Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Редовно го следам ова шоу и ми се допаѓа како концепт и организација. Како за почеток добри сме иако секогаш може многу, многу подобро. Имам гледано две сезони од Бугарскиот идол и имаше учесници кои многу повеќе ми се допаѓаат од некои наши. Според мене има финалисти кои воопшто не го заслужуваат ова место. Мал е бројот на оние кои вистински заслужуваат да ја носат титулата Македонски идол.

    Уште на самиот почеток, колку што можев да го следам постапно изборот не забележав некоја посебна силна конкуренција, сите ми беа просечни - пак ќе кажам со исклучок на некои за кои е очигледно дека може да се снајдат и на многу поголема музичка сцена.

    Но, нели? Мнозинството избира, божем демократско општество. :lol: Иако дел од овие Идоли, после крајот на шоуто ќе бидат заборавени и оставени во сенка, искрено се надевам дека нема да биде така и дека секој ќе си го пронајде вистинскиот пат во областа на музиката. Помалку или повеќе талентирани за пеење, се гледа дека сите имаат амбиции да се занимаваат со тоа, а за да бидеш нечиј идол не треба само да знаеш да пееш туку потребно е да поседуваш и многу други вредности, според кои ќе бидеш препознаен и засакан меѓу луѓето.

    Типичен пример за ова ти се Виктор и Христијан. Можеби нивните гласовни способности не можат да се споредат со оние на Мики или Нико, но освојуваат со својата харизма (не зборувам лично за мене, туку општо од она што може да се види на телевизија, како малолетничките - а верувам и не само тие, лудуваат по нив :D ).

    Мое лично мислење за секој од учесниците, можеби во некоја следна прилика. Сега за сега може само да се забавувам со концертите кои ни ги приредуваат секоја гала - вечер. Според коментарите погоре гледам дека и овој понеделник ќе биде доста интересно. :lol:
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас незнам што девојките наоѓаат во Виктор и Христијан. За Христијан ај оправдано ми е, го симпатишаат деца до 15 години, неверувам некоја постара да му фрлила око.
    Ама за Виктор :x Добро сега дечкото е симпатичен, не изгледа лошо ама да се сечеле вени по него :x Мене 100 пати поубав ми е Иван Раденов и пофин ми е некако, похаризматичен и сл. Ама никој од овие тројца не ми е фаворит.

    Фаворит ми е Ивица Велоски, ме купи си изведбата на првиот мал концерт и мислам дека фали еден таков лик на македонската едтрада. На почетокот мислев дека е самобендисан и арогантен, а сега излезе дека е меѓу најскромните, што му е уште еден плус. После Ивица, фаворит ми е Мики, дечкото страшно пее, мислам дека е најконстантен од сите идоли. Значи немаше утка во ниту една изведба.
    http://www.youtube.com/watch?v=4E3l8dNjbzI

    Освен овие двајца ми се допаѓаат и Бети (не требаше да испадне), Билјана, Иван и Нико.

    Значи на кратко кој и да победи од Ивица или Мики нема да ми биде криво :)
     
    На glamour-lady, Little-one, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Еј знае некој што ќе пее Ивица и девојките??
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    И вистина кога зборуваме за тоа зошто сите лудуваат по Виктор и Кристијан ако го оставиме на страна пеењето, веројатно ради тоа што се најмали од машките, а и им се симпатични, плус во прашање се вкусови, сигурно постои некаде некоја повозрасна на која Кристијан пример и е симпатичен, ама не го гласа, туку гласа пример за Мики дека поубаво пее или повеќе и одговара тој да биде идол, а и на сите исто не може да им се допаѓаат во тој поглед, многу е поважно на повеќе да им се допаѓаш во поглед на пеење одколку убавина, а кога е во пакет е добитна комбинација за сите возрасти ;)
    И искрено младиве посебно оние од по 13-14 години што гледаат однесување? Па нив не им смета нивното однесување заслепени се од нивниот шарм и не ги интересира ништо друго, туку само да ги гушнат и да се сликаат со нив.
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас го сонував Виктор...again! :devil:
    Овојпат го бев сретнала на планина и трчав ко будала да се сликам! :rofl:
    Жени кажујте чаре некое, вака не иде!
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.213
    Целосно се согласувам со тебе, истите фаворити, истото мислење го делам и јас :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Caramelle

    Caramelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    На Forgotten, angelce1 и karina8 им се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Следниот Идол?! Нико Ѓоргиевски.
    Кој те знае подобро од самиот себе .... никој. Затоа на Нико му поставивме неколку прашања и му дозволивме да зборува за себе. Денот не го почнува без кафе, сака да тера правдина, секогаш е директен и тоа му прави понекогаш проблеми со луѓето, за себе вели дека е тежок човек карактерно и дека не се плаши од философирање на било која тема. Но дознајте од него, Нико Ѓоргиевски ...

