Нико и дигнатост ? Мене не ми изгледа таков, а ако добрите коментари му пријат не значи дека не треба да се дигне малку па после брзо да се спушти, битно е после тоа да се остане на земја, на секому убавите коментари му пријаат и го дигнуваат. Браво за Нико, се согласувам чиста ко солза гласот, преубо ми испеа до сега и ајде видете му ги очињата и кажете пак дека е дигнат
Нико личи на Давид Виља и на никој друг! Ако успеам да отидам на некоја од гала вечериве, специјално за Нико ќе спремам едно меченце. Срам да им е, ќе повторам. Нико е феномен, кога пее очите му светат, ми изгледа како да лета, а сепак е на земја. Не можам да го опишам... чудо!
Не погодувајте за џабе, реков на Сегал ми личи. Сега и Мики сигурна сум ќе испее прекрасно, не се сомневам во тоа!
Ужива додека е на сцената, сите можеме да го видиме тоа. Пее без напор, тоа е нешто што не може да се види кај другите. Очињата оддаваат колку се осеќа пријатно на сцена, навистина е прекрасен.
Кажува за изненадувањето што му го направиле Брат му пристигнал од странство без тој да знае, тој сам во хотелот, брат му таму сам и песната му ја посветил нему, душа од човек бе (ја ги пренесувам реченициве на Нико како беше тоа индиректен, директен говор ), се гледа дека му недостасувал бе луѓе , ако не помине Нико вечерва, не гледам повеќе идол . И сега Мики, ајде и тој е душа бе !
Откако ќе заврши Идолов, гласам со двете раце во вис за да им се направи една заедничка песна на Иван, Нико и Мики! Може да се вика совршенство.
Доколку некогаш и некаде Ријана ја слушне изведбава на Мики на нејзината песна треба да се срами! Секоја песна му лежи и успева да ја долови на свој начин.
Само Мики може да му парира со гласот на Нико. Иако Нико повеќе ми се свиѓа. А песнава не му се погодила баш. Ама добар е.
Овој не знаел да згреши бе Оффи дишаш ли бе? те замислувам сега како го следиш настапот на Мики! :geek:
Ријана слободно може да му ја предаде песнава и да си потпише и да му ги предаде авторските права и да си биде од Мики во машка верзија, поубаво ја пее и од неа !
Песнава мене не ми се допаѓа, ама мило ми е што ја испеа на свој начин. Можеби не требаше толку да ржи, ама во секој случај - заслужува да оди напред :up: