Имало правда конечно, мада на крајот малку ми падна малку жал за Емилија, колку изгубено изгледаше а и поради тоа што има само 17 години па ова може да делува многу неубаво на неа ама што е право - право е, не е за на идол воопшто. Има време ќе си се пронајде самата. А помеѓу неа и Кико подобро ќе беше тој да испаднеше овој пат, ама гласаат клинките Иван(че) , најдобар како и секогаш, абе срцка, тој е македонскиот идол 13203 пати имам кажано дека тој ми е фаворит од самиот почеток, а така и ќе остане. Колку убаво пее, па колку е скромен, понашање супер, изглед, се што треба има. Ќе го биде, мора да го биде. Нико - абе немам зборови за човеков, вистински професионалец. Мики - не ми е во фаворитите ама му симнувам капа, не само за вечерва туку за сите досегашни настапи. Ивица - супер си испеа, како и секогаш, мене ми е некако константен од почеток. Дејан - добро што се подразбуди, ок беше. Виктор - не го обожавам нешто посебно, ама затоа другите го обожаваат Сепак, во целина ми е ок, само е малку уфилман, без тоа би бил многу посимпатичен. Биле - фаворит ми е од женските, ама баш комплетна личност. Јуле - не ми пее воопшто убаво, ама некако ми има мила фаца, добродушно делува и убаво се понаша, затоа ми е симпатична, и општо ми се многу симпатични луѓето од Источна Македонија, шта чеш Јана - добра беше вечерва, само помалку испади во однесувањето. Инаку е многу слатка.
За навредувањето си во право,и јас не сакам да навредувам.Само си искоментирав кој ми се допаднал и зошто,а кој не ми се допаднал,и зошто не ми се допаднал.И толку.Немам навредено никого во стилот на лигуш,таа крека,грда,ваква или онаква...Само си кажав за Христијан дека ми е многу препотентен и дека лета,а нема за што.Или на пр. Виктор кога кажуваше како имал неколку девојки истовремено,сакал онака,да се зеза...мене моментално ми одмиле.Замисли како се почувствувале тие девојчиња.Таква личност за идол-не благодарам.А го зезаа Ивица за тригодишната женска Ама Калиопи убаво им кажа Девојките сакаат верни мажи А за тоа дали ако победи овој или оној и дали ке имаат некоја кариера,се е релативно.Многу зависи и кој ке застане зад нив...зависи од многу фактори.А дефинитивно Мики,Иван,Билјана и Нико,заслужуваат шанса.
Јас го сменив мислењето за Виктор Никогаш не кажав дека лошо пее, ама ми изгледаше препотентен и лигав. Сфатив дека не е така, дека дечкото е сосема приземјен и природен. Вечерва испеа преубаво и си призна грешка што никој не му ја забележи. Тоа дека рекол дека ќе победи се само муабети Сега е еден од моите фаворити
Христијан - Аман! Незнае да пее и крај! И мислам дека конечно треба да излезе... И премногу ми е антипатичен со фаците што ги прави дури неможам да го гледам! Емилија - Дај бре девојче. Добро е излезе! Напокон! Интересни и беа наочарчињата Мики - кој му кажа Russian Roulette да ја пее ??? Со таков глас (моќен), он оваа песна ја одбрал, не дека беше лош, ама може он многу многу подобро Песната ми е многу убава, ама не ми се свиѓаше Мики да ја пее, неможеше да си го истакне гласот Иван - Нико - Е вака се плеска, кога има на што да се плеска, не публикана на секои две минути плес плес
Мојот фаворит е Виктор, можеби напати на некој им налкува на Јастин или малку арогантен но воопшто не е така напротв дечкотот е мног мил харизматичен владее со сцената оа е него стил, пред се има преубав глас добро изгледа и се разбира побликата го сака многу Од машките вокали Мики исто така има многу добар и мокен глас.Дргугите ми се некако незабележителни, а Нико не знам зошто али мислам дека типот воопшто не му наликува епитетот ѕвезда не знам како воопжто стигна до тука.. Од девојчината фаворит ми е Билјана мислам дека така се вика , девојчето што ја пееше Галебе мој тажен, мн е непсредна има исклучително посебно мила харизма едноставна е и плени на сцена... исто криво ми е што испадна Елизабета, девојчето има стварно квалитетен глас.. Во секој случај за поздрав се сите што стигнале до тука, несомнено е дека Македонија има таленти и срекно на сите понатаму со кариерата и тие што нема да победат.
Мене Виктор поубав ми е од Џастин, не е Џастин којзнае која лепота порано може беше убав ама сеаааа каков ми е..не мислам дека го имитира мислам дека само се труди да се облака ко него, како на пр. Билјана мислам дека наликува на Каролина
Нико не можам да го гледам како идол поради изгледот, ама сите од ова шоу можат само да замислуваат дека еден ден ќе пеат како него... каков глас, синоќешниот настап му беше прекрасен! И плус песната беше најтешка, а тој и тоа успеа да го интерпретера - она што другите не бе сакале да ризикуваат. Јуле... нема никаква стабилност во пеењето - ако знаеш да пееш високо тоа не значи дека пееш убаво. Не ми е пријатна за слушање и не уживам кога настапува.
