Баш така. Во стилот "кога хејтерот ме плука од љубомора пука"...или "love me or hate me, I'm famous/i'm gonna shine" или "Da mene nema neke osobe ne bi imale temu za razgovor.." и така натаму.....
Мене ми личи или од овој идолов ништо чудно да се роди некое мало идолче . Шо е бе ова, неможам крајот да им го најдам..Овој бил со оваа, ама по шо оваа кладела слика со онојјјј, овој се изнервирал и на оваа другата која пак него го сакала и отишол и ..Бетер комплицирани од лисјата се сторија овие
ej луге,популарни сме биле бе јас ко слушнав првиот пат ко спомна фемина викам да не не сум слушнала убаво,дека се заминавав нешто низ дома,заслушав убаво глеам пак фемина.мк,викам абе за феминава наша збори ги читале нашиве коментари па може ке им влијаеме малце,сепак ова овде се искрени мислења,никој нема материјална корист ако постира мислење тука..
Јас за Бетка да кажам: Според мене максимално се исглупира момава, со то шо глумеше Dr. Phill, и се изнајаде за сите ла*на. Многу ми беше криво што испадна некни, во споредба со Џастин Бибер од Прилеп се додека не ја погледнав во емисијава денеска, и тотално ми се одмили. Онака не се прифаќа пораз, излезе и ајде сега овај вака, онај онака, ексклузивни информации my ass, се кажа Денис, Лаура Фернандо шпанска серија. Многу ни е галје нас што правеле, туку барем лице да си остаеше ко културна, на ниво, утре другиден да напрај песна некој да ја слуша. Ич неубо изиграно, и арно што отпадна, скрос ми се смени мислењето за неа. Македонска работа, да му умри козата на комшијата. А за фемина шо кажала не слушнав, арно му текнало, има и од кој да прочитаат и да научат нешто.
И на мене не ми се допадна Бети,и предходно немав некое којзнае какво мислење за неа,вечерва само ми го потврди тоа.Ми делуваше некако неприродно,неискрено,а со тоа што почна да кажува за сите кој што правел,ич не ми се допадна,делуваше како да е отидена таму само за да трачари. Во врска со пеењето,стварно има квалитети,иако на моменти знае да падне интонативно,а и Сонце во твоите руси коси ја испеа цела песна понискоа најмалку за пола степен. Како личност ме разочара,што знам,таков впечаток добив... ама мислам дека прерано излезе,пред неа требаше да излезат барем Јулијана, Христијан,Виктор... ама тоа е,немала доволно гласачи Инаку,интервјуто е почнато сега(мислам)сега пееше ако не е реприза од сите настапи
Билката да пушти А1 ! Да види дека момиве овде шо цело време ја баботеа темава во Понеделник навечер вроди со плод
Спојлер Бети реклама правење N.1 Ееее ги читале коментариве Чим така ви мафнувам Некои и по два пати треба да ги прочитаат, не само еднаш!
Што зборите? Ја спомнале фемина на А1??? Туууууууу како не гледав! Морам да го гледам интервјуто,ај барем на нет нека го стават. Иначе,да си кажам за Елизабета дека така малку ме нервира,да не речам дека ми е антипатична ама во секој случај сметам дека немаше потреба овој круг она да излезе бидејќи нејзината изведба беше каде каде подобра отколку изведбата на Христијан. А и овој Христијан нешто се треска од земја во последно време, почнува се' повеќе да ме нервира! И сега за сега решив да немам фаворит зашто секој понеделник ми се менува мислењето-тој што ме воодушевил со своето пеење,наредниот пат ме разочарува и обратно па да видиме како ќе се покажат следниот понеделник.
http://mesto.com.mk/video/MMU72H92Y3RD/ ... ian-Idol--Елизабета-Јовановска-интервју-12 Еве го интервјуто за тие што не го гледавте едит: го изгледав сега, не е целосно интервјуто, тука на крајот кажуваат за фемина, бидејќи си пишува дека е прв дел, најверојатно ќе го има и останатиот ама не е уште аплоудиран. И понатаму пак ја спомнуваат фемина, кажува конкретно форумот
Ахам... Значи се докажа сега дека стварно самата Емилија се бранеше овде на форумов Гревче, ги читала коментарите и не можела да се воздржи, па оп одма нов профил претставувајќи се како колешка на Еми
http://mesto.com.mk/video/1UOO9UM5AN97/Macedonian-Idol--Елизабета-Јовановска-интервју-22 Еве го и вториот дел
Нека не ве чуди и Бети кокошката ако се појави и почне сама да се брани Баш убаво барем сега си знаат што им мисли народот. Еј и да Нико скрати си ја косата така ќе си поубав!
We are famous! Сега го гледам интервјуто, и сега кога знаеме дека не следат редовно, само да си кажам: Не може секој да ги сака, секогаш ќе има и хејтери, дијл уит ит. И јас да сум на нивно место, повеќе би ги слушала овие коментари и совети, што доаѓаат од социјалните мрежи, отколку тие од жирито. Не викам дека не се компетентни, туку викам дека се многу благи према сите! Помалку филмање, повеќе работење! И слободно можете да го изимитирате и мојот пост, ако така милувате. Ајт сега, поз4иња до следната гала ве4ер! Спојлер И уште, ај промис, последно е: Топ сте, кис4е!
Бидејќи темава ја читаат идолите, една порака до вас: За мама, тато, дада, бато, дедо, баба, за вашите блиски пријатели, вие секогаш ќе бидете најдобри. Никогаш нема да добиете критика од нивна страна колку и да заслужувате. Најискрените, а воедно и најобјективните коментари ги добивате овде - на фемина, на фејсбук и на сите останати веб страни каде публиката (знаете, онаа која впрочем гласа за вас), ве оценува најнепристрасно. Затоа треба да обрнете внимание на таквите коменари, безразлика дали се пофалби или критики, а не да ги занемарувате. Интервјуто со Бети само што го изгледав и не знам зошто и дадовте критики. Јас очекував да каже којзнае што, да почне да зборува за сите еден по еден, да каже што им недостасува. Коректно се постави според мене, а и Жаре малку ја буцкаше Штета што испадна, еден од фаворитите ми беше. Јулијана и Емилија ми се страшно одбивни и стварно не знам како догураа до тука. Емилија како на нос да пее, а Јулијана многу ми е агресивна на сцена! И двете се преценија во понеделникот и одбраа песни за кои гласовните способности воопшто не им одговараат. Јулијана која и песна да ја одбере, настапот се знае каков ќе и биде - клечење на сцена небаре има менстуални болки Ни фармерки со низок струк не знае да носи. А Емилија како затната пее, толку немилозвучен глас има... Јана ми е симпатична, ама ептен е лигава. Не знам зошто и е такво однесувањето, ама ајде ќе и прогледам низ прсти заради годините. На Виктор само една замерка ќе му најдам, онаа која впрочем и Бети му ја кажа - да не се фраеросува толку на настап. Инаку супер си е дечкото. Нико ми делува многу скромен, одлично пее и дефинитивно ми е еден од фаворитите. Иван ептен пријатно ме изненади последниот пат, а минатите вечери не ни го забележував Дејан, Мики и Ивица ми се океј, посталожени и не се толку уфилмани. Позрело се однесуваат, барем за разлика од Кристијан кој ми е тотално одвратен! А Билјана од девојките ми е фаворит.