Ми се допадна Иван како и секогаш, убаво изгледа, пристоен, фин и настапот на Мики. Сите други беа млаки и просечни. Најлоша чинам Билјана, слабо се слушаше, имаше ли проблем со микрофонот или не си ја фати песната убаво од старт, не знам... и Јулијана отпеа ужасно. Нејзиниот глас ми е страшно нападен и ме мава мигрена од нејзиното пеење, ако може така да се нарече. Хихо не беше така лош, Виктор комси-комса, Нико ми беше здрвен и општо неговата боја на гласот не ме бендисува. Интонациски е точен, се' си е тоа во ред, но не ме бендисува. Ниту ми е убав. Дејан и Ивица, на тие двајца заборавам и дека пееле. Некој од нив дефинитивно е време да си оди дома. А за Јана не можам да си кажам лошо, зашто сум пристрасна, слатка ми е ко бонбона и многу шармантна. Само косата лошо и ја затепале вечерва.
абе Мики Мики неприкосновен си! типувам дека ќе биде првиот Македонски идол, заслужува. а Билето иако малку ми потфрли, сепак ме изненади супер беше на сцена, се почувствував како во 70 ти години среде Вудсток.
Мики ме остави breathless и speechless ! Откако испадна Бети, барав фаворит. Мики дефинитивно е тој. Секоја гала, се повеќе и повеќе изненадува, напредува. Кој моќен глас, која енергија. БРАВО!
Колку Мики ги засени сите..... Ненормално нешто. Заборавив дека Кристијан, Виктор, Јана итн итн. воопшто настапиле. Мики, Нико И Иван се дефинитивно, најкомплетни, најпрофесионални, подобри од 90 проценти од нашата естрада. Вечерва Мики не изненади туку воодушеви на посебен начин, од другите гала вечери. Имаше ненормална харизма и шарм во цела таа комплетност. Браво.
браво за мики и за иван ме воодушевија се надевам ке идат до крај, а оваа иванна неможам да ја глеам со тоа трепките колку е грозна едвај гледа незнам дали се погледнала на шо личи
По настапот на Нико почнав да плачам, таква енергија ме допре, тоа беше чудо. По некоја минута кога излезе Мики останав вака. Уште не можам да се соберам, солзи ми доаѓаат. Звучам како Калиопи, ама ова е нешто феноменално! ilent: Штета што не ми ја прикажаа пораката на ТВ.
да а колку се само приземјени и скромни особено Мики. абе супер што постојат уште такви луѓе, се надевам нема слвата и успехот да ги шибне по глава.
па нели нема да има лисјата, наместо во понеделник сега ги ставија во сабота или нешто у момент се смени .
Сите мене вечерва ми беа супер, браво! Единствено малку не ми се допадна Ивица како што реков, но далеку беше од лошо. Биле е како бомбонче, ептен беше слатка и предобро испеа. А и Виктор пријатно ме изненади, исто и Јуле. Немам замерки! За јаготките на шлагот Мики и Нико залуден е секој збор, треба да се гордееме што во нашава државичка имаме пејачи како нив!
Колку сака нека е скромен Ивица, на сцена дигнато ми делуват или таква му е фацата што знам, ама со очилата изгледаше ко Аца Лукас, ја сега му ги приметив во потсетувањево.