Девојки типов да знаете ми е симпатија Срце е , ако некоја го знае лично одма да ме запознае со него Плус тоа имам познаници во Тетово па можеби го знаат, ама не се осудувам да прашам http://www.youtube.com/watch?v=A5XCYAYZwyo Малце ме пука трема 4ри во едно, убаво пее, убаво изгледа, глуми, знае карате И карактерот барем од ова што го видов ми се свиѓа, за мене Бобан е совршен, па зошто да не е и новиот македонски идол
http://www.youtube.com/watch?v=WjI38C5pbtE Злато!!! Одвај чекам да го гледам наредна сабота во трет круг Навивам на него кажав и во една друга тема, а и девојчево богами ми остави многуууу добар впечаток http://www.youtube.com/watch?v=9BRyGRyL ... re=related Секоја чест на овие двајца
lux не си фер па и мене ми е симпатија ептен ми е збунет баш е сладок ајде ништо делиме симпатија што да се прави дефицит на машки е денес
Тајгерлејди кога се во прашање симпатиите јас сум многу скржава Ама ајде дека си форумџика тука може да ги делиме САМО симпатиите кон него важи ? http://www.youtube.com/watch?v=uJxq7Jd3tTI Срце А и тоа девојчето од постот на Шери убаво пее и многу убав, зрел и негуван глас има, растур прави . Сега ги читам коментарите од првите страници и се зачудив дека е монтажа. И мене нешто не ми штимаше, ама не е фер ако е навистина. И ако некоја била на аудиција од форумџиките може да ни потвдри за тоа и да каже кое било жирито.
Ајде да те удоволам со одговор. Јас не бев на аудиција пошто знам дека незнам да пеам, беше една комшика и она ми кажа кога пеела во жирито биле Сузана Турунџиева, Александар Блажевски и на Велија Рамковски синот. Глупаво е да, поготово тие кои НЕМААТ ПОЈМА ОД ПЕЕЊЕ, мада и жирито кое ние го гледаме не е којзнае што. Калиопи ДА, али Тони Михајловски е глумец, што се разбира он од пеење??? Останувам на тврдењето дека Тони е поврзан со слушалка со други луѓе кои му кажуваат што да прави, но кој да докаже?
На Идол се пее, на М2 се пее и фолира, сито ти се фаќа. Ги гледам редовно, ама како иде се повеќе ми здосадуваат. Истите па истите, префорсирано некако И, тој Раденов симпатичниот, нека му помогнат побрзо да направи салам кариера, барем ќе имаме на што да плакнеме очи, вака само гевгелија го гледаат и шмекаат девојките
Еј ми здосадоа со тоа репризите,стварно нема смисла на памет ги научив,а и сега цела недела ќе ги гледаме,катастрофа.
Види, за да станеш пејач не ти треба само добар глас. Тоа е целата работа. Имам гледано жири комисии на X Factor, American Idol, America's Got Talent, Britain's Got Talent во чиј состав има и стилисти (на М2 паметам една година и Дадар беше во жири). Не треба да си пејач за да бидеш дел од жири, Сајмон Ковел на пример не е пејач. И според мене е правилно во составот на жирито да има не само некој кој ќе знае точно да го оцени пеењето, туку и некој кој ќе ја процени другата страна на натпреварувачот. Сајмон знае и да избрка некој ако нема добро однесување безразлика колку добар глас има. Ако сакаш да се понашаш - надвор, чао пријатно. Треба да имаш и други квалитети за да станеш пејач.
Се согласувам! Ама овие нашиве не коментираат ни изглед, ни понашање, ништо,само знаат да трескаат глупости, посебно Тони. На Калиопи секоја чест, она има право и се разбира да критикува. Ама ТОНИ? Не можам да ја сфатам неговата улога во Идол. Ајде да беше Дадар или друг стилист ок е, зашто може да помага во изглед и сл. А што ќе кажеш за другото жири со кои правеле монтажа?
