мора да се самоцитирам зашто касно е за реадактирање, сега видов што глупост сум напишала вчера сакав да кажам дек никој од нас всушност не гласа, само навиваме и после се нервираме кога ни испаднал фаворитот
Леле , се сеќавам и јас на Димитар!!! Бев 7мо и бев вљубена во него. И се сеќавам можеше тогаш само од Т-мобиле да се гласа, а јас имав број од Космофон и ептен бев изнервирана бидејќи не можев да гласам. А сега , ок сега и да сакам не можам да гласам , ама мислам дека и да имав можност немаше да си го трошам кредитот.
ЈАНА најдобра ептен убаво испеа овој пат не е како овие другите кандидатки што се дерат и викаат.. И Бети убаво испеа, но не заслужи да испадне. Јуле и Емилија пеат никако за разлика од неа Мики браво за него еве од сега имам уште еден идол покрај Јана. Христијан и Виктор оххх се нервирам кога ги слушам. Баш убаво што овој Христијан го спуштија малце на земја, и драго ми е . Кога ли ќе испаднат
Од кај да почнам ... Дејан - без емоции, укочен, здрвен и несигурен ..... Ако вака продолжи, никад нема да има квалитети за да стане ѕвезда. Владо кога ја пее Црно тиквешко, солзи може да ти потечат, а овој пееше ко само редот да му помине изгледа. Билјана - убаво пее, најдобра ми беше од девојките синоќа, и лежеше песната. Но, ме нервира девојкава како појава, се прави или е, многу фина, мила, златна, ко на мравка да не гази, а такви девојко, извини, но не постојат во денешно време Бети - жал ми е што излезе, не и беше време да си оди сеуште. Убав глас, нежен, убава појава, а и мн добро ја пееше Сонце во твоите руси коси. Но, тоа е што е. Не ми е беше фаворит, но секогаш ми беше ок Емилија - девојко, не знам како си влегла во првите 20, кога сигурно си го зафатила местото на некоја што знае да пее! Жива катастрофа е! Абе, ова жирито и гласачите глуви се мајката?! Најлоша ми е од сите, одма дома! Јана - за мила, мила е, ама колку е мила, толку е и лигава. Тина Тарнер ја отпеа фантастично, али од тогаш ништо не видовме од неа. Нека најде некоја песна со која ќе покаже што може, оти вака .... и се наѕира патот кон дома. Нико - фантастичен глас, секогаш пее извонредно, му лежи и поп, и рок, и опера. Не ми е фаворит, но е секако во топ 5 на идолов. Сношти ја одбра песната што секогаш ме расплачува . Браво за изборот! Христијан - лигав, несериозен, убаво пее, убаво глуми, убаво се прави, само да не се занесува многу, и да не се преценува. Не ми е фаворит, да бирав меѓу него и Бети, он ќе си одеше. Виктор - убавото Битолчанче, само тоа му е квалитет . Шала на страна, убаво пее, има онака чист глас, како ја испеа Боже, чувај ја од зло, немам зборови. Но и тој е многу уфуран, занесен, лигав, ко којзнае што да постигнал и ко којзнае што да е. Само ќе го запаметам по убавото лице што го има, гласот просечен. Јулијана - девојкава од Алиша Кис натака се изгуби. И претходната вечер и сношти беше заникаде. Најди си некоја песна што ќе можеш да ја изведеш Јуле, оти апла работава. Ивица - ама сосем сум рамнодушна кон дечково .... немам коментар. Само споредбата со Џон Бон Џови, хахахаха, мало сутра! Мики - , извонреден секогаш, толку убав, чист глас ретко слушаме. Никогаш не сум го видела да се занесува нешто на тв, знае за што е дојден и се гледа дека е добра душа. Пеењето му е вонсериско, сношти е вака бев ..... Иван - се знае кога се става шлагот на тортата! Моја гитара ..... абе свршувачка!!! Иван реков дека ми е фаворит уште од почеток, така ќе си остане и до крај. Убав, згоден, неопходен .... Не се сомневав дека супер ќе ја испее песната, на секоја свирка скоро ја пее, али сношти беше посебен. Најдобриот настап! Иван, само напред!
Епа, не може да биде фер, кога се плаќа за гласањето.. Реално гледано, колку луѓе се спремни да си го потрошат кредитот да гласат за својот фаворит?! Зошто не направат официјална веб страна и преку неа да може да се гласа без пари, како што е случајот со Американскиот Идол? Само тогаш ќе победи најдобриот, и ќе можеме да кажеме дека изборот e ферски, а вака ќе победи оној чии родители имат ,,најдлабок џеб,, . Така е било одсекогаш, така ќе биде и сега, за жал.
Џабе се нервозите, кога одамна знаеме како функционира гласањето кај нас. Глас на 100-тина тинејџери што си ги бодрат фаворитите не може да им парира на стотиците ваучери од по 1000 денари кои ги раздаваат со една цел - да се гласа за дотичниот кандидат. Стара финта е ова, само кој може да си го дозволи. Мислам, кога еден кепец ко Ноне можеше да догура до второ место (ќе не казни Господ за ова), а да нема ни глас ни стас, можат да се провлечат и фаци ко Јуле која талентот ваљда го наследила од некоја магарица во сезона на парење. Немам ништо против девојката, ама за разлика од Бети која испадна, оваа може вода да и носи.
Ауууу не можам да ве дочитам девојки стварно многу сте изнапишале. Слушнав Бети испаднала, стварно голема штета таа беше најдобриот женски вокал. Е сега прво едно големо уаа до водителите, подосадни не можеле да одберат. Веќе иритират со нивните коментари.... Исто жирито на нерви ми оди, сите бевте супер, одлични сте, бла-бла, кога ни о од одлични нема Само Христијан малку го искритикуваа, и тоа не беше ништо во споредба што испеа катастрофално, па им коментираат стејлинг, алооо не го расипувајте шоуво со стајлингот, посебно Калиопи отупе со тоа, како божем да бареме најдобро облечен човек. Повеќе од пола учесници беа подпросечни.... Јулијана-девојкава не знае да пее, јас стварно не знам како до сега не е испадната и кој толку гласа за неа, и како некој само може да помисли дека девојкава убаво пее. Емилија- Не можам да ја гладам од што ми е антипатична, како машко се однасува, ушта помалку можам да ја слушам, катастрофи е... Билјана- Солидно, заедно со Бети се најдбори од женските, уште една ќе повторам многу ми е криво што испадна Бети, значи неверојатен глас има. Јана ли се викаше таа што демек мразела патетики, романтики, мене девојчево ме воодушеви со песната од Тина Тарнер но од тогаш поминаа 2 или 3 недели, ама вечера не м бендиса. Дејан- Добро бе само мене ли ми е досаден човеков, не го ни гледав кога видов дека тој ќе пее... Ивица-Леејјјј песната колку ми е убава, а тој паа просечен. Христијан-Важно поскока на сцената а дали испеа солидно, гајле му е...важно жирито ќе рече дека бил прекрасен -.-. Не,не она вчера не беше ни за на улица да се пее а камо ли за на телевија, буквално ме оглуви. Виктор- Си ја прилагодил песната според гласот, мислам дека за прв пат не се обиде да го копира оригиналот, ама многу се крева бе почна и мене на нерви да ми шета... Нико-Една од моите омилени македонски песни ја пееше, дефинитивно има глас човеков. Само малку ме изнервира кога рече дека трите столчиња не му одговареле него -.- И за на крај Мики- човеков прв пат кога го видов си викам кој е сега овај од кај го ископаа...Ама кога го слушнав како ја пее Секс он фајр останав без зборови, според мене Мики до сега е најконстантен од сите, сите настапи му се перфектни. Едно големо браво за него! Знаев дека некој заборавив срам да ми е Иван го заборавив, тој да ти навивал за Челзи-мој човек , вчера и тој доста солидно ја испеа песната браво и за него
Нико,Иван и Мики така полееека ме пленат Ме воодушевуваат секоја вечер,така не можам да се соземам после тоа,особено Нико,мојот најголем фаворит на идолов. Гласав синоќа за Нико,два пати Знам дека ќе победи некое лигле,од чиста причина што овде не се цени гласот туку изгледот. Денес на школо сите девојчиња буквално вака беа.Ах Виктор Кај мене Кике не го сакаат,само Викторче Како и да е,сакам да победи или Нико или Иван или Мики.Морални победници се!
http://www.youtube.com/watch?v=9pPbLBKLc1Q&feature=autoplay&list=UL_rXLQiJGnqA&index=6&playnext=8 прекрасен настап имаше
Бети можеби не требаше да испадне, ама Христијан ТРЕБАШЕ! Поголемо лигле од него немам видено. Баш ме интересира зошто плачел, па да видам во Екслузив!
Значи чудо е колку на почетокот ми беше одбивен Мики,... првата емисија бев ко уатевер ... после си реков, абе види го дечково, супер е... за кога го изгледав вчерашниот настап.... решив дека ако го сретнам на улица ќе му се соблечам гола! Ми се бендиса што веѓите и брадата му ги потсредиле малкуцка,... малку поприроден треба да биде... да си ја смени козметичарката што го чупка убав он, срцкест ми е ептен На почетокот, фаворит ми беше Виктор... ама кога почна да се крева во облаци и да се занешава... ми стана одвратен... кој високо лета ниско паѓа... јесте дека пее убаво, ама мислам дека треба да знае оти мине на лепота... заедно со Христијан... лиглесто створење цела дечурлаана е попалена на нив, и страв ми е таквите како Мики - и како Бети вчера - да не го кркаат заради нив... И уште еднаш, браво бе Мики, кога ќе стане жустро ќе гласам за тебе, сега си сигурен
И мене Мики ме фасцинираше со последниов настап. А онака ниту го сакав, ниту го мразев си имам други фаворити кон него неутрално.. Но како испеа синоќа ма секои 5 секуни викав браво човече растураш Е тоа ти се вика идол, да направи со своето пеење да земеш телефонот во раце и да гласаш за него иако претходно не си планирал такво нешто.. Искрено никогаш не претпоставував дека за Мики ќе гласам некогаш ама ме остави без зборови со последниов настап, си викам ма ете ти Идол алал да му е Зедов мобилниот и две пораки пратив, ич не ми е жал уживав додека го слушав. Дефинитивно и Мики од синоќа ми е фаворит. Ма просто не ти треба стас кога човекот има премногу моќен глас. Жалосен е овој Христијан, ај сфаќам убав им е го гледаат, со тампони во уши најверојатно..не верувам дека би сакал некој да го слуша како пее Ама да не се погоди некогаш на радио да го чуеш, е тогаш нема бегање.. мора да се вади штекот
Мики најјак! Мики најјак ! Мики најјак ! Луѓе, не се надевав дека од ова човече ќе излезе таков глас ! Таква интерпретација, таков однос кон сцената, такво држење! Браво, ме воодушеви со последниов настап ! Убедливо најдобар, заедно со Иван,Билјана,па и донекаде Виктор Жал ми е што испадна Бети, прекрасно пееше девојката, ама тоа е, местенки насекаде. За Христијан не коментирам