Јас мислам дека Христијан го ставаат двапати на столчињата за да се спушти малку на земја, а синоќа и Виктор поради истата причина. Неверувам Христијан да има најмалку гласови, па сите од 6 до 15 гласаат за него
Да во некој хотел се сместени во Скопје сега Билјана го имаше ова напишано на статус pozdrav od nasiot hotel,konecno malce odmor ama ne za dolgo))
Секоја чест за Мики 1000000 пати поубаво ја испеа песната од Ријана. Прво кога слушнав дека пее песна од Ријана си викам да не полуде човеков, има прекрасен глас за да пее песни од Ријана ама уште еднаш докажа дека не прави грешка во изборот на песни. Не можам многу да коментирам за другите дека не ги гледав многу. Заслужено Емилија испадна, девојчето не знае да пее туку да крека, јас не ни знам како стигна до 3 гала вечер -.-
И јас мислам дека Кико и Виктор ги ставија на тие 3 столчиња баш поради таа причина-малку да се спуѓтат на земја и да сфатат дека не треба толку да летаат.На Христијан тоа и минатат гала му го кажа жирито,но тој не ги послуша советите и си продолжи по свое.Може малку посмирен за разлика од минатиот пат,но сепак мислам дека сеуште лета.А,колку што успеав да разберам тој не се прави,туку си е таков.А,за Виктор...искрено мене ми е фаворит уште од почетокот на шоуто уште кога почнаа аудициите по градови...си тера свој стил,но мислам дека треба малку д апоработи на својот речник ако сака да има повозрасна публика...и за вчера може требал да избере друга песна затоа што со оваа песна не се покажа баш како што знае тој...за разлика од минатат гала кога ја пееше Осамен,вчера многу послабо испеа...а башка што и неколку зборови од песната не ги ни испеа и губесе многу воздух...А,меѓу фаворитите овој пат го додавам и Мики...едноставно ме освои минатат гала со својата изведба...БРАВО МАЈСТОРЕ!!!
http://www.youtube.com/watch?v=_BH8vsL4 ... re=related no comment целата изведба е феноменална. Нико и Мики дефинитивно заслужуваат да бидат победници... за мене нема потреба од понатамошна дискусија .
Тие седат на столчето зашто имаат најмалку гласови. Не зашто жирито или режијата си прави експерименти или ги спушта, едноставно оние тројца со најмалку гласови - седат на столчињата. Така е според лиценцата. Ако си го гледала американскиот ќе слушнеш buttom three
Баш точно crazylady .. и на Мики и на Нико пеењето буквално ме наежува. Не пратев од почеток macedonian idol, али прочепкав на интернет и јас сум воодушевена од овие момци ...
Вчера гласав за Нико, зашто мислам дека е најдобар.Не е којзнае колку убав ама има нешто што ме привлекува да навивам за него, нешто што пола од натпреварувачите го немаат. Освен Нико омилени ми се и Мики и Иван,а женските не ги знам добро не можам за нив да коментирам. Инаку и мене Христијан ме нервира премногу, а исто и Емилија, фала Богу што испадна. На почетокот омилен ми беше Виктор и тоа од кога ја пееше на аудицијата Енџлс од Роби, ама сега почна малку да се дига.
Леле де кажи ми што им се може? Вчерашни г*мна се. Да речеш на пример и се може на Калиопи, и се може на Каролина, сеедно ајде де. Овие имаат уште многу палачинки да јадат додека да станат ѕвезди, иако уште сега се замислиле дека се.
Јас да не гледав Идол и да не сум чула за Нико ќе мислев дека Алехандро Сафина е гостин на македонскиот идол,дефинитивно
ја сакам Nико да победи зш дечкото знае и мене и баба ми да ја наежи,глас во кој може да уживаат сите генерации
Е да ми си жива и здрава и тоа што понекогаш звучат како светските ѕвезди или барем приближно е добра работа..Но ниеднаш не видов никој овде да искоментира дека Нико го имитира Алехандро Сафина, а сите зборуваат дека Виктор го имитира Џастин...нема логика некако
Па мислам дека сите од идол се огледуваат на некој светски пејач или пејачка,а не само Нико и Виктор. Па тоа до некаде е нормално бидејќи уште е млади и неискусни и сеуште го пронаоѓаат својот стил и на пеење и на однесување. Мислам дека со текот на времето полека-полека ќе стануваат свои и автентични.
Алиса не ми се верува дека е така како што пишуваш. Само еден од тројцата што седат на столчињата има најмал број на гласови. За другите двајца мислам дека не мора да значи дека се со најмал број на гласови.
