јана солидно испеа.. јас го очекувам сограѓанинот Ивица.. се надевам убаво ќе испее инаку да не кочи затоа што премногу е посетен форумов
Нема врска, уште од сабајле мене ми кочи, башка кога беше интервјуто со Бети имаше поголема посетеност и не кочеше тогаш.
значи морам да си кажам дека кога прв пат го видов кристијан ми се свиѓаше физички,после како идеа наредните емисии не можев да го поднесам поради низа работи кои сите ги знаеме,но за вечерашниот настап немам замерка добро испеа,ок настап без форсиранје,не ми е фаворит ама и нема да го напаѓам за вечерва,ако продолжи така како вечерва има надеж...иван не го гледав,христијан и јана ги гледав и ок ми беа
Јас Јана, Дејан и Иван, овојпат ги подржувам. Досега Иван и Јана беа добри, само уште Дејан да го видиме. Повеќе за карактерот и природното однесување. Христијан малку се смирил, ама тоа не значи дека се променил. Ова ко маска ми делува. Ивица прв пат да го забележам т.е да ми падне во очи.. Можеби гласот му е многу добар, ама не ми изгледа физички спремен за на сцена.
Обично Ивица не се истакнува премногу, онака средно, денеска преубаво ми пееше... Онака на свој начин си ја донесе песнава.
Мене ли ми се чини или многу споро ја пееше Ивица песнава? И зборовите ги вртеше некако... Се на се просечно-како и секоја гала-вечер до сега.
Ах бе Иво бе Иво, струшко дете мојт да не чинит?! хихи се шалам Супер одпеа, убаво ја изнесе песната... Па и не е толку здодевна како што искоментира жирито...
Бил и попосетен форумов А како одминува шоуво, се повеќе ми се зацврстува мислењето дека учеството на Тони во жирито е грешка. Иво ми е просечен, не ми буди некои емоции.
Сега почнав да гледам, ми се допадна Ивица како испеја. Кажете ми кои пееја до сега, Иван и Мики поминаа ли или уште не се?
супер испеа Ивица... досега никогаш нема испеано лошо... просечно, скромно, и убаво како секоја гала вечер... инаку поубав ми е со брада отколку без брада
и јас сакав да го пишам тоа, некако не го бидува оваа песна сака глас па спуптање на ниско со тонови надоле и надоле, не сум задоволна, може да седне на столчето слободно мене поубаво ми пее дејан отколку ивица
Мене Дејан жими све ми личи на Благоја Груевски. Таков ми е, ама ист во фацата. Добро испеа. Живна малку.