Барав на јутуб, ама нема. Инаку во интервјуто кај Жаре се појави нејзината сестра(близначка) на видео и кажа дека и таа се пријавила и дека и било жал што не влегла.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=136798 А значи навистина имало нешто па се приметуваше Што мислите вие за оваа ???
Според мене Виктор никого не имитирра. Тоа што првиот концерт испеал песна од него не значи дека одма треба да го споредуваме со него. Според мене Виктор е еден од најдобрите со Нико и Мики. Е сега секој си има различно мислење, за кого како али мислам дека Виктор не имитира никого.
И јас сметам дека Виктор е оригинален на секој настап освен на тој кај што го пееше Џастин. Секогаш внесува нешто свое во песните и има прекрасна оригинална боја на гласот.
Тој не внесува СВОЕ во песните. Тој го внесува ЏАСТИН во песните. Тимберлејк во комбинација со Трајче Манев. Oh no!
Јас си гласам за Нико секој понеделник, затоа што детето има неверојатен талент, јас имав чест пред 2 години да разговарам со него и ми го цитираше Шекспир на сите дијалекти што ќе посакав! Многу отворена личност и позитивна. Најмногу ме фасцинира кога ја пееше Luna Tu. Немаше разлика меѓу неговиот настап и оригиналот. Од девојките ја обожавам Биљана, како се движи на сцена грациозно и прекрасно пее, како вистински професионалец. Единствена што нема поим од пеење е јуле и не знам како стигнала до финале.
Утре ќе видиме дали Виктор ќе имирира некого. А и не знам како со песна од Битлси да го имитира Џастин Тимберлејк али ајј.... ќе видиме утре па после ќе зборимее .........
^ Абе кога успеа во песна на Трајче Манев да го внесе шмекот на Џастин, за Битлси ич не се ни сомневам И они биле фраери на времето како што он се прави сега