Мене целиов идол веќе не ми е интересен. Судиите немаат никаква енергија, натпреварувачите уште помалку. Дали поминале или не, сосема сеедно, исти емоции. И сега не можам да не го споредам со американскиот, кои кога ќе поминат се радуваат како да им е дадена уште една шанса за живот. И фалат приказни, да се соживееш со натпреварувачите, па тоа и на бугарскиот идол го имаше. Се на се, полека го губи духот, место да се разгорува.
^ ама ретко кој сака на ТВ да си ја раскаже животната приказна... знаат дека ќе бидат исмевани или слично. Таа што пееше Life is a book and you are the limit беше во емисијата Браво на А1 (мислам така се викаше со Жанко Зш - како и да е - тапа е) и што? Не ја гледав емисијата, ама ако девојката не сфатила дека се е зафрканција...
Јас мислам дека девојчето беше во ексклузив, но на мене ми беше смешна уште кога првиот пат кажа... „Оваа песна му ја посветувам на мојот симпатија, тој ке се препознае... и почна: Дојди ти или јас доаѓам...“ Се згазив од смеење... http://www.youtube.com/watch?v=CFp6XDS_H5w
^ Леле девојчево Точно, беше гостинка во Ексклузив и пееше песна од Калиопи... ама не ми се верува дека е УБЕДЕНА дека знае да пее Или е ептееееен наивна, воопшто несамокритична и самобендисана, или пак некој проклето добро успева да ја излаже
Јас сум за Иван Раденов да биде новиот Македонски музички идол дефинитивно! Го има оној х фактор потребен за да биде ѕвезда. Чист глас, одлична дикција, харизма... туто комплето.
Се согласувам, ретко кој сака затоа што Македонија е мала и секој со секого се знае - рекла казала веднаш... И јас да сум нема да си ја раскажам приказната.
Аааа Вајлд, ме погоди право в срце Се согласувам за Иван. Иако и овој не е лош, ама арогантен ми е некако. http://www.youtube.com/watch?v=AgahF_TZsC0 * првиот дечко, откако ќе ги покажат ПОМИНАТИТЕ КАНДИДАТИ
Повели... Морам да се согласам со Вајлд, Хипица и Велешанка, машково е и преубаво и преубаво пее http://mesto.com.mk/video/DNSRKAH4S9S1/ ... 1%83%D0%B3