Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Па Молитва не е ex-yu песна...знаеме дека Нико сака тешки песни и совршено би ја отпеал но се знае какви песни ќе се пеат таа вечер...смешно е ...сега нему му се допаѓа и сака по секоја цена да ја испее на една од галите..хаха глупости
    инаку билјана имаше објавено на профил една македонкса песна од 1975 год...ако ја пеее таа песна загарантирано и е столчето..не знае да направи добар избор на песни...додека Мики, Иво и Виктор секогаш ми се допаѓаат ако не друго со изборот на песната
     
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Ми се свиѓа мене темата на оваа гала вечер ама овие изгледа не знаат да изберат.
    Се согласувам дека Нико ќе ја испее фантастично Молитва ама тоа не е ЕКС ЈУ
    А Билјана пак македонска некоја од која година беше 1975??
    :x
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Стварно, не е ова гала за песни по свој избор нели ЕКС ЈУ и затоа треба да се одберат такви песни..Билјана во последно време само со нешто ме иритира.Не е таа истата што беше, сакајќи да биде уникатна само лош впечаток остава. Песна постара од неа :clap: |(
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Никој не ја оспорува убавината и тежината на песната, ама НЕ Е ЕКС ЈУ!! А оваа вечер е предвидена за екс ју песни!
    Нико треба да се спушти на земја. Не е единствен со убав глас, а Македонски музички идол не е место на кое тој може да изигрува ѕвезда, бидејки не е! И многу добро може г-динот Скендероски да му забрани да пее песна која не одговара на она што е наредено од некој над него!!
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе има занесени уште од почетокот како на пр. Христијан, ама има некои што тек почнаа да ми се занесуваат и забегаваат како на пр. Нико. Не е единствен со убав глас и не ме паѓа во несвест како што некои викаат дека ги паѓал.Нека се спушти на земја, индиректно се занесува како на пр. изборов на песнисеа ЕКС ЈУ е предвидено за утре вечер он Молитва ќе ја пее.Што, ако се издвои исто како и Билјана со песната од памти век мислат дека ќе бидат интересни и уникатни? Не баш ќе бидат црните овци.
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
  7. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Баш мислам дека Нико се однесува приземјено и дечкото си е на место..за разлика од некои..Тој Мики и Иван ми се баш онака најкул дечки..Колку е само харизматичен Нико..прекрасен е ...Не се однесува вештачки како Кико пример |(
    А за песната,доколку не треба таа да ја пее,не би му дозволиле..Но ете никој не му направил проблем,па нема што ние тука да паметуваме околу тоа.
    Песната на Билјана..што има врска што е толку стара..таа сака девојката,таа ќе ја пее..
    Не значи дека песната е помалку квалитетна..впрочем песните од тоа време се со далеку подобар квалитет од денешниот...
     
    На Victorya, TheKiketoo и baguf4e им се допаѓа ова.
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Искрено, не знам како може некому да му се допаѓа Билјана :^)
    Точно дека секој си има свој вкус, али ајде бре, онаа што некни се чапатеше и рипаше ко 5 годишно дете и ништо не покажа, да победи??? Имаше 5 реда текст, па и тој го заборавила :o :tmi:
    Отпочеток ми е антипатична, а сега ако пее нешто што е надвор од екс југословенските, право дома! Нека остане само Јана од девојките, и така бираме квалитет, па очигледно е дека машкиов дел повеќе го има.
    А за Нико, истово го мислам, само што тој пее далекууууу поарно од Билето. Ама Молитва .... :tmi:
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Извини, ама ПЕЈАЧИТЕ и ЅВЕЗДИТЕ во Македонија се бројат на прстите од една рака. Нико може да се „фура“ кол ку сака бидејќи има зошто да се „фура“. Дечково пее, можеби тоа е единственото нешто што ви смета и ја попречува убавината на х кандидати од идолов.
    „Ѕвездички“ како ЈЈ, Елвир, Елена и што ти јас знам може само да му се поклонат и ништо повеќе.

    Доколку Валентино не му забранил, не сме ние тие кои одлучуваат што да се пее, кога и каде.
    Затоа не коментирајте доколку не знаете за што се работи.
     
