Не ги гледам повеќе. Многу ми станаа досадни! Се занесуваат дека се ѕвезди, а тие јадните кој како испага така и ќе го заборавиме. Дали пола од нив ќе породолжат понатаму. А кога сме кај Виктор и Кристијан мене виктор ич не ми е привлечен, а Кристијан разлигавено детиште.
Е па да ти го почна муабетот, не знам како се обидуваш да сопреш нешто што го немаше, а споредбата ВООПШТО НЕ СЕ ОДНЕСУВАШЕ на Кристијан со Тоше, беше општа констатација дека за вкусовите неможеме да распараваме, и секогаш ќе има некој што ќе ги поддржува и сака луѓето кои се одлучиле за јавна професија, и такви кои истите нема да ги сака.Тоше го спменав во тој контекст и покрај тоа што е најдоброто нешто што сме го имале,не е бил имун на лоши коментари и лоши мислења,не го споредувам со НИКОЈ. Тоа што тие одлучиле да се занимаваат со јавна професија ни дава за право да ги коментираме,да ги сакаме или не. А дали нешто што е кажано овде е потребно или не,не знам за каква потреба зборуваш, сум прочитала многу мислења кои лично за мене нема потреба да се пишуваат ама ете,некој имал потреба да си се искаже па си пишал тоа што го мисли.
Христијан многу се фолираа во последно време... Мисли дека е голем фактор во идол и тоа многу ме нервира...... Емилија испадна и сега на Христијан му е редотт... ај крај на месец е можеби овие 12 годишните си го потрошие кредитот од телефонот па нема да има преку што да гласат за Христијан и ќе испадне...
Ај гледам Виктор сте го спомнале, да се надоврзам: поголем промашај со песната не можеше да направи. Тој ќе ми ја пее Агилера Алооо... спушти се дооооооооле.
Јас сум за Мики и сакам Мики да победи. Најприземјен ми е од сите, најубаво ми пее, нема утка со песните... Башка има посебна боја на гласот, препознатлив му е. Исто и Иван и Билјана ми се супер. Ете тие се моите топ 3 со Мики на чело Другите ми се гола вода, посебно Христијан. Едвај чекам да го мафнат
Сега ја слушнав Јана за првпат...Не знам бре луѓе што толку не ви се допаѓа кај неа? Мене супер ми испеа, плус многу беше опуштена на сцената, секоја чест за девојката. Гледам зошто на мајка ми и била омилена
Драги феминки да Ве прашам нешто? Гледам сите коментираме за Идоли,а никој не пишува дали гласате за фаворитите? Ај јас ке одговорам.Додека беше Бети гласав за неа,на минатата гала гласав за Мики.
Јас не гласам. Немам ниту кредит за гласање, ниту пак го следам редовно идолот. Сепак, кога го гледам, сакам да си дадам мислење за тоа кој како испеал. Не значи дека ако не гласам не смеам да коментирам. И американски идол да гледаме ќе пишуваме и ќе коментираме, а никоја од нас не е во можност да гласа. Башка, и жирито не гласа, па сепак на крај ги коментира идолите (мала шала)
Не гласам, имам фаворити ама не гласам. Зошто да гласам и на некого да му го полнам џебот? Што добивам на крај од тоа што гласам, да не ќе ми пее на увце идолот? Кажав, нека победи најдобриот, ама јас нема да гласам
За гласањево, си праќам по една до две пораки за идолот мој! Ама не праќам по 100, 1000 или не знам колку. Да пее некој мој па ајде де, ама вака, ништо повеќе од две пораки, од чист ќејф!
Досега имам гласано само еднаш за Билјана кога ја пееше paparazi од Lady Gaga навистина ме остави без зборови http://www.youtube.com/watch?v=q7sibftR0Kg
И јас исто. Минатиов пат пуштив две три пораки за Иван. Не дека ќе добијам нешто ако гласам за некого или „ќе ми пее на увце“, ама едноставно ако ми е фаворит - би гласала за да го поддржам. Две три пораки нема да ми скратат многу од џебот
Aко продложи Виктор да се занесува ќе почнат сите да го мразат кај Христијан веќе го мразам сега на ред е тој а иначе не е се во убавината Виктор може само вода да му носи на Денис Мурат кој зрачеше со сексипил и потполно ме купи си со изведбата на "you van leave your hat on" уффффффффф стварно не знам дали постои некое женско кое може да му одолее, Ах штета што отпадна сега нема со кого да си ги исплакнам очичките затоа што Виктор не ми е нешто посебно а Христијан уште помалце. П.С. Сори за офф топик само сакав да си го кажам моето мислење. http://www.youtube.com/watch?v=k_wG-2nN0w8
Jас секој понеделник гласам за Нико,по еднаш Скромна сум,ама еден по еден се собираат.Откако ќе ме наежи целата срце не ми дава да не пуштам бар еден глас. На последнава гала вечер гласав повторно за Нико,ама овојпат и за Мики пуштив еден глас.
Се сеќавате на Елена Станојковска а ла „Диштанс“? Да ве потсетам: http://www.youtube.com/watch?v=CFp6XDS_H5w Епа кога виде дека не ја бива за пеење се пријавила Мис за Велешка убавина. *Од крај со жутите купаќи *Втората од тука *И од тука втората Да знаете ако не и оди успешно во манекенскиве води, ништо чудно и во некој филм да ја видиме, да да