    Кога сум гладен сум нервозен. Инаку сум тежок зависник од месо и се што е пржено и печено. Пијам по 3-4 литри вода секој ден. Ок, тоа за предјадење. Главен оброк во денот ми е музиката. Без неа, денот не го преживувам. Алкохол, повремено и по расположение (кога пијам пеам трипати повеќе од обично што и онака е премногу).
    Кога ми се спие или сум ненаспан, сум мамурен и намуртен... Е, агресивен не сум. Импулсивен си сум и онака...

    Спијам долго, обожавам да се излежувам пола ден в кревет, ама се нешто не ми е дозволено... Се будам ОБАВЕЗНО со музика освен ако не сум одвлечен од утрински бакнеж од љубената, а после така или онака, пак музика. И КАФЕ!!! Ммм кафееее... Е без кафе не се будам. Кафето ми е порок на прво место.

    Може да се каже дека сум "тежок чоек" (по битолски) дали заради генетски наследен табиет (од татко ми) или хороскопот (во кој не верувам, туку само онака го следам за разонода), не знам. Инаетчија, тврдоглав, секогаш го до кажувам своето и одам до крајни детали на разработка на случајот како Херкул Поаро, па се разбира дека на виновниците не им се допаѓа па брзо се откажуваат... Шалата на страна, бива и да не сум прав... здравје... Следниот пат ќе бидам.

    Мразам неправда, сакам да „правам криви Дрини“. И црното е секогаш црно, а белото можи и да се извалка. Ама ќе го испериме и пак бело ќе биди!
    Ја барам убавината во нештата, не сум површен. Често се шегувам, мноооооогу ретко на туѓа сметка. И да е така, или ми е човекот ептен близок, или ќе се извинам да не се налути.
    Заборавам имиња, родендени, па макар и на најблиските... што да правам, ја дадов „Рам“ меморијата на ремонт. Ветувам ќе ја надоградам, се така си велам...

    Обожавам животни, поточно кучкар сум веќе добри две третини од мојот живот. Нив им верувам повеќе од на луѓето. Барем со нив знаеш на што си.
    Кога сум нервозен или во неизвесност, или просто чекам нешто, тропкам. Импулсивно го правам тоа и знам дека на сите им смета, ама стварно не им го правам намерно. Кога почнува зимата обично патам од депресија, и знам да бидам молчалив и да се чудат што ми е, па да проверуваат на небо да не се спрема камења да паѓаат.

    Што се работи за односот кон понежниот пол, тежок романтичар, и тежнеам кон сериозности. А, да... И љубоморен сум. Знам да си измислувам проблеми и да си ја барам кавгата, ама тоа најчесто е издишување на некој друг проблем. Органски не смислувам турбо фолк и реакцијата на него ми е до толку силна, што ми се чини дека ако не ми беше важен телевизорот, ќе го научев да лета. Знам да си се мачам со тоа ЗОШТО и слични философски прашања, кои секогаш водат кон фрустрација, ама џабе. Силен карактер сум, па тешко се фрустрирам. Секогаш наоѓам пат да си го постигнам зацртаното. Туркам ѕидови. Не ставам маски, па затоа и тешко остварувам другарства. На сите се в лице. Ама па затоа тие шо ја ценат вистината, ми останале најблиски во текот на повеќе од половина од животот. Па и јас си сакам да ми биде искрено кажано (во рамки на реалноста). Верувам дека секој не треба, туку МОРА да се изразува слободно. Со политика не се занимавам, токму заради горенаведеново. Не сум лицемерен нити завидлив. Обожавам да возам, и татко ми само ми вика дека сум ја потрошил нафтата...
    Страстен таблаџија сум, и не одбирам речник кога губам. Величам вредности и ги ставам пред се, затоа што вредностите остануваат во следните генерации и ги учат на добро.

    Си сакам добро друштво, неискомплексирано од синдром на глупост, туку кое не се плаши да философира, кое е составено од индивидуи кои се општат во области кои добро ги познаваат, затоа што така учам нови работи. Ретко се наоѓа човек со широки погледи, длабоко знаење и почит кон вредностите поставени во минатото кои пркосат на времето. Од празни муабети ми е преку глава. Не поднесувам мрзи, односно млади луѓе на кои им е потребно убедување за да се придвижат и да почнат да живеат. Не сакам да бидам опкружен со луѓе кои на неправдата седат со затнати муцки со катанци, патенти, и сигурносни брави. Со такво општество нема промени, туку само пропаст и тапкање во место. Не шетајте со очи широко затворени! Мразам војни, смрт и насилство, мито и корупција, кражби, тероризам. Мразам ПЛЕЈБЕК (поздрав до Игор Џамбазов), украдени идеи, плагијати, ефтини гаќички и стероиди со талент.

