Хммм јас би се се ставила во групата девојки што се упорни или да не кажам што велат Идолциве досадните девојки на chatot на фб Плус да ги имаш во пријатели без ништо да ги прашаш сами изјавуваат,што ќе пеат,кои по ред ќе настапуваат.....
Читам погоре Јана некако не ви се допаднала, мене баш ми е харизматична и не ми е лигава воопшто. Во целина добри ми се речиси сите, освен Емилија, Христијан и Јуле. А околу тоа кој каде излегувал, кој чија слика ја лајкнал, коментирал и сл. не ме интересира воопшто.
Некои толку многу се замраат со идолчињава ко најголеми ѕвезди да се! Ај олабавете, многу ми е гајле кој со кој се лапа!
Мики е супер дечко, културен,скромен, со супер глас и мислам дека треба да продолжи понатаму... Иван исто така многу ме воодушеви со гласот и ми се свиѓа што не е дигнат.. Нико ме нервира зш многу се прави важен Иако изгледа малку размазен, Христијан е супер дечко, само малце луѓево (вклучувајќи ме и мене) ги нервира тоа што е со Лаура.... Виктор е супер стварно и ми се свиѓа тоа што во последниве емисии од Идол станува се поскромен... Браво Ивица треба малце да биде поопуштен на сцена и општо пред камера Дејан е многу срамежлив и зарди тоа ми е многу чуден.. Јана е многу слатка и многу убаво пее .. Јуле во последно време многу слабо пее , затоа треба да испадне Билјана секогаш изненадува и со гласот и со изгледот... подобра е од многу пејачи на македонскава естрада Емилија уште одма треба да испадне, не е таа за на сцена Бети ми е жал што испадна, ама како и да е супер беше
Де бе па и вие, Бети искоментирала. Многу ми е гајле ако се смеела Бети & компанија на мој коментар, арно рече Фиарлес, со тоа само си направи полошо лично за неа, нас тоа ама апсолутно никако не не засега, ниту знае таа која е Спаркс, ниту која е Митра која Петра а која Стојанка на форумов. Господе гледам идол во Понеделник да слушнам како ќе се испеат песни од Тоше, како евергрини и споделувам впечаток. Тоа е тоа. Не живеам за идол, дали некој од машките смувал 300 женски, дали Јанко јадел сендвич со кромид дали Станко 'рчи кога спие. Си имам фаворит, Јуле и тоа е тоа. Впроочем идолите се зависни од нас, од нашите гласови, од тоа како ние ќе одлучиме да ги искористиме нашите пари, не сум јас од нив ништо зависна. Многу лесно можам во тој термин друг тип на шоу да си пуштам. Тие се тие кои утре треба да организираат свирка, да издадат CD, ние сме тие што ќе одлучиме дали ќе отидеме на свирка или ќе го купиме цедето, така да нека припазат малку со коментарите. Се испотепавме ние овде, и после ќе си ја кревале цената идолите. Еми ќе си ја креваат.
Па не читаат, бе!! Многу јасноо. И познати станавме . Фемина ! Остај популарноста сега , да кажеме нешто за идоливе. Исто како Хипи (мислам дека беше ) и мене покрај Иван, идол ми стана и Мики. Како испеа .. фантастично. Немам зборови. Ќе се согласам со повеќето дека е штета што испадна Бети наместо Христијан. Не знам, стварно што се затраќале сите по него кога не пее убаво, а ни на изглед не е Бог знае што .. И се понаша демек многу е убав, убаво пее, не знам таму ... Значи, колку што можевте да заклучите од ова досега напишаното, јас сум за Христијан - аутт! ( И сега пак, бла, бла, бла .. извенете сите што го сакате, затоа што очигледно многу ве има.) Виктор не пее лошо, а и убав е, но сепак кога би требала да бирам не би го одбрала него. Што знам .. Некако мислам дека другите повеќе заслужуваат или не знам како да го изразам тоа ... За Иван и Мики веќе се изјаснив, и за Нико во мојот претходен пост. И Ивица добро пее. Не знам што друго да кажам за него, немам некој посебен впечаток за него. И за Дејан истото го мислам. Јана ми е многу нежна, можеби и не пее така лошо, ама не ми личи за Идолче . И Билјана добро пее, ми изгледа за добра личност, на изглед ... па ајде да речеме убава е. Е сега да ме отепаш ама не ми текнува кои други беа . Ќе извинете вака .. А инаку да се изјаснам за она што беше постирано за Иван. Јас мислам, т.е. поприлично сум сигурна дека тоа е тој. Личи на него, а и имав некаде прочитано или не знам кој кажа дека има настапувано и на М2. But this is the real Ivan, maaaan! За ваков си личи и ваков треба да биде (како што е сега). За повеќе информации, притиснете еден.
