Зошто имам чувство дека некој ќе биде вратен назад од овие излезените? Дали оти така беше на бугарскиот идол, кој знае, ама се си мислам дека понатака вакво нешто ќе се случи.
Епа арно им текна на овие што гласаат. Арно што си замина Емилија. Бар нешто како што треба да се одвива.
Го следев и не трепнав. Се карав со дечко ми пред настапот да ги исклучи игрите негови и глас да не пуштил додека Мики пее. И откако испеа реков БРАВО! БРАВО!
И јас...И се си мислам дека ке ја вратат Бети...не знам,некако прерано го напушти идолот,иако не ми е баш некој фаворит,супер пее,ама како личност многу не ми се допага.Ама за разлика од Јуле и Христијан,предобра е,требаше да стаса барем до првите 3-4. А дефинитивно фаворирит ми е Мики,a од денес и Иван.
Уште не можам да сфатам зошто ги осудувате идоливе заради тоа како се однесувт или изгледаат. Судете ги по глас и сценски настп,се друго е небитно.Велите дека за кико и виктор гласаат заради убавина и дека не треба по тоа да се суди, а секој пост тука е дека тие треба да си одат дома бидејќи ви се грди и препотентни.И вие ги оценувате по изглед. Ама како и да е. Мој фаворит е дефинитивно Мики.
Хм ,не ги оценуваме баш така. Ако ги видиш сите постови,ќе видиш и дека го имаме фалено Виктор кога имал подобри настапи,и слично,но да бидеме реални,ни двајцата не се приближно добри како Мики,Нико... Тоа што имаат,да речеме таков карактер,им е само плус,(читај минус) за нашето мислење во врска со нив.
^ Не дека се грди, пу пу скраја да е, далеку од тоа, ама некои од нив немаат култура, и да препотентни се, летаат во облаци, и мислат дека се кој знае што, а така можат да освојат 13 годишни фанови, ама не и фанови од постарата генерација. А за да си идол треба да си тип топ во целост, тоа и жирито го кажува. Да не се пресудни овие неколку фактори и Наталија ќе беше на овие концерти.
Па помладите генерации ги копираат своите идоли,тие им се пример за однесување... Е сега,мое мислење е дека некој со квалитети,а поскромен,кој знае да се контролира и знае културно да настапи во секаква ситуација,ке биде подобар пример,одколку некој кој мисли дека се што лета се се јаде,избувнува на секоја провокација,изиграва некој шизик... и т.н да не набројувам понатаму...
како и да е..мислам дека нивното однесување не би требало нас да ни смета во однос на нивните настапи,некако бесмислено е да ги навредуваме и да ги нарекуваме крекало,лигав,грда,глупава...мене на пример мики не ме привлекува физички ама ми е фаворит,кога пее се ежам.и би било некоректно да го навредувам за изгледот покрај онаков вокал..алал да му е.секако некој можеби не може да го слуша но мене ми е некако најдобар.
А дали реално мислите дека и да победи Христијан ќе направи некоја си кариера?! Јас не верувам, човекот нема глас, таквите како него избледуваат за брзо време. Виктор можеби, сепак има глас човекот, ама Христијан не. И на пример Јулијана да победи џабе ќе и биде, ќе служи за потсмев како Њоње што служи иако на тогашниот идол стигна до второ место. Мислам дека без разлика дали ќе победат или не, Мики, Нико и Иван ги чека кариера
искрено после мики најмногу го сакм кико..ама не верувам да победи,не би било фер покрај вокал како на мики ( леле досадна со мики станав ) .во секој случај кико може да направи некоја кариера само ако вежба и прифаќа критики. и веројатно ќе му прват пониски песни,оти има тешкотии со високите тонови.а виктор порано ми беше океј ама некако многу сака секоја песна во стилот на џастин да ја пее,не ми е оригинален.со имитирање не знам до каде ќе стигне.можеби грешам за виктор но тоа го мислам.не мора да значи дека сум во право.
Колку не е срце,и колку не е свој. Срце,Мики,зрачи со искреност,Нико,исто така,нема никаква доза на уфилманост,природни се,културни. А овој,кога ќе го погледнам ми се кака,најискрено.Ја праи таа невината фаца,со која ја осваја малава публика,која припаѓа на него,и сече вени.И не е свој,не го имитира само Џастин,туку присобира од сите. ^Мое мислење,како и да е.
Виктор е бејби фејс, затоа е и мил и симпатичен. А дека го имитира Џастин, го имитира, партали го прави Ама убаво си пее дечкото.