ми приоѓаш, да ми се умилкуваш. Ме потсети скоро на ова особа што се врати од странство пак да живее во Македонија (силом прилике ја слушав), вели и недостигал животот во Мк, тука можеш да се искараш и утре пак да сте заедно, а таму внимавале како се однесуваат едни со други и не простувале. И го кажува првото ко да не е ништо лошо, второто не и се допаѓа како некој поставува граници и има достоинство. Претпоставувам повеќето така си размислуваат.
Јак менталитет имаме. Од каде пари за да купите стан? На некои не им е јасно дека млади можат да стекнат нешто свое. Зошто татко ти не се прежени? Изгледа ако некој остане вдовец не смее да биде сам. Зошто зема маж од село? Изгледа градска девојка треба да се омажи за градски дечко. Не ти смета да работиш во таква состојба? Изгледа луѓето со деформитет се неспособни за работа. Х уште не зборува чисто? Моето внуче уште на 2 години зборуваше. Аха, важи. Некои луѓе немаат друга работа па поставуваат прашања што не треба да ги постават. За небитни луѓе имам одговори. Па ме гледаат како телиња.
Таа Елена-Живот со стил, многу добро ја познавам, комшика и беше на братучедка ми, никоја и ништо беше, ај да не зборам, сега ќе се прави некоја. Секој стана водител, извинете-инфлуенсер/ка. На темата-имаме заостанат менталитет, секој го интересира туѓиот двор, никој не си го гледа својот. И јас познавам многу што се вратиле од странство баш поради ова што го пиша, таму немало дружење, и да има еднаш ако згрешиш на некого и толку е. И јас сум таква, доволно е еднаш некој да ми згреши и го бришам. А не како некои денес се тепаат што се вели, утре се гушкаат, исто како за предновогодишните прослави, на работа очи не сакаат да си видат, на прослави како да се неразделни другарки, од утре повторно исто.
Гадно лицемерие. Има ли подолно од ова? Лице ти праи, ти се улизува, а позади грб се најлошо. Да, карактеристика честа е за нашиов менталитет и многу добро го отсликува народов. И добро да беше само за колеги на работа туку и за пријатели, другари, познаници блиски и не толку блиски. Разочарување во секој поглед. Друга типична македонштина, сеирџии што сме и што се радуваме на туѓа мака, ситење онака од мерак. Нит го знаеш, нит го познаваш, а лошо му мислиш. Емпатијата изумрена е скроз, ма ич не се потресува и не го боли за друг, да пробаш да се стаиш на место на другиот, јок. Туку да може уште полошо да му е. А за колнења, клетви и остали гадотии... Постариве обично ова го практикуваат и после младите не чинеле. Фб само види и све е јасно, барем не се кријат, јавно си се покажуваат. Многу е лош народов, злобен и одвратен и љубоморен исто така, тоа да не го забораваме. Ќе си пукнат од љубомора ако некој видат дека е среќен и си го живее животот по свои правила. Многу мрчиме нели и плукаме по све живо и диво ? Македонче типично. Има ли бе друг народ вака шо волку си го руга својот народ, се мислам нема, кој е ко нас, никој. Колку ми е жал вака што толку се е негативно, ама како да се правам дека се ко што треба? И мене лично, кај нас коа нешто добро се дешава за било што, чудно ми паѓа и дури неверојатно ми е, што е толку поразително. Уствари имало и нешто позитивно, како што погоре спомнале, експерти врие и сезнајковци, познавање од буквално све и продавање памет.