    На Victorya, Nevermore, TheKiketoo и 3 други им се допаѓа ова.
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Да се сложувам во врска со тоа но кога рекле екс-ју треба сите исто да пееат а не на кој како ќе му текни па имаше вечер за македонски евргрини ....................
    Иначе без разлика на се не се ни сомневаам во Билјана само сакав да ја слушнам како пее екс-ју песни. А Кико одамна требаше да отпадни според мене Мики ми е супер а за Нико немам некое мислење :up: :music:
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Мене па Јана многу ми се лигуши но секој си има свој вкус ;)
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Што да му каже Валентино бе, па Нико не е мало дете па да не знае дека таа вечер ќе се пејат ЕКС ЈУ песни сеа да земе ко на мало дете да објаснува ``Ај Нико одбери друга песна, ај ќе пејат сите ЕКС ЈУ``. А и да, пее за пеење ама не коооооооојзнае како како што викате па да паѓаме у несвест. Нека пее ЕКС ЈУ тогаш да го видиме за тоа дали го бива. Ова само кај нас го има, ЕКС ЈУ вечер они пејат Молитва, или Ако истраеш од `78ма. Е искрено да ви кажам некој што не почитува правило како во случајов ова дека ќе биде ЕКС ЈУ гала вечер не може да биде идол ма колку сака нека знае да пее. Издвојување во негативен правец мразам.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Епа Валентино треба да му забрани за да биде фер. Нико пее убаво и скоро секоја песна ќе ја испее достојно па од толку убави екс ју песни можеше да избере некоја. Ова ти е исто како на македонски евергрини кога беше галата некој да пееше од Елена Ристевска-Милионер (таа што беше на евровизија како и да се викаше песната). Ако пее убаво и ако ви е фаворит не мора сите постапки да му ги оправдувате. Не го бива да ја пее Молитва на екс ју гала и тоа е тоа и навистина нема да биде фер кон другите доколку на Нико му се дозволи да ја пее Молитва, а сите други екс ју песни...можеби и некој од другите сака да си пее некоја понова песничка од Владо Георгиев на пример ама ги пoчитуваат правилата.
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699

    Абе кога се рекло гала вечер на која ќе се пејат Екс Ју песни треба да се испочитува. Ама доколку од таму не му забраниле да ја пее, ние сме НИКОЈ И НИШТО за да кажуваме дали Нико да ја пее „Молитва“ или некоја друга песна. Бе.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епа што вика Нејтири нема тогаш да биде фер кон другите, ако идеме така тогаш секоја од наредните гала вечери кога ќе се каже: тоа и тоа ќе се пее, секој ќе си пее што сака и Идолов пропадна скроз.
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ќе си се цитирам сама.
    Чил аут.
    Ќе видиме, стрпи се до утре. Од каде знаеш дека нема образложување?
    Можеби и другите имале други опции.
    Можеби и некој од тие што сеуште не објавиле песна нема да пеат екс ју.
    На крајот на краиштата, може и нема да биде ЕКС ЈУ вечер.
     
  17. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Пее за пеење ама не е којзнае што!? :o
    Нико ако не е којзнае што можеби Елвир Меќиќот пее поубаво или Денис Ексот..
    Сите од ѕвездите на наша естрада да се соберат..немаат толку добар глас колку Нико...
    Али тоа е кај нас не знае ништо да се цени...
    И за инат пак ќе си гласам за Нико....! :D
     
    На Victorya, baguf4e, OzzyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Не се согласувам со тебе дека НИЕ сме НИКОЈ и НИШТО затоа што ние ги гласаме идолите и затоа што сите таму се поради нашите гласови. Мене ми е Виктор еден од фаворитите ама еве ќе кажам дека не гласав за него таа гала кога ја стави сликата со стомачните затоа што тоа не е однесување на еден иден идол, во ред е сите малку да претеруваат, но се треба да биде во границите, за да си ги задржат гласовите. Нико пее преубаво ама во последно време почна да се однесува во оваа смисла „јас можам да испеам се не ми можат ништо“ затоа мене лично не ми е веќе меѓу фаворитите...Па на крај краева не сакам да биде идол некој кој не ги почитува правилата ЗОШТО да се дели и да не биде еднаков како и сите други таму ??? Ако пее подобро од некој друг не значи дека тоа му дава право да се однесува поинаку тоа право треба да му го даде публиката со гласовите.
     
    На Plavusa.17 и crazylady им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ние ги гласаме, да, ама што се однесува до другиот дел, ние не ги бираме песните кои ќе ги пејат.
    Ниту пак можеме така стручно да одлучиме која песна на кого најмногу би му одговарала како што можат професионалците кои таму се задолжени за тоа.
     
  20. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Јас колку што сум информирана идолите не ги даваа сами сликите..туку овие од продукција сами си зедоа слики до Фб :)

    И се согласувам со Вајлд...кога не му рекле на Нико ништо..никој не му направил проблем за песната..што толку ние се возбудивме...!?