Ме изиритира нешто и морав да го искоментирам, иако не сум страшен обожавател на шоуто. Влегува едно девојче и вели ќе се претставам со Sway од Pussycat Dolls ај она што ја направи утката ја направи (Dean Mаrtin е исполнувачот на песната Sway, овие мачкиве ја препеале изгледа во поново време), ама и никој од жирито не ја поправи. И баш се запрашав, знаеа ли и "компетентните" дечки од жирито дека оваа песна не е од Pussycat Dolls??? Можам до утре сабајле да коментирам за тоа дека полабаво жири Идол немало и ќе нема,па не се пушта секој што само знае да пее а стои како трупец, да оди понатаму....
Верзијата на Pussycat е малку побрза, и многу повеќе ми се допаѓа од оригиналот, и јас не гледам никаква грешка во тоа што рекла дека ке ја испее од Пуссикет, и јас би рекла така... Мене жирито ме нервираше на почетокот кога се исмеваше на сметка на кандидатите, а испадна дека не биле они у жири туку било монтажа
Мене ми е ептен погодено жирито , подобро во Мк тешко дека ќе најдат! Така да супер се Првиот и вториот круг се само за поголема гледаност, затоа и секакви имаше...Они и сами кажаа дека 3тиот круг нема да е толку лесен...тек тогаш ќе има коментари за став и држење и како да се понашаат и облекуваат на сцена.
Па добро, убаво што кажала дека ќе ја пее од Пусикет Долс, затоа што поразлични се верзиите. Еве девојкава на X Factor ја пееше Turn My Swag On, песна од Soulja Boy, ама напомена дека ја пее верзијата на Кери Хилсон http://www.youtube.com/watch?v=JglWZ-wC3Vk Он топик - неколку недели не гледав Идол, некако се ми испаѓаа други планови, ама оваа недела планирам да се заковам пред телевизор и да си одберам фаворити. Колку што слушнав, имало добри дечки со талент
Што мислите за Христијан Тодороски, според мене е баш супер и заслужува да победи на Идол, симпатичен е има добар глас, знае да направи муабет со тебе, исто така мислам дека добри се и Елена од Охрид али не ми текнува на презимето и Коста Хаџикојчев
http://www.youtube.com/watch?v=UDjRBYmEfa0 Спојлер Гледајте накај 7матаа минута И јас да се пофалам дека има и мој сограѓанин во Идол (Даниел Савиќ)... Мислам дека тој е и единствениот пријавен од мојот град, и многу се радуваш што влезе во 3тиот круг. Инаку не испеа баш најдобро, мене не ми се допадна, го имам слушано многу пати во живо и многу подобро пее. Во Идол баш не се претстави во најдобро светло...
Кој што сака нека каже, ама мене жирито ми е ЗАКОН! Колку само ме смеат Да не се тие, реално шоуто нема да биде интересно, нема баш многу кандидати кои се вредни за восхит. Што се однесува до Коста Хаџикојчев...за жал, тој нема да влези во 12-те финалисти. 100% сигурна информација. Lolyta, беше монтажа само изборот за прв круг, веќе не е монтажа.
Го собориле поради годините. Штета. Прекрасен глас Слушнав дека сите што се под 16 години и над 26 (незнам до колку години точно е дозволено да се пријавуваат) нема да им дадат да поминат понатаму. А денес многу ми се допадна како пее девојчето од 14 години од Куманово, Јовановиќ мислам дека се презиваше
Eпа вака... и јас да го кажам моето мислење жирито е за нигде....ај калиопи некако се вклопува...сепак е пејачка....ама тони и игор што бараат таму?????? они служат само да се исмеваат со сите....особено ме нервира кога ќе им го слушнам тој осмехот извештачен тие сосема ја имаат изгубено смислата и концептот на вистинскиот идол.....поголемиот дел од времето само се потсмеваат со луѓето и ги навредуваат.....а многу ретко се случува да дадат по некој асален коментар.....и тоа најчесто на оние кои не го заслужуваат тоа....најдобар пример е онаа мерлинкана.....ај барем да знаеше да пее, ок.....вака ни пеење ни став, а игор паѓа од стол инаку мој идол е коста хаџикојчев и баш ми е криво што нема да влезе во финале
Имаше добри гласови вчера. Мене овие ми се допаднаа: http://mesto.com.mk/video/UABKW6AY34S8/ ... 0%BA%D0%B0 http://mesto.com.mk/video/N315UGKAWXU3/ ... 0%B2%D0%B0
Јас го загледав Американскиот Идол на нет и е преинтересен, Нашиов вода може да му носи, што е, нели, нормално
Јас знам дека девојчето не е од Велес затоа што една другарка што седи во интернатот во Велес ми кажа дека и таа таму претстојувала. Навистина требало да се погрижи за изгледот, теглите и се ноу комент, сега ако нема избор на рамки за очила кога пак имало. А едно девојче вчера што имаше не ми текнува како се вика, цела фамилија музичари, дома му беа на гости, ептен убаво пееше и не го пуштија. Не ми се веруваше.