Некако повлечена ми изгледа Билјана,ненаметлива..како да не знае да освои публика или не се труди околу тоа она е фокусирана на пеењето, сценски настап и толку ;/
^ А на што друго треба да се фокусира? Да се соблече гола за да ја освои публиката? Баш си е скромна и има убав контакт изградено со публиката, знае како да се однесува. Се гледа дека не сака да гради кариера со скандали.
Никој тоа не го вика.Треба да знае да ја освои публиката не пее за себе она за публика пее. Јас таква ја доживувам, додека Христијан што многу помалку знае да пее од неа, знае и тоа како да освои публика похаризматичен е истотака и Виктор така ми делува и Иван..енергија шират типците додека она ко само за себе да си пее никаква енергија нема ;/
мене искрено ме нервира Нико...на почетокот ми беше ок.. ама сега не препотентен ми е некако..битолчани пее одлично.. ама однесувањево....
Вечерва најдобар според мене беше Иван! Пееше одлично :up: , се држеше совршено на сцена и ако имаше трема тогаш успеа одлично да ја прикрие ! Прекрасен настап, јас не забележав ни една грешка! За Виктор сакам да искоментирам дека се изнамачи со песната ама сепак толку тешка песна успеа солидно да ја донесе на сцена! Сега забележав дека имаше грешки, губење воздух ама сепак општо беше познато дека ќе пее претешка песна која според мене не требаше воопшто да помисли да ја испее! Но...некако успеа да ја изведе солидно! И што е финатава со неискреноста на жирито која вечерва ја покажа??? Дали само мене ми се чини дека се премногу љубезни и фини или ставрно се такви? Што знам...барем Тони знаеше да ги шлапне на место критиките кои се разбира дека многу кандидати вечерва ги заслужија!
Јас се наежив и останав вака . Браво, браво и браво! Ретки се, но Македонија може да биде горда на таленти како Нико.
http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 66&bih=667 мене ми наликува на овој Давид Виља,фудбалер на Барселона
Многу ми се допадна како отпеа Иван Раденов. Ова е првиот настап што го гледам од него, прекрасен е на сцената. Песната му легна, со невидена леснотија ја отпеа. Убаво стокмен и убаво изгледа. Најблиску до пакетот наречен ИДОЛ. Остатокот се прецениле. Виктор и Емилија каснаа преголемо залаче. Малиот Христијанчо реално ниту имаше тешка песна за пеење (Мадона па еден изведувач што е во поглед на гласовни способноти, леле мајко) , па ниту тоа успеа да го долови пристојно, ако ништо друго. Билјана не испеа премногу лошо, но оваа девојка нема грам шарм, ниту харизма во неа. Убава споредба со Каролина. Што дека убаво пее, јас не би и отишла никогаш на концерт. А Ивица и Дејан се веројатно најдосадните луѓе на планетава. Апсолутно ништо возбудливо нема кај нив, ниту во изведба, ниту во гласот, просто ДОСАДА.
Нико никогаш не ме разочарал,никогаш! И баш сум и љубоморна на женска му,каков дечко има покрај себе...чудо од човек! Браво,браво,браво,ме наежи по стоти пат Секоја чест