Христијан не пее лошо , убав глас има момакот. И во ред е што е самобендисан и све остало , потребно му е. И симпатичен е. Ама ова фациве , ја криви устата..со таа тетоважа ме пукна. Дете во филм е , така да чист промашај..има шанси да победи со оглед на тоа што е сензација за малолетнички .
Абе на Христијан и Виктор реално кажано им се може. Не само Христијан, и Виктор го гласаат девојчиња уште од 10годишна возраст па што? Си гласаат девојчињата имаат телефони, немаат кај да го трошат кредитот што родителите им го стаиле на картичка. Прашањето ми е,ако вака коментираме, зошто ние не гласаме масовно како нив ? Зошто знаеме дека тоа е само полнење џебови на продукцијата ? Или едвај некој што не е во никакво сродство,дечко/девојка, комшија или пријател дали ќе пушти една максимум две пораки. Ако гласате масовно, или сте во таков круг од луѓе што постојано гласаат за некој имате право да ви биде криво и да се буните и све, ама ако не гласате, оставете нека си одлучат тие што гласаат,еве пр. јас не гласам, имам фаворити имам и некои што не ги поднесувам, ама нема што јас да филозофирам ако пр. победи Јуле што вака-така стигнала дотука.Затоа, ќе одлучат тие што гласаат, ако не ви се свиѓа како се движат работиве гласајте и вие, или ние го трошиме кредитот или праиме сметка на попаметни работи, наместо да полниме туѓи џебови со пари а ништо не добиваме, па после ни е криво..
Арно што испадна Емилија. А и Христијан да беше нема да се бунам . Втор пат му е ова што за влакно му успева да не испадне, се надевам ќе нема трета среќа . Мики уште еднаш докажа како се пее. Додека го слушав зборовите сами ми излегоа од устата и реков ‘‘Ова е Идолот!‘‘. А како што кажа Оффи и да не победат Иван, Мики или Нико се знае дека луѓето ќе имаат и те каква кариера.
Иде Емиииииии, Лајковачком пругооооом, Лајковачком пругоооооооом! Ја па синојка легнав на вестиве божем ќе спијам, ама не можев да заспијам ме копкаше кој ќе испадне, па си станав и укл тв и кога гледам Виктор, Кристијан и Емилија на столови! За Кристијан и Емилија гајле ми беше ама Виктор да не испадне, затоа највеќе гледав. А овој Кристијан веќе 2пат на стол, ќе си оди и овој брзо.
Добро бе,како може така да оценувате според тоа како изгледа некој дали треба да биде ѕвезда,да победи или пак воопшто да стигне до тука? Никако не ми е јасно.Сузан Бојл многу е убава?Не,но гласот и зачудувачки,прекрасен,невозможен...Да уживаш дур ја слушаш,воопшто да не помислиш кој пее туку како пее. А плус,Нико има прекрасен глас,а изгледот му е сосема добар,како просечен човек,а и најгрд да е во светот јас пак ќе го сакам најмногу од сите таму зошто ми е фаворит баш заради тоа што прекрасно пее,ме наежува целата...Виктор е убав,ама никогаш не ме наежил како тоа што го направиле Нико и Мики,понекогаш и Иван ... Мислам дека изгледот ама баш никаде освен во Македонија не е пресуден за да се оформи една успешна кариера. Јас сум за Нико,Мики и Иван до самиот крај затоа што се прекрасни во секоја смисла на зборот и заслужуваат почит! И да би можела и да би добила шанса јас попрво би го избрала Нико за Идол отколку Виктор зашто ценам гласовни способности,а не шармантност. Се одбира најдобар глас,а не мистер на Македонија и тоа е фактот што запалените тинејџерки не го прифаќаат. Кој и да победи од овие тројца нема да ми биде воопшто криво,додека за другиве би ми било и тоа е моето мислење. Голема штета што во Македонија го ценат изгледот,а не пеењето.Навистина жалам што е така.Некој од тројцава за мене е морален победник...Се поклонувам до земја на нивното пеење.
Оваа Емилија конечно испадна. Премногу стигна со нејзиниот ''глас''. Мики и Јана ептен ми се допаднаа, и сега покрај Јана имам уште еден идол Иван и Нико исто така премногу убаво испеаа, а овој Виктор па што се преценува. Сеуште се чудам како се нафатил Кристина Агилера да ја пее а па и како помина во нареден круг со тие пропусти, фалшови и губење на глас
Се согласувам со тебе. Мислам дека штета е за Наталија што отпадна уште на почеток. Па таков глас се испушта ли? Преубаво пееше! Па ни Тина Тарнер не е убава. Kолку познати ѕвезди има кои не се убави ама затоа имаат прекрасен глас. Го делам и твоето мислење за Иван, Мики и Нико. Кој и да победи од нив ќе ми биде мило
Леле... колку лошо оценувате... па ако Христијан седнал два пати на столчињата тоа не значи дека имал најмалку гласови ЕДИТ: Мислењето беше редактирано, ве молиме пишувајте кирилица
Кога ќе излезат на сцена, подобри се од 90% македонска естрада Само напред Нико, Билјана, Иван и Мики одржете им лекција на македонските самопрогласени "пејачи" Било кој од нив да го добие епитетот македонски идол, ќе бидам задоволна
Иван абе како тинјџерка не се занесував така по личностите од ТВ ,каде се сместени ? Би сакала да го запознаам. Не шала на страна најдобар Идол е.