Значи иако веќе се имам изјаснато дека Иван ми е фаворит, сега се изјаснувам дека имам двајца: Мики е вториот! Кое гласиште човече
Во понеделникот гледав идол во живо, и морам да кажам дека бев задоволна од повеќето кандидати.Нико се покажа многу добро, има моќен глас.Инаку Кристијан е премногу лигав, си седевме со другарка и го коментиравме и типот ни намигна, и едни девојчиња позади нас збеснаа, не знам што толку го идолизираат, сепак нели идолот треба да има глас а не само изглед?Инаку го бива за на сцена, но треба да поработи повеќе на своите музички способности.Мои фаворити се Јана и Виктор, па ќе видиме за понатаму
Пријателски настроена Ирина Даскалова од магазинот „Крема“ си поразговара со Христијан Тодороски. Како блиска пријателка, не сакаше да останеме и ние во информациски мрак, а ни вие, па ни го кажа муабетот. Не во „трач-контекст“, туку како заинтересирани страни за приказната меѓу Христијан и Лаура. Лаура се пријави на „Идол“ заедно со нејзиното, веќе поранешно момче, Мики. На половина пат тој отпадна, но продолжи да ја поддржува својата девојка. Дали Христијан е причината за крајот на нивната врска или тој крај се очекуваше? Еве што вели Христијан, погледнете ги и фотографиите десно од текстот. Колку ти годи популарноста? Да ви кажам искрено, засега ми годи. Откога ме препознава јавноста, имам повеќе привилегии, на кој не би му годело. Моментално ми е супер, за понатаму ќе видиме. Видовме дека имаш амбиции и кон актерството. Актерство или пеење? Тешко прашање. Моментално пеењето ми е приоритет, но кога ќе се запишувам на факултет, тоа ќе биде актерство. Откога се појави во јавноста, реши да се тетовираш. Зошто сега и кое е значењето на тетоважата? Не беше тоа пресудно, одамна сакав да се тетовирам, но ми требаше време да ја осмислам тетоважата. Случајно се поклопи периодот, се тетовирав на десната рака, виолински и бас клуч споено, од почит кон музиката и ѕвезда со натпис „Only god can stop me“ посветена на момците кои даваат секакви коментари за мене, особено кога нивните девојки ќе дадат коментар од типот „симпатично момче“. Веќе сме запознаени за тебе и Лаура Крлиу. Како ја освои? Сè уште ја немам освоено, рано е. Со текот на времето ќе дознае и јавноста, никаде не брзаме. Ќе ви откријам дека често контактираме, се слушаме, се гледаме. Од кога трае оваа врска? Не постои врска официјално, но се дружиме околу две-три недели. Дали тоа е причината за крајот на врската помеѓу Лаура и Мики? Колку што знам, тие пред тоа имале проблеми. Како што кажа тој, „прелеала чашата“, поетски кажано. Ова било само причина повеќе, не сум запознаен со нивната ситуација. На претставувањето на Лаура за влез во финалето на „Македонскиот идол“ го видовме и Мики. Колку ти пречеше тоа, како реагираше? Напротив, ми беше драго што дојде да ја поддржи Лаура. Тој мене ми нема ништо згрешено, не се ни познаваме лично. Искрено, мене не ме интересираше тој, туку таа. Дали сметаш дека оваа врска ќе ти помогне во „Македонски идол“? Не, тоа меѓу нас е приватно. Сметам дека само мојот труд може да ми помогне, ништо друго. Доколку ми беше тоа помош, немаше Лаура да отпадне, така? Не го мешам приватното со професионалното. Што најмногу ти се допаѓа кај неа? Пред сè, за некој да ти се допадне, најпрвин треба да те привлече физички. Многу ми се допаѓа нејзиниот став, таа е многу фина, не ни очекував дека ќе имаме толку разбирање. До пред три недели, искрено не можев да ја гледам, мислев дека не би можел ни муабет да направам, сè додека не ја запознав. И ете до каде дојдовме. Според тебе, колку ќе трае оваа врска? Рано е, но што е до мене, ѝ посакувам светла и долга иднина (се смее). Колку е посериозна Лаура, со оглед на тоа што е постара? Љубовта не познава граници, иако не сме многу разлика, таа е постара само неколку месеци. А дека е посериозна, тоа е точно. Можеби ќе успее и мене да ме промени, засега ѝ успева. Ова Христијан ѝ го кажа на Ирина од магазинот „Крема“, а ние ви го пренесуваме. Она што нашето љубопитно око го забележа на последната гала-вечер на „Идол“, кога Христијан беше меѓу последните двајца за излегување од „Идол“. Во моментот кога Ненад и Ивана ги прашаа присутните од салата, кој треба да остане Елизабета или Христијан, Лаура, која седеше близу до нас, со сиот глас викаше дека тоа треба да биде Христијан. Доколку сакате да ги прегледате сите настапи од втората гала-вечер на „Идол“, следете го ЛИНКОТ. За фановите на Кико http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/idol/i ... a-za-laura Според мене ич не си одговараат Лаура и Кико како пар П.С. Многу по нерви ми оди детево
Гледам македонски идол и оваа е мојата топ 3 листа иако и Кристијан и јана се добри но мислам дека трката ќе биде меѓу овие тројца кандидати и да жал ми е што излезе Елизабета сепак добро се претстави вечерта http://youtu.be/SRl2DoLE7Dw http://youtu.be/q7sibftR0Kg http://youtu.be/4B3ykxfpRgM
Малце барав на интернет и го најдов ова http://star.mmm.com.mk/Text1a.asp?id=2575&Rubrika=Vesti СДП дали ова е истиот Иван од идол!?!?!
4екај и јас да кажам нешто за идолот. Зна4и ако зборуваме за глас Мики и Нико се многу добри. Ама Нико мн се дигна во последно време и тоа баш не ми се свиѓа, а Мики си е ок. Иван мн добро пее и онака фин си е де4кото не ми изгледа мн опнат. Кристијан многу некако ми се праве ај да не кажам ама ќе кажам лигав . Од женските мислам Бети беше најдобра ама испадна. Ина4е Билјана пее најдобро од овие што останаа мислам. Ете Деан за малку и ќе го заборавев оти детето неккао и4 не влегува во о4и мн е просе4ен ако може така да се изразам. А ина4е најмилна ѕвезда ми има Виктор, вака знам дека детето малку повеќе се занеси и мн мн се дигна и тоа мн ме нервира, ама ако приметите на последниот настап се контролираше и не напраи никаква глупост и не се креваше многу над другите според мене, а ина4е и за пеење си е супер, само до сега се така некои мирни песни пее се надевам во иднина ќе испее нешто по рок... Ина4е сите си имаме право на сопствени мислење и на сите разли4ни ни се допаѓаат и тоа си е најнормално...
Омг ич не личи на него, ама тој е бидејќи има исто име и презиме и овај свири на гитара и од Гевгелија е уф big change не личи на себеси
За Идолот морам да кажам дека најголемата грешка беше што отпадна Бети,мислам дека девојката има стварно преубава боја на гласот,убаво се претстави,ама тоа е тоа,а кога се одлучуваше дали ќе биде Кристијан или Бети.....па ви се молам Кристијан нема допирна точка со Бети.Убаво му кажа Калиопи дека повеќе не може само да ја шармира публиката,да глуми некое си лудило туку се бара на идол пеење а на циркузанти.Али тука сме ние женските-збудалија по Кристијан и гласови од сите страни,а наместо да цениме гласовни способности,ние го цениме физичкиот изглед,па ова не е Мис на Македонија,ова е Идол,ама кога веќе вака почнаа.... Бети ми беше еден од фаворитите(од женските) а Нико од машките...ама по се изгледа некој друг ќе победи.
ааааахахахахахахахаха Бети и останатите учесници ги читале коментарите на фемина. Еве во Екслузив си кажа Бети за фемина форумот и темата за мекедонски идол, дека имало секакви коментари
Е истиот е. Кул е и вака, ама со кратка коса е боље. Патем, се убив барајќи вакво ланче, а ете кој го имал.