Тука сме со размислувањата за идолите со исклучок на Нико. Јас воопшто не мислам дека е скромен. Тој во себе ја има скромноста, но ја потиснува бидејќи веројатно смета дека на сцена и пред јавноста ако не покаже заби, нема да успее. Ете ваков е мојот впечаток за Нико. Не можам да го побијам фактот дека дечкото има прекрасен глас, но исто така мора да кажам дека е и далеку од скромен и токму тоа е она што не ми се допаѓа кај него. Неговата нескромност, самоувереност и самобендисаност не би ме натерале да гласам за него. Сето тоа што погоре го наведов е добро, но кога е во умерени граници. Јас кај Нико во секое негово интервју забележувам поголема количина од сето наведено. Тоа впрочем и Калиопи му го укажа минатиот пат. Иако со голем дел од коментарите на жирито не се согласувам, овојпат со коментарот на Калиопи во целост. Морам да кажам дека жирито е многу меко и попусливо со нив. Идолите прават понекогаш такви киксови, кои навистина заслужуваат искрена критика. Поштедени се, можеби и токму тоа им ја зголемува самодовербата.
^^ Што знам, јас со таков впечаток се имам стекнато. Ама како што кажа и Бети - на почетокот сите имаат маски, а кога веќе се 24/7 заедно, сфаќаат какви се всушност вистински. Така што верувам дека секој има некоја скриена карактерна особина која не ја покажува, барем не на сцена
Е па мили ем драги идолчиња, шегувајте се со коментариве ама и прифатете ги, тие се најобјективно кажани од "обичните луѓе" - знаете баш оние кои ве гласаат или не. Добро би било кога би прифатиле барем нешто. позз btw Бети убаво си кажа, не знам толку што ве изнервира, баш си беше коректна со коментарите
Абе дај идоливе ако читаат нека дадат некоја карта. Па редовно пренос вршиме, бодриме, навиваме, критикуваме.
Правилниот текст е:И моето цвеќе не го примаш веќе. Тој испеа: И моето цвеќе не го земаш веќе. Срам му било да каже примаш демек...не разбрав ни јас добро. Како и да е,прекрасно испеа
Се изгубив во времето и просторот, темава гори а јас се чешлам. Ете колку сум заинтересирана Вчера а и пред некој ден ги следев пејачиве т.е. натпреварувачиве и што да кажам освен - ајде белким втората сезона ќе биде поарна. Прво морам да кажам браво за иницијативата да има македонски идол, ептен ме израдува. Второ - браво за жирито. Големо УА за водителката, тоа веќе сум пишала некаде - страшно многу ме иритира нејзиниот глас, дикција, завлекување на самогласки немајќи доволен вокабулар достоен на водителка и мислам дека има силен скопски дијалект - а мене каков и да е дијалект на кој и да е медиум едноставно ми пречи. Е сега на финалните кола малку се изгубив бидејќи следам уште неколку други странски идоли но од она што видов дефинитивно сфатив дека оваа сезона е навистина доста аматерска. Некако ми се чини дека сум на свадба во некоја кафана и се јавува фонија, вибрираат гласови и во позадина слушам - ајмо сваќе - аќе - аќе...само за Сузе е е е - о о о и слично Второ што ме чуди дека ги пеат цели песните - на нитуеден идол тоа не е навика, обично се кратат песните но ајде. Фаворит ми е Билјана, ми се допаѓа нејзиниот глас и како пее. Виктор ми е дечко баш каков што се бара во шоубизнисот. Не пее најкатастрофално, дури опстојно, шармантен ми е и симпатичен. Имено Идол како натпревар е во потрага и или пред се на комерцијални типови така да он сосема ми се вклопува. Иван и Нико ми се исто ок. Но да ви кажам на г’з не паѓам од никој, мене ме интересираат интересни, необични гласови а сепак чисти. И се прашувам каде се сите таленти од Македонија - јас верувам и знам дека ги имаме. Или не се пријавиле или не ги избрале. Трето нема. А и морам да изразам разочарување од самата драматургија. Сепак сум задоволна што имаме наш Идол. Од друга страна пак си велам - човече Македонија е ова. Колку и да сакам не можам и не сакам да ја споредувам со Америка, Германија или друга веле-сила со навистина огромен број на таленти. Неспоредливо е. Ах да, и забележав премногу коментирање на физички изглед - овој со оваков нос, оној со онакво уво, онаа со онаков џигер а оваа со овакво слепо црево. Не знам девојки, ама ова е Идол а не Miss Universe. Како и да е - јасно ми е, во крв ни е да удираме „дис“ на се живо и диво. Моја севкупна оцена - нитуеден глас не ме воодушевува. И жал ми е затоа што знам дека сме земја која плени со таленти а тука некако ги снема или барем се ми е онака некој сосема солиден просек
Ни ги читале коментарите Епа има што да читнете, да знаете не ве оставаме на раат И јас сакам нешто да ви кажам, да не останам куса ( ај и јас да ви маФнам ) Кристијан, чоече ја пишав за тебе полудени тинејџерски коментари ама ти тоа не требаше да го читаш. Затоа што тебе ти требаат критики да се спуштиш малце на земја. Не ти треба сериозна врска, а уште помалку некоја за која ќе знае јавноста. Шармот, глумата тоа океј, ама треба да ја освоиш и повозрасната, попаметната публика која не паѓа на тоа. Треба зрелост, одговорност и памет да покажеш, а не само намигање. Немам речник да ти објаснам. И ова што те пишам прв, не значи дека те подржувам , туку дека ми падна в очи, најмногу сакаш да се истакнеш, дури премногу. . Не е добро кога сите очи се вперени во тебе, затоа што на крај победува тој во кој најмалку се мисли, па некогаш се исплаќа да ќутиш и да правиш. Бети, после интервјуто кај Жаре сигурно многу си рекле дека не е фер што испадна, затоа што искрено имаше полоши. Ама, тоа сега се свати. Ти знаеш како природно да се однесуваш и да збориш и ти треба интервјуа (како ова) за да дојде до израз твојата способност. Некако најпаметна и најсвесна си од сите. Сега ти треба некој јак хит со добар спот, во јака продукциска куќа и да направиш бум. Напорно и упорно пријавувај се на фестивали, и давај се од себе ( а можеш уште многу ) за се да биде најдобро ( т.е подобро од другите ) Дејан, итно јави им, или пиши им на другарите да купат што повеќе броеви за да гласаат, и праќај им пари за телефони зашто ќе ти требаат гласови. Значи на тоа се сконцентријај, вложувај во гласови. Не се смеј со отворена уста. Тебе ти треба самодоверба, па да те пофалам СУПЕР СИ ! Нема да се обрукаш ти доста постигна, кога пееш гледај повеќе во публиката, остави впечаток дека си сигурен во себе дека знаеш и можеш. И можеш, само ти треба повеќе подржувачи. Не бирај балади, кои не се познати туку некои кои публиката ги знае, некои повесели, за да ги дрмнеш. Иван, не се забележуваше или издвојуваше се до последната изведба. Ти лежат вакви песни, публиката тоа го чувствува. Кај тебе нема проблеми со карактерот се си е на место. Може малку повеќе да удриш на шала и тоа е тоа. Бирај такви песни почесто, и добро ти оди сликата на фино, културно момче, може не толку кај малите , ама кај возрасните или оние со над 18 сигурно запали. А тие се повеќе бројни и нивното мислење влијае на малите Јана, и тебе првпат те "запознав" по овој настап и немам многу коментари, уште не си се покажала. Повеќе обрни внимание на изгледот, нека не ти ставаат нешто колку да е модерно и според списанија туку нешто да е упадливо и гламурузно и што ќе им се допадне на сите. Слатко, елегантно издание може да пробаш. И повеќе дотерувај се кога те снимаат во собите Супер избор, бирај такви песни што ти лежат. Виктор, не ми се допаѓа твојот бенд. Ми делуваш како паметен, фин, образован, а сака да глуми некој со бенд од улиците, ко да се спушташ ниско. Не те познавам и зборам од прв впечаток, така ми остави. И добро ти рече бети, послушај ја. И повеќе искажувај природни емоции да знаеме дека си човек. Повеќе се искажувај со детали , обиди се некој поблизок однос со камерата Биљана, неможам да те забележам, другарка ми те фали а јас не би те препознала така зашто не те догледувам или не ми паѓаш во очи. гледај повеќе внимание да привлечеш на публиката, со нешто упадливо. Јуле, смеј се и подобри го изгледот. За другите не мислам ништо. Немам што да и кажам, не ги ни гледам кога пеат, знам Нико мислам се викаше тој со косата што имаше добри сценски настапи, другите ама буквално не ми текнува кои беа.
