Анастасија беше објавено две страни поназад еве Плус Нико од Селин Дион - All By Myself , a Јана и Јулијана немаат објавено изгледа . П.С. смирете страсти
Гледам тука се развила поприлично долга дискусија... gligurce си се запрашал ли зошто од вкупно 20803 членови на форумов, мора да правите по 10 лажни профили за да се карате околу Емилија? Па очигледно зошто тука нема доволно фанови кои би ја бранеле... Господ знае кој колку гласови има и која е причината што не го соопштуваат бројот на гласови на крајот. Ах бре Македонијо, дали некогаш ние ќе играме фер-плеј?!
Уф па овој Нико секогаш ми ги одбира едни од најомилените песни,прво it's my life,после сонце за три светови,а сега од Селин Дион all by myself И како да не го гласам ај кажете..?
Хахахааа, подобро да ми се магли пред очи отколку нешто да не ми штима и да имам речник под ниво. Значи сите си кажавме мислење за Емилија, тоа е, што се вознемири ти толку? М? А и друго, не сум јас заразена толку по овој идолот па да ми биде некој друг крив, не си земам толку на срце, како некој тука. Ти доаѓа од земја да се треснеш за да ме убедеш, а и сите овдека дека Емилија е топ. Нека биде бе топ, ете за тебе е, ама за мене и повеќето не е, и сега што? Се нервираш? Мене фаворит, ама баш фаворит ми е Нико. И не е испаднат колку што гледаш, така да твојата теорија подржана со многу низок речник не држи вода. Е тоа е дебилски. Поздрав.
Многу мразам просветители. Тоа е мое мислење и крај, ти нема да го промениш во никој случај, уште на аудициите се покажа на грд начин кога се развика како на планина да е "Сакам да бидам македонски идол, па кој не сака да биде, сите сакаат , лелеееееееееее колку се собрале.. Страшно (следи превртување со очите, а за тонот со кој го кажа тоа не ни коментирам) "
Глигурче,види вака да ти ги олеснам маките... не се внесувај толку и не се труди напразно и толку очајно да убедуваш 99% од форумот со своите коментари, зашто верувај на крај пак ќе немаш никаков исход. Значи МОЈА РАБОТА СИ Е дали мене Емилија ми се допаѓа како пее или не. А нечие мислење тебе ако не ти одговара тогаш тоа е твој проблем. :geek: Што си се фатил(а) ко слеп за стап,на секое лонче ти капаче ставаш,за секој даден коментар за Емилија рипаш без потреба. Смири страсти малце,зашто што и да кажеш за неа нема да ми го промениш мислењето туку напротив,е тек сега уште поодбивна ми станува искрено да ти кажам! Еееее па веќе се напнав
сите се добри на свој начин,мене лично мики ме изненади зошто претходни ми беше некако во сенка,а сега е супер на мини концертиве.мој фаворит е Нико како и да е,дечкото далеку ќе дотурка ако не тука надвор од нашата ни мила Македонија секако Билјана ми беше добра до пред последниот концерт кога некако почна да се фолира и да се упикува на секое муабетење со другите кандидати....
Овој Виктор нешто почна многу да се уфилмува.....убав е убаво пее,премногу го форсираат,оваа Јана ми е како некое бебе цело време трепка....добро сите имаат квалитети штом стигнале до овде но мој идол е Билјана...многу убаво ми пее девојчето а има нешто во неа што привлекува,харизматична е,привлечна ова така од женски аспект не би сакала да испадне се надевам дека ќе стигне до последните гала вечери....
И мене ми е Билјана од женските најубаво пее, а од машките Мики и Виктор иако еднаш веќе имам кажано еве пак ќе си повторам
Јас па незнам што толку сите се запнале дека Виктор е толку убав Мене ми е како комарец, башка и има нос грд шилест. Не е нешто особено како што го направија дека е WOW.
Јас ја прашав мајка ми, де ма викам што се запнале сите за овој, и ми вика - па дека е фраерче (фраерче бе, каде, на Сони у маало?) и се облекува и денса како Џастин. Затоа им бил привлечен. Мама знае се'!
И мене Виктор не ми е убав. Па и нема некој што ми е посебно убав, сега за сега Иван ми е нај. А Дејан ми ја избрал омилената песна Пред да почнат малите концерти не го знаев, е од кога го запознав ми стана симпатичен и пее добро. Ќе го гласам овој пат!
Мене Виктор не ми е ништо посебно.Убав е ама не е до толку за тинејџерките вени да сечат по него и да викаат така како заклани. Мене Мики ми зрачи многу повеќе со сексапилност и мистериозност отколку Виктор.Ете изгледа чуден вкус имам.
знаете ли дека од сигурни извори дознав дека градоначалникот на гевгелија на јуле и на раденов им дал пари з агласови.на јуле 400 евра,а на иван 300 евре.што мислите за тоа?искрено верувам,зошто подобри вокали излегоа а тие се сеуште тука,па може и да е до спонзорството