Заслужено си отпадна Јуле! Не дека нема вокални квалитети но ако ја споредиме со преостанатие идоли тогаш навистина ќе сфатиме дека нејзе и беше редот за отпаѓање! И мене ми падна малце мака за Христијан, уффф жалниот ! Кога ќе се сетам само колку самоуверено влезе во шоуто и не ни претпоставуваше низ што се’ ќе мине! Ама тоа е...и многу лигавеш не е на арно !
Не знам зошто се буните дека останале само машки, кој им е крив на женските што не се толку добри како момциве? Што се однесува до мене и овие две што останаа може слободно да искочат и да си останат само машките. Јана не ми се допаѓа, а Биле ми е симпатична но нема некој посебен глас. Од женските мене ми се допаѓаа само Бети и Катерина ( таа што пееше во Коси да ти спијам ) и за нив ми е криво што испаднаа. Не треба да гледаме колку машки/женски ќе останат, туку колку квалитетни пејачи ќе продолжат понатаму.
Браво за Иван, Нико и Мики вечерва... Срцки тие Јас немам ништо против девојките, ама стварно маживе имаат подобри гласови... Кој и да победи беееее... сите ги сакам
Кико се покажа одлично, јас никогаш не сакав да отпадне затоа што факт е дека убаво пее, само беше уфилман и не знаеше да одбере песна. После аудицијата во Охрид каде што ја пееше Неправда не може човек да каже дека не знае да пее. За наредната гала се надевам на поинтересна тема на вечерта. Искрено многу би сакала да слушнам да пеат македонски народи песни.
Со оглед на тоа што ова е поп идол, некако народните песни ми се чини не би влегле во предвид за тема на гала вечер.
Точно дека е поп идол меѓутоа со нив можат да се видат вистинските гласовни можности на кандидатите. Во такви песни музиката не може да покрие фалширање а и нема избор за лесна песна. A и видовме дека имаат афинитети кон кафанска музика, па бар нека биде онаа правилната
кико изненади..алал да му е.инаку сите ми беа добри некако,што знам,баш ми се бендисаа.сепак според мене првиот македонски идол треба да е Мики,вечерва како и секогаш блесна.
Чим од толку илјади , стасале до тука сите знаат да пеат но ете се одбира оној најкомплетниот .Според мене тоа може да биде Мики , Иван или Нико и кој и да биде од нив ќе бидам задоволна. Женските ми се малку послаби , ја издвојувам Бети како еден од поубавите вокали , која за жал отпадна . Од сегашните идолки мн ми е антипатична Билјана и не ми пее којзнае како , како за еден Македонски идол . Јуле ти посакувам среќа понатаму во музичката кариера
Конечно!! Супер е што испадна Јуле... више почна идолов да ми здосадува заради неа Христијан и Виктор се спуштија на земја и тоа е добро.... само пак ми има некако превише кандидати.... А да, Дејан треба да испадне А Билјан4е и Јана ми се супер.... Едно Големооооооооооооооо БРАВО и за двете
Мене Јана ми беше ептен одвратна, но некако во последно време почнувам да си го менам мислењето Кој знае може и фаворит ќе ми стане
Значи ок е што испадна Јуле но овој Кристијан и оваа Билјана доста ги форсираат ама како што рековме тинејџерките кубат коси по него а оваа пак глуми нешто дека е најубавата девојка на светот но ова не е избор за мис ова е ИДОЛ. Бети и Катерина беа најдобри од девојките штета што отпаднаа такви добри вокали... Искрено Мики и Виктор ми се фаворити затоа што се квалитетни вокали, Мики е пејач со класа има и емоција и точен е во секој поглед на секој песна а Виктор има убав и нежен глас специфичен за машко харизма и најдбра душа многу е добро и фино момче... Се надевам дека некој од нив ќе победи
Фаворити ми се Mики и Nико и вечерва се претставија најубаво што можеа.Oд женските немам сега фаворитка ми беа Бети и Kатерина ама за жал отпаднаа а овие што останаа Билјана ми се допаѓа дека секогаш е средена и убава баш за на сцена инаку најубаво ја испеа Галебе мој тажен од Верица кога пееа евергрини.Kако и да е сепак убаво е организирано шоуто и навистина ги избраа вистинските луѓе.Им посакувам среќа понатаму а нам ни останува само да чекаме и да гласаме за нашите фаворити.
Билјана не глуми никакво лудило, туку напротив, баш е мила, скромна и приземна... Јас не ја знам лично, но дел од луѓето кои моментално работат со неа ги знам и ми го потврдија моето мислење... Мене како личност ми се допаѓа, има и одличен глас, но да бидеме искрени - девојкиве не можат да се мерат со машките гласови овојпат... Инаку мислам дека треба безмалку цела наша естрада да се симне од сцената и да се качат сите 20 идоли кои влегоа на малите концерти, затоа што се прекрасни
Мики, Мики, Мики Браво, единствениот кој ме наежи денес! И не само денес, туку на секоја гала. Прекрасен е! И не знам зошто ама многу ме потсеќа на Тоше, не физички тука во енергијата која ја има и емоциите и начинот на кој ги пренесува. Секоја чест! Уште еднаш Браво ! Другите беа добри, добро е што испадна Јуле, Биле и Јана жирито премногу ги форсира.
Комплетно се сложувам со твоето мислење мики е најдобар и мене ме потсеќа на тоше но сепак никој не можи да го замени во нашите срца.. Биљана само што е убава ништо повеќе само тие што не разбираат добра музика мошат да речат дека добро пее
не е точно дека билјана само изгледа убаво,и убаво пее девојчето и секогаш има добар настап на сцена,се држи како професионалец,прави феноменални трансформации,иако девојчето е почетник,не се занимавала со музика претходно и немала настапи,некои што имаат групи и настапуваат како што се дејан и ивица на пример можат вода да и носат за сценски настап.и иван што ми е исто фаворит(покрај билјана и нико)иако има веке искуство во музиката и пракрасно пее,на сцена го нема тој флуид и опуштеност што ја има билјана... а пошто кажа една членка погоре као демек само тие шо не се разбирале во музика мислеле дека билјана пее убаво,па ме интересира баш од кај таа толку се разбира во музиката,да не има завршено музичка академија случајно или долги години има музичка кариера,музички е доста образована и тн,па се разбира толку во музиката а ние останатите сме лаици?
1. Иван-прекрасно испеа вечерва. Сонце беше. 2. Христијан- онака малку надпросечно. 3. Ивица- на ниво како и секогаш, но јас искрено очекував повеќе. 4. Јана- слатка ми е, но во секој миг мислам дека ќе престане да пее. Слаб и е белодробниот капацитет. 5. Дејан- интересен ми беше. Интересна песничка, конечно послободна изведба. Супер беше. 6. Јулијана- мислам дека редно беше да испадни. Мислам дека беше најслаб вокал од сите. 7. Виктор- одвратен ми е, не се ни сеќавам што пееше. 8. Нико- плачев додека пееше. Го сакам неговио глас. Прекрасно пее. (ве молам да ми кажете како се вика песната што ја пееше.) 9. Биљана- ништо посебно. Минатата гала испеа прекрасно според мене, а таа не е задоволна од тој настап, позадоволна е од вечерашниот... 10. Мики- браво! Немам коментар, освен тоа дека вечерва ја засакав песната што одсекогаш ме иритирала.
Мислам дека намерно го ставија Кико пак на столот за сите да помислат дека тој ќе си оди дома. Паметни овие во А1