Девојки извинете вака, ама ептен претеравте, не спомнаа и сега сите трчате да мафнете, мислам аман, не верував дека сме толку лесни и толку ќе се попалиме- сега никој не си кажува мислење само, туку им се обраќа на идолите, ова веќе ми личи ко емисија со поздрави и честитки, патетично е веќе
За мене беше ова знам Така ми дојде, да им кажам, и на тој начин си го искажав моето мислење за повеќето . Па да им кажам бре, немој случајно да не знаат што да прават . се надевам нема да пречат вакви 14годишни мислења. Ако пречат, прескокнувајте ги
Пинкче, душо, жими се не беше за тебе Ова беше за сите, се наполнија неколку страни со пораки до идолите, мислам ептен лесни испаднавме, не спомнаа и сега не се трпиме
Со ова потполно се согласувам и во главно тоа најмногу ме иритира во текот на гласањето, гласаат за убавина, а не за глас. Додека за самобендисаноста што Нико ја покажува во последниве неколку концерти е криво жирито и ние гледачите. Факт е дека има гласиште и дека умее да пее, ама во последно време имам добиено впечаток како да мисли дека се` може да испее, во стил: „Туу, пеење - што е тоа за мене, лесна работа...“ Јас по не знам кој пат ќе си повторам , пред малку го гледав настапот на Иван, предобро скоцкан пакет. Се` што треба да поседува една ѕвезда. Зрачи со харизма, предобро пее, а сепак е скромен и приземен.
Бети има прекрасен глас и упорна е, сигурно успехот ја очекува. Бети верувам во тебе! Само напред! http://www.youtube.com/watch?v=xmjil5t_4G8 http://www.youtube.com/watch?v=_Q6LME26 ... re=related
Глеам сте почнале па и јас да коментирам ( у кратки црти): Бети- Супер си девојко, прекрасен глас, многу ми е жал што испадна. Јуле- Falling многу убаво ја испеа, Малечка добро-но не совршено, ама со оваа последнава се изгуби .Бирај во иднина песни кои ти лежат . Емилија- Дај бе пушти тоа гласот!Слабо, слабо. Јана-Убаво пееш и изгледаш ама се лигавиш малце.И стварно бе со Виктор сте заедно? Билјана-Мај фејворит (од женските). Многу си мила.Само Папараци не ти лежеше, оди назад да видиш што сме коментирале. Толку се мислам од женските. Сеа мушкиве на ред. Христијан-Многу се лигавиш. Најозбилно.За пеење вака-така ама треба на земја да се спуштиш. Нико-Прекрасен глас и личност, сите гала вечери испеа прекрасно.Браво Виктор-Мај фејворит. .Глас, стас, шарм, љепота, све на место.Само и ти почна у последно време да се дигаш малце. Таа сликата со стомачните што ти требаше, кај ја стаи, кај се запусти. Мики-ГЛАСИШТЕ!Дефинитивно најмоќен глас од сите! Иван-Супер!И глас и све. Дејан-Многу неутрално.Настапите се ко без душа.Опушти се малце, не се срами ее па и ти. И последен: Ивица-Многу фино дете,на малиот концерт настапот беше супер, ама сега се губиш и ти. Ако заборавив некој извињавам се.
Што мислите за Иван и Билјана како пар? Мене ми се многу слатки и си одговараат . Лук дис срцки се ии се приметува хемија помеѓу нив, штом ја ја приметив така е да знаете
баш се слатки А Иван еднаш рече една девојка од идолот му се допаѓала ама дека излегла и многу му било жал ама тоа уште кога пееја во театар.