    Порака:

    Тој што знае, а знае дека знае – учи од него
    Тој што знае, а не знае дека знае – насочи го
    Тој што не знае, а знае дека не знае – научи го
    Тој што не знае, а не знае дека не знае – бегај од него.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Откако прочитав дел од коментарите,ајде и јас да прокоментирам нешто.Следам Идол и многу ми е криво што отпадна Бети.Беше мој фаворит и секоја гала вечер гласав за неа.Ја знам лично,сум имала можност неколку пати да бидеме во исто друштво и супер девојка е.За гласот да не правиме муабет.
    Исто така многу ми се допаѓа како пее Мики.Одличен е.
    Она што не ми се допаѓа кај Идоливе е тоа што се креваат многу високо(чест на исклучоци) и сметаат дека кој знае што постигнале.Мое мислење е дека и парите тука играат голем фактор,ако имаш пари ке успееш,ако не ништо.Доколку имаат пари,можност,а и подршка од некој(што викам јас некој да ги насочи и поттурне) ке успеат понатаму и ке имаат кариери.
     
  11. SpaceGirl

    SpaceGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    25
    Еј ама Билето некогаш ми претерува,само се става таму каде што има камери,на секое видео се мушка....не остава простор за никој друг....некако ми е г'зо лижач.....Мислите така или тоа е моја покрешна критика? :*
     
    На TennisBabe и marija994 им се допаѓа ова.
  12. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    ејј бравп девојки за оваа тема... не сум мн. активна на форумов и баш вчера ја забележав темава... и верувале или не ги прочитав сите коментари до сега... па решив и јас неш да прокомнтирам...

    прво да си кажам идол ми е ИВАН!! го обожавам... едноставно е прфектен, поседува се што треба да има еден македонски идол (според мене) :) а за останативе нз што да кажам... Мики пријатно ме изненади некни, а Христијан комплетно ме разочара... бај д веј Христијан и Виктор воопшто не ги сакам баш подади нивната оооогромна самоувереност која полека почна да преминува во нарцисоидност.. Мнооогу сте дигнати бе дечки... ако вие сте само потенцијални идоли...не го освоивте светот со вашито глас и шарм :/ девојките ми се онака, Јана и Емилија се слатки, фини ама немаат глас, за жал и понувам да се чудам како дошле до тука... а Билјана можеби убаво пее, ама не ја сакам и се согласувам со ком. на SpaceGirl дека почнува на нерви да оди :) а останативе неколку мина гледам дека не се многу спомнувани во темава па нема ни јас да ги ком. :РР

    толку од мене сега за сега... ќе продилжам да ја следам темава а и идол :) сега чекаме понеделник ама мислам ке биде стара прича ( кој пее добро пак ќе испее совршено, кој фалшираше пак ќе утне).. позз девојки :*
     
    На lackygirl и SpaceGirl им се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Monna.Monna идниот пат кога ќе превземаш текст од друга веб страна најдоле ќе го постираш линкот од оргиналот. ;)
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Штом било така се извинувам за грешката. :tmi:
    Другпат ќе си постирам од кај е.
    Викајте ме Мона. :)
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Мона зошто чаре? :wasntme:
    Па ние овде „поголемите‘‘ ако пишуваме дека само 13годишни девојчиња го сакаат не мора да се навредуваш. Ми се чини и јас да бев 13 ќе го обожавав и немаше да ми претставува проблем ;)
     
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/idol/s ... jorgievski
    еве го линкот :)
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Абе не се навредив туку мнoгу често почнав да го сонувам.
    До сеа 4 пати! :wasntme:
    Него, јас за друго дојдов.
    Кај ја видов сликава кај се запустив! :devil:
    [​IMG]
    И оваа:
    [​IMG]
    Пу бе, што среќа ќе имаа,да им се сневиди, ее сите го наоќаат да се сликаат само јас не.:@
    И тоа безобразни се фалат :!: .
    Ај и вие на Иван што сте фанови да пољубоморрите малце ]:)
    [​IMG]
     
  18. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305

    можеби камерите се мушкат кај неа :D :D :P
     
  19. SpaceGirl

    SpaceGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    25

    Хмммм мене не ми изгледа баш така,се нафрла повеќето пати,така имам приметено јас. :fubar: Само тоа ми е невкусно кај нејзе,па до душа Идол не го емитуваат само ради нејзе,нема прилог каде не се подава со тоа убавата глава :rofl: Велам тоа почнува да ме нервира на моменти,инаку ми е тортоп. :hai:
     
  20. gligurce

    gligurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0