Феминки да ве прашам дали вие можете да гледате идол преку зулу ? Мене денес воопшто не ми го ни отвора , не знам што е проблемот... Во секој случај се надевам дека и вечерва ке има пренос тука во живо, па нема да пропуштам ништо
Не е битна Ивана нити за во темава, ама и таа е во склоп со идолов, и морам ама морам да и го искоментирам изгледот, тоа на левото рамо како пердув од кокошка и е , ич не ми се свиѓа како изгледа вечерва, само фризурата и е погодена овој пат, ко некое жабче само скока од еден стил во друг.
Жириво ко за гревота како секогаш. Коментирањето нула. А инаку не кажаа точно колку ќе испаднат, туку дека ќе било изненадување тоа. Ивица ме бендиса како испеа, така-така.
Овој Иво ми е сосема блед како лик, ме остава тотално рамнодушна. Не ми буди никакви емоции, па слободно може да си оди дома. А Јана како кокошка некоја ми е. Ама иста. Не ми се допадна воопшто настапот.
Аман со оваа ушница за Јана веќе, се мислам таа и е помош на Опи да ја форсира повеќе и повеќе овој пат ќе и е даде, овој настап и е најдобар до сега, па кога и рече Шекермелена (вака мислам се викаше) ти си таа? таа сум и вика Think - Aretha Franklin оваа ја пееше така ? ЕДИТ : И на никоја друга тема вака не ми се случува да редактирам по 5 пати, ко чет ја правиме темава, па по една реченица бе не пишувајте, целсно резиме поубаво во еден пост .
Да Лукс, таа е песната. Мене на рецитација ми личеше, губеше воздух, гласот не и е баш за ваква песна. Што рипаше натаму наваму демек, ама слабо.
МИ кажаа прееска на анг. демек Виктор ќе се откажувал, ама сеа го видов во црвената соба, ми дојде душа на место.