Јас сега од пред 2-3 вечери почнав да го гледам идолов. Т.е. од првата гала вечер првпат почнав да го гледам Бети многу убаво ми пееше и ми беше многу криво што испадна. Аман, зошто не ги направат пораките по 5 ден. да можеме сите убаво да гласаме, а не вака по 25 ден. за мене тоа е многу, за некој можеби не е, ама мене и една порака да пратам ми е многу. Инаку, се поклонувам на гласовите на Нико и Мики, фаворити ми се, ама омилен ми е Иван. Што да правам кога имам македонски менталитет и паѓам на убавина, пред глас Не дека Иван има лош глас, ама мислам дека Нико го шие, впрочем ги шие сите во шоуто. А Иван посебно ми беше секси сега во понеделникот, уффф Христијан кога го видов првпат си реков многу ми е убаво детево, ама кога видов како се понаша ми дојде да Божеееее свашта!!! А Виктор не ми е нешто привлечен, јок, јок. Ама сепак не пее лошо, направи утка со песната од Кристина Агилера.
Па да во тоа е работата.Некои коментари во темава навистина изобилуваат од проститлук и исмевање и изгледаат како да се напишани од 13 годишни девојчиња.. Така да не гледам што толку грешно кажала..
Гајле ми е дали од косата и` се цедел зејтин, гајле ми е дали и била права, мазна, чиста и долга. Според мене Еми не пееше убаво, тргам од таму пред се`. Можеби и имала трема, можеби е така како што велеше на ТВ, дека искуството си го одигра своето и дека Идолот и` беше прво појавување пред голема публика. Времето ќе покаже. Сепак е вкус и слух во прашање. И еве ајде, на Еми и посакувам се` најдобро, значи не можам некој да го мразам со тоа што сум го видела 3 пати на ТВ и не ми се допаднало како пее. Доколку прифати критики, се извежба убаво и направи добри песнички во иднина кои ќе ми бидат пријатни за слушање, сигурна сум дека ќе ми биде мило да ги слушнам и ќе признаам дека сум згрешила, ама ете, пак ќе повторам, сега не и беше местото тука...
Да кажеш мислење за некој е едно, а тоа мислење да е и повеќе навредливо од што треба е тоа е друга работа. Дали касата и била мрсна, дали кошулата е од баба или нејзина е прашање на вкус.
Добро девојки, толку од препукувањата, секое мислење што не е за темава, ќе биде избришано. Ајде да се вратиме на темата, да не забегуваме многу
Го разгледував профилот на ГлигУрче Многу е симптоматично нов член да дискутира исклучиво на оваа тема и на ниту една друга. Девојкава постојано ја фаворизира Емилија и го цитира речиси секое (ако не и секое) мислење каде таа добила негативни критики. Јас сум сигурна дека ова корисничко име е на Емилија. Повеќе од очигледно е бидејќи ни најмалку не се обидела да направи камуфлажа со која ќе се сокрие зад никот. Самата себеси се нарекува кул, талентирана, симпатична и тн. Нели е смешно? (Се извинувам ако грешам а не грешам) Го гледав интервјуто (не со големо внимание) но од она што го видов и слушнав можам да заклучам дека таа не прифаќа негативни критики. Знам дека на идолите не им е сеедно кога ќе слушнат и ќе прочитаат негативна критика за себе, но од тие критики ќе научат нешто. Молкум ќе се обидат да го сменат сето она што на публиката не и се допаѓа. За публиката се пее нели? Мислењата на форумов ги пишуваат луѓе, а тие луѓе се публиката. Ако не е битно што ние мислиме за нив тогаш што е? Конкретно за Емилија (бидејќи таа испадна) јас мислам дека ја прецениле. Да бев член во жирито, уште на првата аудиција ќе речев НЕ! Според мене, треба да е среќна што догурала до тука. Како и да е, и посакувам се најдобро!