И мене ми се допаѓа Јана. Многу ми е шармантна, има убава насмевка, слатка е, со ѕвонливо гласче. Природна и ненападна. Има уште да поработи на гласот, ама харизмата не се купува со пари. А она го има тој X фактор за на сцена, за разлика од другите жени...
Мики ќе ја пее онаа Rusian Rullet (ваљда точно напишав) од Ријана наредниот понеделник Незнам дали некој ја сподели информацијава пред мене, ме мрзеше да проверам
Иван ке ја пее оваа http://www.youtube.com/watch?v=0jzqx4Mf4lE оддвај чекам да слушнам како ке ја испее
Мислам дека не ја сподели никој Офи, прва си Инаку еве и јас да ве известам за останативе што знам а не се спомнати . Виктор ќе ја пее од Christina Aguilera - Fighter . Христијан Тодороски од Madonna - Like A Prayer
Леле Офи ми ги читаш мислите, само што прочитав дека Виктор ќе ја пее оваа и го помислив истото. Мислам дека многу тешка песна одбра, сепак гласот негов со на Кристина не се споредува, ама ајде останува да видиме Понеделник како сето тоа ќе звучи.
И немојте да сфаќате се погрешно, не се најдов во тие што се замараат многу многу за идолите, ама кога веќе пратам, читам и наидувам на секакви информации, зошто да не споделам и тука. Друга работа немој да го извртувате муабетот на Бети и да си ваѓате сами мубаети тука, или никој не го прател разговорот со Жаре ко што треба, или сте го гледале на делови или не сте сфатиле што сака да каже. Никој не не исмејувал нас тука ! Убаво си кажа дека им ги читала овдешните коментари навечер и им ги читала со емоции како што се напишани, тоа не е исмевање, како што си коменитарме ние и си кажуваме мислења за нив, така да тие што сакаат можат да прават ко ќе читаат коментари упатени лично за нив, а за смеењето, во прилогот Нико кажа дека некоја вечер после некоја гала вечер останале до многу доцна и цела вечер се смееле, не ги мешајте работите.
Не зборам за имитирање, јасно е дека треба песната на свој начин да си ја изведат. Поентата ми беше што одбра многу тешка песна, и скалата на тонови на Кристина со скалата на тонови коишто може да ги испее Виктор не е иста... Се надевам дека ќе работи многу неделава, и дека ќе успее да ја прилагоди на неговиот глас. А не на крај да рика..имам забележано дека кога ги пее повисоките тонови знае понекогаш да исфалшира.
Се согласувам со Лукс во целост. И да додадам дека многу ме иритита кога за Кико некои викате мајмун Прилепски,не можам да му го слушам она Ш,С,Ч не знам точно кој букви беа. Таков е каков што е.И мене ме нервира ама полека со некои навреди. Mене ме нервира скопскиот говор, она шмизлање на Јана или пак одвратниот дијалект на Нико. Или пак да викам за Виктор дека е чкембар, ме нервира со оние негови глумења демек е Џастин. За фаворити се двоумев меѓу Нико и Мики, но дефинитивно Мики им е најдобар и мислам дека тој ќе победи. Ме потсеќа на една драга особа, а и ме воодушеви со неговиот глас.
Ма дај малце оладете, секој си има свое мислење и право да се искаже. Та ваков та онаков ми се свиѓа/не ми се свиѓа. Кажете си го вашето мислење и не попувајте кој што да коментира. Мислам се претерува.
Ќе биде весело идната вечер. Мило за драго треба да го крстат концертов , да ги чуеме машките како ќе пеат женски песни, исто како што и девојките пееа песни од Тоше. Јас чекам Христијанчето да го чујам, иако според бојата на гласот ми се чини дека доста добро ќе си ја заврши работава. Иф ај вр а бој требало да ја пее.