Ја пред некое време разбрав дека неговите биле разведени нели и размислував баш за Христијан зошто е таков дигнат и искрено мене ми се чини дека тој пробува многу јак нешо да се праи а уствари сигурно има многу проблеми,трауми и болка претрпено :/ многу луѓе така, однадвор се трудат да бидат имуни а одвнатре што се не кријат во себе :/
Јас 3-4 пати имам пишано веќе дека по логика на трите столчиња седат со најмалку гласови. А незнам дали имат нешто кажано кај нас околу тоа. Вака е на американскиот идот, а нашиов е само лиценца и правилата се исти. Неможат да прават како ќе им текне. Ако го гледаш американскиот ќе слушнеш како велат bottom three Секаде низ светот на идолите е така, па не гледам зашто нашиов би бил исклучок
А и плус кога го даваа прилогот пред да пее кико кажаа : Претходниот пат за малку ќе ислезеше но се спаси, така нешто беше !!
Па кажаа водителите еднаш дека тројцата на столчињата се оние со најмналку гласови. Тој што прв кажуваат дека поминал (од тројцата) е оној со најмногу гласови од нив, тој вториот е втор, а тој што испаѓа има најмалку гласови од нив.
Абе претходната вечер кога викаа дека е можноо двајца да испаднат, и кога на крја кажаа дека смао еден испаѓа рекоа дека можеби наредната гала ќе испаднат двајца, што значи денеска.........
...што и не мора да значи... Тие се задолжени да направат добро шоу, па користат различни адути за да добијат гледаност и гласови за кандидатите...
И јас мислам дека денеска ќе излезат двајца. А тоа за тројца со најмалку гласови никогаш не кажаа дека е точно така. Затоа што кога беа малите концерти јас сум 90% сигурна дека Виктор имаше премногу гласови кога испадна. На овој начин на третиот мал концерт луѓето на кои им е фаворит гласаа три пати повеќе. Јас мислам дека си имаат некоја политика да се гласа што повеќе. Факт е дека тогаш Виктор имаше најголема популарност. Мислам дека идолите како Мики, Билјана, Нико понатака си ги привлекоа своите гласачи. Тоа е бар мое мислење. Секогаш кога се работи за пари и кога нешто не е скроз дефинирано има некоја позадина. Пример за тоа се мобилните оператори со секоја понуда за "ефтини" разговори. Секогаш има некоја замка.
Или Јуле. Кој и да излезе од нив, ќе ми биде мило, ќе си ги поштедам ушињава. А нема да е лошо и во пакет двајцата да си одат.
Видете сега што ќе ви кажам: ако денес испадне Христијан или Виктор, нели накај 12часот кажуваат, една минута покасно на фб пола статуси ќе гласат „(((((((((((((((((((((( не е феррррррррррррр“! Е ќе видите, ако испадне еден од нив двајца. А за на нивните профили и на што ќе личат нивните ѕидови да не правам муабет...
Не сваќам зошто сте сите толку критички настроени кон Идолциве(зборувам за сите)!? Тие на ептен млади години постигнале тооолкав успех,што повеќето од нас за цел живот не го постугнуваме.Секој од нив е со посебен карактер,исто како сите нас и мислам дека тоа не треба да ни пречи,и не треба да бараме замерки во тоа.Зборот ми беше дека коментирате: "Овој се однесува арогантно,овој е премногу детинест итн.".Секоја индивидуа има свој карактер и свои мани,но кои сме ние да им судиме? И за крај земете го во обзир фактот дека сите, и покрај сите ваши забелешки се одлични вокали!!!
Од кај знаеш па ти ние на млади години каков успех сме постигнале? И кој е нивниот успех? Им дал Господ троа поарен глас, се пријавиле на идолов и тука се. Се мачеле, се нервирале, имале трнлив пат? Што? Што толку они успеале да постигнат? Учеле за ова? Имаат ноќи и ноќи непроспиени поради ова? Дај молим те со ваквиве коментари, досадни сте веќе. Ова е шоу и секој има право да го коментира.
Саншајн како што ти сега се изјасни за нашите мислења во темава, така ние се изјаснуваме за идолите. Не сФаќам зошто тоа ти пречи.
јас мислам дека јуле е следна! ајде спремајте се за шоу уште 15 мин +каснење од а1 уште 15 таман кај 20 и 15 почнува!