Ивица Велоски бил разгалено дете! Со амбиција да стане првиот македонски Идол, Ивица Велоски влезе во потесниот круг на натпреварот, односно десетте финалисти на „Идол“. Што вели тој за своето детство, љубовта, разочарувањата, плановите за во иднина... Твоето детство? Jас како малечок имав убаво детство. Како и сите други деца многу се дружев со маалските другари. Најчесто игравме фудбал, крижимижи, брканици и други слични игри. Инаку во тие години бев многу срамежлив и доста повлечен. Не се карав со никого, а често знаев да се налутам за “глупости”… на пример, кога ќе почнев да им досадувам на моите родители нешто да ми се купи, мораше да биде така… по „мое”, признавам бев разгален. Разочарувања? Па сум ги имал во поголем број, но ситни. Ете пример кога не си успеал да оствариш нешто што си замислил… ако не влезев во 20-те најдобри на Идол можеби тогаш ќе ми бесе полесно да ви одговорам на прашањево. И право да ви кажам, се гордеам со себе. Што е она кај тебе што не се забележува на прв поглед? Искрено кај човек никогаш неможеш да дознаеш што му недостасува или пак што е убаво, на прв поглед. Кај мене освен што би се заљубил на прв поглед , друго ништо неможеш да забележиш. Љубов? Имам сериозна врска која трае цели три години. Ја сакам, искрено ме исполнува, убаво ми е со неа и незнам друго што да ви кажам… инаку љубовта не се опишува, таа се чуствува, нели? Иднина? Јас како првиот македоски идол, дефинитивно. (се смее) Се шалам... како и да е, сепак би се занимавал само со музика и ништо друго… таа ме исполнува и тоа знам добро да го работам. Спојлер Извор: http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/idol/ivica-veloski-bil-razgaleno-dete
Како што гледам само за Виктор се зборува тука... Убо е детето не велам не ама многу се занесува, не би гласала за него.. .
Нико,Мики и Иван најубаво ми пеат,значи!Виктор само убавина,исто како и Кико кој веќе почнува да се разгалува
^Кико почнал?Ма Кико разгален е одамна! Море јас за друго дојдов да ви кажам, гледам нема спомнато Нико е број 8 и ќе ја пее: http://www.youtube.com/watch?v=F3RYvO2X0Oo Едит:Јуле е број 6 и ќе пее: http://www.youtube.com/watch?v=TU7JjJJZi1Q
Од машките имам повеќе фаворити, а од "женските'' сум за Христијан Се надевам конечно утре ќе испадне
http://na.strana.mk/10437/1 Ќе си умрам млада со групиве. Од две зла избери го полошото. Леле утре ако не излезе Кикица ќе биде лошо.
^ Абе батали фејсбукот, туку што си се изнасмеав сега со сликиве Христијан е нели од Прилеп, а на сликата од Виктор позади е логото на Витаминка. Isn't it ironic, don't you think
Луѓе во ред е да имате свои фаворити и да ги браните али мислам дека не е во ред постојано да кажувате дека Христијан треба да испадне, како претходно со Емилија. Посебно бидејќи го читаат форумот сите заедно и стварно не е фер за еден цело време лошо да се зборува, па помислете како му е нему. Му ја рушите самодовербата. Христијан не е толку лош како што го претставувате, си има свои гласачи и секој од нив се надева дека ќе победи. Сите што се таму заслужуваат да бидат таму, некои се подобри некои полоши ама мене ми е навистина жал за детето. Размислете малку и за тоа!
Колку и да сакаме да испадни Кико, не верувам да испадни.... на кого ќе го трошат кредитот напалените 12 годишни момичиња?
Треба да пазиме да не му го срониме бисерот? Кога тој веќе се умислил дека е ѕвезда мое е да си кажам мислење за него. На аудициите ми беше фин, особено на првата кога сакаше да ја бакне Иванна, ама сега каков е ај да не навредувам ќе престанам тука. Кога некој решил дека сака да е славен, тогаш треба да биде подготвен и на негативни коментари.
И шо сеа јас да правам? Да си ќутам ако не, м?! Нека испадне, јавно кажувам, лигав е и не ми се допаѓа, не пее толку убаво ко останатите уште му мутира гласчето, се цепа ко да го достигнал врвот, а уште е на дното Или Јуле нека испадне, лошо пее! И што сеа, ќе му се слоши коа ќе прочита ова? Не би рекла, уште повеќе ќе го дигнат носот сеа, као хаха хејтери од љубомора вака ни пишуваат! Мрш таму бре, од нив не бидува идоли! Имам фаворит па не го бранам после секое лошо мислење кажано за него... чекај кога ќе размислам и досега немам прочитано лошо мислење за него... мора да има причина за тоа нАли? Ај сеа уживајте
Ма и они немаат неограничен буџет. Штом беше предходните две емисии препоследен, му се гледа крајот....
Можеби... ама се нешто ми се чини дека намерно тоа го прават за да се создаде неизвесност! Сознам, ќе видиме утре
Зошто Христијан на аудициите пееше поубаво, отколку сега на галите ? А таму плус и без музика пееше. Чудно дете.
Бидејки на аудициите беше никој и ништо и се трудеше повеќе, сега се замислува дека е голема ѕвезда и не го интересира како ќе испее.... но многу се лаже.....тој вечерва 100 % испаѓа
А добро некогас кажаа дека на трите столчиња седат тројцата со најмалку гласови. И дали тој што прв од нив оди понатаму е трет од позади по број на гласови?