Се согласувам со тебе, сите имаат по некоја маана (не зборувам само за идолите туку општо). Знам дека секој има право да го искаже своето мислење, но мислам дека некои претеруваат со своите коментари и навреди. Доколку некој не ви се допаѓа како изгледа или како се однесува, избегнувајте го, или во случајов за идолите не го гледајте и не го подржувајте, но не мора да користите лоши зборови, за да ги навредите.
Ајде веќе го претеравте малку. Па светските јавни личности сите ги коментираат, дали се здебелиле, какви биле без шминка, секакви слики излегуваат во списанијата, целулити, свашта. Тука за што се крена толкава галама? Што некој рекол дека и била мрсна косата. Е богами тешки навреди паднаа. Е па сакаат да бидат јавни личности, мораат да се сносат и со критики за изгледот како и за пеењето.
Јас нема да делам пофалби и критики туку ќе ве прашам што мислите за наградата на македонски идол? Мене ни ми се допаѓа бидејќи мислам дека ако победникот го пратат да студира англиски јазик далеку од земјава сите ќе го заборават и ќе исчезне, ќе се одалечи од музиката бидејќи ќе треба да се посвети на студиите, ако победникот има група ќе треба да ја растури групата во која вложил многу и заработувал од неа, а откако ќе заврши к*р што ќе дојде да ни предава англиски? Значи англискиот стварно е потребно секој да го знае, но не мислам дека наградата е соодветна
Во секое нормално шоу од ваков вид, наградата би требало да биде снимање на цд, песни, спотчиња, цела кампања за промовирање што ти знам... Што ако отиде да учи англиски? Имаш право ќе го заборавиме
А тоа ќе биде единствената награда? Јас не слушнав баш тогаш и воопшто не ми текнало на ова. Нема победникот договор со некоја куќа или нешто слично?
Па мислам дека освен тоа што ќе го пратат да го доусоврши англискиот јазик дека ќе има и друга награда...снимање албум,спотови,песни или нешто така...сигурно не се борат за тоа да одат во Англија.Сигурно има и нешто и друго само што сеуште немаат ништо кажано.
^^^^тоа нема да е наградата за тој шо ќе победи туку за тие шо нема да победат ,шо ќе стигнат до финале или полуфинале мислам
http://www.youtube.com/watch?v=xSM2d7B5SGo Еве од прва рака што ќе пее Виктор во понеделник за тие што ги интересира
jas sakav emi da ispadne ovoj pat ama moram da kazam alal da i kolku e sposobna da odgovori i da se snajde. kako 17 godisna devojka drugite idoli mozat samo da i pozavidat na fondot na zborovi. a edvaj cekam viktor da go slusnam <3 [mod-kirilica:1xsenour][/mod-kirilica:1xsenour]
Да ама секоја песна што ќе му се засфиѓала на него и на друг му се свиѓала и он не се бунел туку му ја дал да ја пее.
Мислам дека никој нема да ја пее.... само за Биљана и за Јана не знаам. Ако некој од нив две ја пее таа песна
Виктор ќе ја пее оваа: http://www.youtube.com/watch?v=xSM2d7B5SGo И ќе биде број 7. А за женските само знам дека Јуле е број 6.
На мене идоли ми се Виктор, Нико, Иван и Јана. Најмногу ми е жал што Наталија не влезе (последниот пат кога ја бееше Hеlo од Beyonce не ми се допаѓаше многу) а исто така и што Бети го напушти идолот. А со фејсбук више мислам дека претераа секој 2 пост се поврзани со идолот колку го сакале овој колку го мразеле оној... А си гласам секој понеделник по 1-2 пораки За следната недела од вас дознав што ќе пеат, а што и да пеат знам дека сите ќе бидат одлични а за коментарите овде од вас до некои идоли не би коментирала бидејќи секој има право на свое мислење кое што сака да го сподели и со друг можеби некој би навредиле но тоа е тоа
Еми и фонт за зборови ми се два спротивни поима. Извини ама со ова неможам да се согласам, на самото интервју си докажа колку многу знае да се изразува и да каже нешто паметно.... Тотално незнае да се изразува ни како што и доликува на нејзините 17 години. И да, Глигурче го нема зошто е на екскурзија А само што сакав да прашам во темата „Каде е...„
Тоа е точно дека ќе одат во Англија но не од таа причина да го изучуваат таму т.е да студираат Англиски јазик,него да снимаат англиски албум До таму стаса нашиот Ангел,кому му требаа години за да стаса до таму.... за жал нашиот Тоше не успеа да го заврши албумот.... Тоа е и те како голема награда за победникот на Идол според мене,плус сигурно голема рекла која ќе го направи многу популарен и све тоа под ред.Не сте разбрале убаво....Ве бакнувам девојкиии убав ден имајтее!
Не сте разбрале ни двете убаво. Ќе одат во Лондон преку јазичната мрежа Вербалисти. Значи ги праќаат таму на недела-две или на месец(не знам колку ќе им дадат на Идоливе). Тоа е нешто како пракса, не целосни студии до година што траат. И се сомневам дека таму ќе снимаат албум
Јас Виктор го обожавам ама два збора не знае да сврзе. а и на интервјуто на Емилија кога зборуваа за неа никој од нив не знаеше да се изрази. Во тој поглед го дадов коментарот и дека е борбена и знае да врати.
И јас мисалм дека нема некој широк спектар на зборови и не знае да игра со играта на зборови да сето тоа звучи убаво како што треба да наликува на една ѕвезда..Баш ја пратев на емисијата кај Жаре на многу негови прашања не знаше што да одговори а сама ги преизвикуваше таквите прашања од Жаре кога тој ке ја ипровоцираше на порецизен одговор, буквално немаше збор што да каже па викаше ЖАре...Жаре..па ако веке нешто почнеш да кажуваш досикашжи се и биди достоен на тоа.И колку од идолите ја искритикуваа дека е неровезн тип, не сакаше ни тоа да го признае.. мисалам дека девојчето од самиот почетокот до крајот многу напредуваше ми се свигаше нејзината непосредност, али накрај кога испадна на интервјуто кај Жаре многу се избламира и ја покажа незината незрелост и дека не копетентна да биде музички идол..Тоа е само моето мислење