Еј еј луѓе да не претерувате малце За косата брилијант користела, од баба и кошула земала и незнам ти што мислам дека не ви личи да пишувате. Во ред и мене не ми беше омилена и секогаш имаше критика дека не ми се допаѓа како пее, ама мислам не е потребно навредување без разлика дали некој чита или не чита
http://mesto.com.mk/video/G1N5M785U8G7/ ... ian-Idol--Емилија-Ѓорѓевска--интервју-12 http://mesto.com.mk/video/6XK7GYXKSU6R/ ... ian-Idol--Емилија-Ѓорѓевска--интервју-22 Еве го и ова
и јас исто сметам дека се претера со критиките кон емилија на форумов...едно е да коментрираш некого,да кажеш дека не ти се допага нејзиното пеење или дека не ти е симпатична на пример,и сл.а сосема друго да врегаш и омаловажуваш со најразноразни погрдни зборови како што беше нападната емилија.точно дека ова е форум и дека секој може да си пише и каже што сака,ама треба и да размислиме како тие наши зборови влијаат на некого.особено кога не се работи за виртуелна личност на форум,зад која не знаеме кој се крие,тука за личност која ја знаеме сите која е..никој не е совршен..можеше било кој од нас да е на нејзино место..па секој трет сака да биде пејач сетете се само колку пријавени имаше на аудициите.може и некој од вас бил таму..сите сакаат да си ја пробаат среката..на емилија тоа и успеало... нема глас како шо имаат нико и бети,ама сепак има нешто во нејзе чим успеала да стигне до финале.не ми беше фаворит да нагласам, да не помисли некој дека сум и братучедка или комшика и сметам дека нејзин ред беше да излезе...ама мислам дека и нанесовме неправда со коментарите тука..
За коментирање косата и била мрсна или кошулата не и била убава стварно не личи. Што е право-право си е. Ама и оваа е стварно БЕЗОБРАЗНА! Ние претходно коментиравме само за пеењето, па ете и за стајлингот. Ама оваа ама кажа: Има многу простотилак, гнев, агресивност. Ко божем трчавме по неа со пушки да ја утепаме. Убаво кажа-лоша критика е добредојдена.И сега си се жали.
Само што го догледав интервјуто со Емилија и искрено со оглед на тоа што има 17 години е прилично дрска и очигледно не можеше да се помири со фактот дека лошо испеа и испадна заради тоа што заслужи , па ги криви машките што не гласале , или тоа дека е од Тетово , а не од Скопје или Битола што искрено нема врска. Факт дека дека можеби другите имаат повеќе искуство , но сепак со своите 17 далеку дотурка и треба да биде задоволна.
Малце со коментарите претеравте. Емилија нема врска од пеење, заслужено испаднаа, и не може да се помири со тој факт. Но сепак мислам дека не треба толку да ја невредуваме..... Да се надеваме дека еден ден ќе свати дека не е за во музиката.... btw знаете Виктор кој песна ќе ја пее во понеделник ? Знам дека е ќе пеат песни од Битлси ама којаа ??
Ајдеееее, кај им текна па сега од Битлси? Ги почитувам не дека не,ама галиве некако почнуваат да ми стануваат монотони. И да, на Емилија и посакувам се' најдобро понатака во животот и да не се повторувам сега,само ќе кажам дека се сложувам во врска со коментарите на повеќето,ниту мене не ми беше омилена, но стварно сите претеравме,во ред е коментирање,критики и слично,меѓутоа со навредите веќе ја преминавме границата. Хахахахаха,ме изнасмеа сликава Леле каков бил Иван со долга коса
Ај ај доста за Емилија, па многу значење и се придаде. Пеела не пеела убаво, излезе ете готово. Ние си го кажавме мислењето исто и публиката. Се виде кој е во право. А инаку ако секој познат читаше што зборуваме за него ехехееееееееее. Ако сака да биде позната ќе си се навикне на секакви коментари па и тие навредливите и готово. Инаку да не ја има објавено листата кои песни ќе ги пеат овој понеделник?