Батерфлај јас не делам симпатии со две цури , нека ти биде симпатија пак замисли го чита ова и си се паѓа од смеење (апел до Боби ако прочита во темава одма да се регистрира на форумот и да ни напише која од нас 3 му е симпатија или да не не држи во неизвеснот ако има женска нека каже пред да пише уште некоја дека го свиѓа ) ама да прокоментираше за идол малку _________ Искрено мене не ми се свиѓа однесувањето на жирито кон кандидатите, ладни се и како да се дојдени тука да ги исмејаваат место да ги вреднуваат нивните квалитети и да им даваат замерки за пеењето. А најважно од се во врска со нашето ни жури гледам дека сака многу да копа по минатото на некои кандидати знаат многу информации за нив што би се рекло повеќе од самите кандидати. Типичен пример со девојката со “фотосесијата“ Тропаат се, ама ни еднаш некому не му објаснија што треба да поправи наредниот пат во “настапот“ во смисла на гласот, кои типови на песни повеќе им лежат. Ми се чини како да гледаш модни критичари и сега ќе оценуваат дали некој е рашишан или носи блуза од АјронМејден или има англиски нагласок или е каратистка или битолска шема ( кому е гајле дека е каратистка тука се бара пеење ) И не беа коректни и фер исто спрема сите. Имаат многу контрадикторности, на девојче од 14-15 години му викаат дека не знаат што да прават поради неговите години, а после истиот пушта понатаму маж од 30 години. Или само годините им се изговор за да не одат кандидатите понатаму. Им даваат лажна надеж и како што гледате, повеќето кандидати после НЕпоминување големата самодоверба и самоувереност им се распарчува и доживуваат големо разочарување (некој помалку, некој повеќе, некој го искажува јавно, некој се крие во тоалет), а предходниот круг им рекле убаво пееш, задоволни сме, ги испофалиле за после да бидат и самите разочарани од претходната одлука И во пуштањето во следниот круг исто така направија големи пропусти, не смееја да си дозволат да пуштаат до 3 круг онакви “таленти“ имаше и некои што навистина заслужуваа, ама не поминаа. И најважно од се што ме нервира кај жирито е тоа што гледаат кој што дал претходниот пат, или ако забелувате, ако Тони и Калиопи дадат ДА, Игор дава НЕ, ако Калиопи и Игор ДА, Тони НЕ , или пак ако Тони и Игор дадат НЕ, Калиопи како утеха дава едно “утешително мајчинско ДА“ само за да им ја ублажи болката. Ретко кога сите даваат ДА, најчесто Тони и Игор се контра, па не е работата во тоа што си дал претходниот пат па сега да дадеш обратно (работата е да дадеш соодветен одговор спрема тогашното пеење)
Сами си се виновни кандидатите за исмејувањето, се и сешто се пријавува, не се гледаат пред да се пријават колкави им се можностите, или идат за да испаднат будали и да пројдат на таа карта... свашта има, како бе од дома ли ги храбрат за да се пријават.. ццц Друга работа, јас никогаш не би ја пуштила таа од Кратово, ја сфаќам се, ама барем косата да си ја средела бе да не и штрчи од сегаде, таква несредена, мрсна во фацата со тоа крпчето на рака девојкоооо убаво пееш ќе те има на тв може си следниот идол каде така??????????? И како да не ги исмејуваат, па не се гледа само гласот, целокупниот изглед е важен, односот, харизмата, шармот, културата, затоа и жирито се состои од пејач, глумец и шоумен! А тоа што чепкаат по минатото хееех, ја таа со фотосесијата немора ни да се распрашаш сите ја знаат што мустра е
Да беше некој друг можеби ќе го оставев бидејќи имам многу симпатии од идолов ама овој не го оставам никако
Епа не е фер ти имаш многу , јас еден, само овој ми е симпатија има и други што ми се симпатични ама во овој се “заљубив“ брее Не го оставај (пак симпатизирај го, тој е убав за тоа, ама една може да го има , а која е среќничката не знам ) __________ Мимс океј е до некаде се согласувам и со твоето размислување, ама што е многу е многу, првенствено самите кажуваат дека се дојдени тука да ги ислушаат како пејат, значи во преден (прв) план треба да им биде пеењето е после тоа иде во пакет тоа се согласувам дека треба да бидат средени како ќе бидат инаку идоли? Ми смета, место да им дадат критика ги исмејуваат во таа смисла, имам приметено ако некој убаво пее (како на пр. Драгица од Велес мислам беше) ги засени со гласот и не и дадоа ниеден коментар за изгледот (а не и беше нешто најнај) А на тие што не знаат убаво да пеат ги зафркаваат ( самите се криви што се пријавиле) сепак одат во крајна граница што ги понижуваат кандидатите не се криви што се толку самобендисани и самоуверени како таа со Лајф ис д бук и ако не се зафркаваа немаше да бите интересно и да има смеење.
Ова е мојот фаворит.. Кога го гледав вака останав останав Иначе, идолов кога го гледам, кога не го гледам И ќе биде некој добар да ми даде линк од тоа девојчето од Кичево? Ако може.. И ако воопшто има видео
^ Јас мислам дека овој нема да тера далеку. Многу му се тресе гласот некако, нема став, држење, слаба интонација... Симпатичен е, да, ама нема нешто посебно тука