Jaс дури сега ги изгледав како пееле, па да си дадам рецензија на вчерашната епизода. Ивица - Одлична песна, Џенис Џоплин е легенда, ама не ми настапува убаво бре овој Ивица, не знам зошто, како нешто да ми фали. Како да е излезен само за да испее и толку. Ми нема емоции, ми нема некој сјај на сцената. Дека знае да пее, знае, ама не знам. Не ме воодушеви. Не дека беше лош, ама онаа песна можеше каде каде подобро да ја испее. Јана - Алал да и е за песната, вчера Јана можам да кажам дека од девојките испеа најдобро. Пееше супер, енергично, на нејзин начин, успеа таква песна да ја скроти и да ја претопи во нејзин стил, изгледот на сцена пефектен, харизма и контакт со публиката одличен, се на се преубаво спакован пакет кој со ќеф го изгледав. Дејан - Обичен. Многу, многу обичен. Треба нешто да смени кај него, ми е многу згрчен како да се плаши да се распее, како да се плаши дека ќе згреши. Тоа му ја гуши песната, не му дава да се види убавиот глас што го има. Мора значи ако сака да продолжи понатаму да најде начин поенергичен да биде. Христијан - Добро е што го подбра Калиопи минатата недела. Се гледа дека му влијаела критиката, овој пат беше подобар од минатиот пат каде каде, ама мислам дека е крајно време тој да го напушти Идол. За разлика од Ивица и Дејан кои имаат преубави гласови, само треба уште малку да поработат на настапите за да бидат перфектни, Кико мислам дека има толку можност. Опуштен е на сцена, има добар сценски настап, но вокално е најслаб. Успех му е и до овде што стаса, ама мислам дека е редно време да излезе. Сите останати се вокално многу посилни од него. Емилија - Згреши многу. Девојчево нема грд глас, ама одкако почнаа големиве концерти избра песни кои ама апсолутно никако не и прилегаа. Sober јас да сум некој фактор во Идолон, не би и ја дала ни под точка разно да ја пее. Требаше да одбере некоја полесна, попевлива песна, нејзиниот глас е сличен како на Ноне, не е за секоја песна. Требаше убаво да бира што ќе пее, песни на кои гласот би и се навикнал, не требаше да очекува песната да се навикне на нејзиниот глас. Јас да сум би и дала да ја пее Аврил, Нели Фортадо, можеби Никол од Пусикет Долс. Пинк има премоќен, пресилен глас, а таа два пати неа ја пееше, тука згреши многу. Кај од Тоше галата немаше никакви шанси, сосема различни гласови, евергрините пак требаше да одбере некоја побрза песна. Се на се, оправдано, од сите што беа таму присутни, таа заслужуваше најмногу да излезе. Виктор - Не го гледав. Уште еднаш ќе се повторам - многу ми е антипатичен, воопшто не сакам онакви занесени, уфилмани луѓе кои мислат дека ако сите 10 годишни девојчиња трчаат по нив се ѕвезди. Не планирам ни да го слушнам како пее. Иван - Аххххххххх... Морав 2 пати да препуштам да слушнам како пее, првиот пат не можев очите да си ги приберам, прекасен беше со шеширчето и трегерите. Од вториот пат кога го слушнав, уште повеќе го засакав од минатата недела (иако не верував дека е можно), песната ја испеа на свој начин, прекрасно, моќно, точно... Одмерен е, знае да оствари контакт со публиката, харизматичен е, со еден збор прекрасен. Песната е закон, алал да му е што се дрзнал таква пејачка да пее. Е тоа го сакам, кога не се плашат да ги пеат најголемите музички имиња! Мислам да можеше Арета да го слушни како пее и таа ќе се поклонеше. Билјана - Би го сменила само стајлингот, но тој не е ни толку битен, битно е дека Билето испеа преубаво, другиот пат ја чекам со побрза песна, докажа дека баладиве и одат, сакам од другата недела малку и да не размрда, доста не разнежнуваше Нико - Да ви кажам право срам ми е да коментирам за него. Па каква и пофалба да пишам ќе звучи како навреда за Нико. Да кажам дека е прекрасен? Навреда е, Нико е многу повеќе од прекрасен, многу повеќе од одличен, многу повеќе од извонреден! 5 минути после настапот дремев здрвена, успеа толку да ме разнежни и наежи, секоја му чест. Тука и ќе прекинам, затоа што како што кажав, се што ќе кажам ќе звучи минијатурно. Мики - За Мики кажано е се, уште да му се поклонам едно 5252542542 пати затоа што млад пејач, неискусен, успеа да не се збуни при онаква незгода, песната ми е омилена од Ријана, иако неа не ја сакам, онаа песна и е најдобра! Мики може да го пратиме кај Ријана, да и покаже како се пее во живо, поточно да ја научи како треба да пее, затоа што е многу пати подобар од неа. И не само од нашиве Македонски пејачи, Мики е подобар и од многу светски пејачи, кои се прославиле на сличен начин како Ријана. Мики одма би го пратила во Холивуд, да ги ежи и нив таму, себично е да го сакаме само за нас. Јуле - Не знам зошто олку не ја сакате момава, мене баш убаво ми пееше вчера. Песната е таква, Јуле воопшто не потфрли вчера, баш убаво ја испеа. Стајлингот можеше подобро, ама па кога ќе видам како се четирине тетки на спотот облечени, си викам Јуле божица дека била. Вистина е дека потфрли на втората гала вечер, ама вчера беше одлична. Не знам, мене и натаму ми останува идол од женските. А да, сакам да ги гушнам секој пат жирино кога ќе го видам Нико, секоја му чест што ги пуштија двајцата со Виктор штета ќе беше заради попалени тинејџерки да не можевме да уживаме во гласот на Нико. Следната недела што ќе се пее?