Морам да кажам дека минатонеделната лутина на Калиопи, а и на останатите од жирито, кои беа тотално изнервирани од тоа што воопшто не беа професионални идолите, се дигнаа многу, и не работеа доволно, и како што кажа Игор живееа на стара слава... оваа вечер мислам дека се оправдаа. Сите беа подобри за разлика од пред тоа, беа професионалци на сцена.... А Мики морам да кажам дека ме освои вечерва. Ќе гласам за него и за Нико. А овој малодушниот, Дејан, ме изненади, добар беше сепак.
Значи дефинитивно сите освен Емилија и Јуле пеат супер! Христијан ми е некаде на средината. Да слуша што го советуваат и да ги применува советите ќе беше многу подобро. Фали и скромност и приземност.
Леле, аман веќе со рекламиве, коа ќе почне овааааааааааа? Не за друго, се чудам како ќе станам сабајле за во школо.
145 Гости не читаат Леле Еми нека си оди...доста и беше ! Оваа вечер Иван и Мики ми беа супер И Викторче не беше лош ама ме нервира со тоа негово фраерско понашање .
WTF? Вести? Утре со виљушкар сосе кревет ќе ме носат на школо, гледам јас. Морам да си легнам мирно со знаење дека Еми или Јуле добиле билет во еден правец, инаку нема сон да ме фати.
Значи заклучок на вечерта ( мора да си направам ), Нико, Мики и Иван беа закон , Билето и Јана така-така , Ивица средно мизерно , другите слободно дома можат да си одат.( Смајли на кое му е смачено од оние кои не знаат да пеат). П.С Macalove ме изнасмеа, луда си....
Еве ме назад...морав да успијам едно мало зајче и да го чекам назад лап топчево.... Виктор и Иван не ги гледав затоа не ги коментирам,ги пропуштив, утре ќе надокнадам... инаку Виктор ама ич не ми го прави кеифот, уште од почетокот ми е антипатичен заедно со Кристијан...ич не сакам вакви фацки кои се прави имитатори и немаат свој личен идентитен... Емилија ме изненади вечерва, за разлика од претходниот пат подобра беше, не ми се допадна стајлингот и оние висечките наочари, мислам дека тука ја утнале работата... Билјана фаворит од девојките, секој настап трансформација и секогаш е прекрасна, ми се допаѓа што е приземјена и некако скромничка, посебна е , се издвојува од останатите девојки и своја е, не имитира ама баш никого. Нико и Мики за нив само ова Јуле, стајлинг катастрофа, а за гласот мислам дека некако се обидува да ги имитира Ерзана и Туна, кога некој ми е антипатичен од почеток што сака нека прави нема да го сменам мислењето.
Дејан беше малку поопуштен,иако треба уште повеќе да се ослободи на сцена,а инаку пеењето не му е лошо Христијан...хмм... подобар од минатата гала вечер,ама не ми се свиѓа бе,многу ми е препотентен Билјана ја утнала песната,не и легна,а инаку уште ми е фаворит од девојките Иван ПРЕКРАСЕН, оваа вечер беше најдобар од сите Мики беше супер,иако мислам дека можел и друга песна да избере,на некои моменти нe ми звучеше нај нај,ама супер беше,сеуште ми е фаворит,само што на листата го додавам и Иван А Јулето не ми се допаѓа,не знам друго што да кажам Виктор мнооооогу тешка песна избрал,нe ми се допадна И то...
Дефинитивно Мики е најдобар. Морам да признаам дека на почеток ми беше одбивен, ама има глас боли глава. Браво Мики
Е па ако вечерва не отпадне Емилија или Јуле, официјално кажувам дека се откажувам од гледање Идол! Се надевам дека нема да се провлечат и вечерва, доста им беше, башка добри изведби имаше овој пат.
Навистина не е фер што завземаат место. Некој со квалитетен глас да испадне, како што беше со Бети случајот, се надевам нема да се повтори вечерва.
Браво Иван и Мики Најкомплетни од сите. На женскиве само Биле им обели образ, за другиве сеедно ми е која сака нека излезе Бај д веј, во колку ќе ги даваат резултатите од гласањето ?
Јас не можам да ги дочекам, сабајле во 6 ќе ми таралика мобилниов... А и многу го тупат Додека ги седнат на столчињата, па додека да кажат кој од нив излегува, еее... Ќе ми пренесат утре колешките, се надевам нема да ме разочараат.
Браво за Иван вечерва! Убедливо најдобар, гласав за него, и Мики не беше лош, Виктор многу се дига и тоа многу му пречи, бидејќи за да стане ѕвезда му треба уште многу, а тој се однесува како светот да го освоил. Од женските фаворит Билјана, другиве можат дома да си одат!