Им ги дадоа тие поесни поради фактот што се тешки за изведување со многу високи тонови и треба да се види распонот на глас со кој располагаат. Тука се гледа квалитетот. Па никола никола или жалопојките на нашите т.н. пејачи се понекогаш толку ниско напишани што секој од нас перфектно ќе ги испее и многу кандидати се влечат понатаму од круг во круг со такви песни. Вака кога сите имаат иста песна која е прилично и те како тешка можат да се проверат кандидатите и полесно да се пронајде квалитетот.
Можеле и повеќе песни да им дадат со високи тонови, ако тоа им била целта. Навистина е досадно за гледање вака.
Двете песни си беа сосема на место според мене.Повеќе пријатно ме изненадија момците,со инвентивност во кореографијата,некако поспремни делуваа и посигурни во пеењето.Девојките приказна сама за себе, повеќето уште на старт не ја фаќаа песната,фалширање исто така доста,проблеми со интонацијата... мислев дека ќе бидат далеку подобри,но тоа е.
Ивона мислам дека ја видов во собата кај што не поминаа. А не ја гледав кога пееше ама затоа има реприза. Баш ми е криво, девојчето имаше фантастичен глас. Може е до годините 14? Незз
Само по 1 песна досадно беше истото па истото па и малку нефер не може сите да ја фатат песната Многу квалитетни деца го напуштија идол . Мојот фаворит си замина Бобан Милосавлески аххх сонцее се затрескав во типов а не му текнува на дечково да си направи фејсбук како за инает
Венди песната може во октави да ја спуштаат/креваат, а според мене е скроз ок. Сите се талентирани, доколку им дозволеа да бираат која песна сакаат никако немаше да можат да одлучат судиите. Ако мислиш на новите песни што ќе ги пеат следната сабота, сите три песни се во различен тоналитет. А инаку еве го Боби. Според мене пее ок, ама има многу со подобра боја на глас и подобар вокал што не влегоа.
Вчера навистина, се виде кој треба да продолжи понатаму а кој не. Сепак кога се работи за ИДОЛ, уште лани видовме дека бараат кандидати кои ке бидат комплетни, во смисла, одговорни,да знаат на време да се справат со тремата, да ја слушаат музиката, да сфатат дека таа не е за џабе, да не немаат мн проблеми со интонацијата(тоа се вежба и со работа се стрекнува), да знаат како да се движат или каков став да заземат со телото,а не со рацете в џеб и сл; и се разбира да не му е тешко да научат текст на песна од 2-3 строфи + рефрен, со за монгумина вчера претставуваше голема тешкотија за жал.А бараат такви кандидати , бидејќи не им е цел да ги учат многу, туку да ги надградат.Вчера можеби беше малку досадно да се слушаат две исти песни, ама барем сите добивме вистинска слика за сите кандидати. Сцената е најдобар тест, и подобро е да падниш на тој испит кога има тројца судии, отколку кога публиката во цела сала ќе ти биде судија. НАјнемилосрдниот судија е секогаш публиката.
Не беше фер тоа што, песната на женските беше далеку потешка за пеење од таа на машките. И навистина бе, зарем неможат да ја научат `неправда`? 2-3 стиха се и само тие се вртат. Жал ми е за девојчето од Куманово Ивона што не помина, најверојатно е ради годините. Како и да е, ако е упорна може ќе ја гледаме на аудиција другата година
И после Калиопи изјавува разочарана сум од девојките. А да им дадеа на момчињата потешка песна со повисоки тонови
Мислам оти рече дека е разочарана од кореографиите на девојките. Ама не, не беа лоши женските, сега имаше некои што ја забораваат песната, трема ги фатило и сл. Ама како што рече Тони бидете тремаџии цел живот ако дозволите да ве совлада тремата. Тешко е да се совлада знам, ама кога веќе си се пријавил треба да бидеш подготвен на се. И многу ме нервира кога ги преувеличуваат песните. Да покажат дека се свои во ред, ама ... Штознам... Не сум многу импресионирана од машките. Можеби и до песната беше, ај ќе видиме понатаму. На наредната можат да бираат од Ѓоко песната од евровизија, Feel од Роби и другата ја заборавив која беше...
Ама Wild.Child мислам на Бобан тој физичарот од Тетово тој го барам ... Женски ако знае некој нешто за срцкава нека ми излез во пресрет леле си полудев баш баш
Баш штета за Ивона..Навистина е талентирано девојчето. А морам да признам дека сум заљубена во Иван Раденов.Беше тоа љубов на прв поглед!
Уште колку кругови мислат да прават за да почнат гала вечерите? Ми се смачи, 5 круга ги молкнат. Мислам дека во другите идоли многу побрзо одеа работите или се лажам? Ако сум грешка нека ме поправи некој, макар што мислам дека во сите идоли (барем јас тие што сум ги следела) гала вечерите се по 3тиот круг. Идол ми е Евгенија Чанчалова, ем глас, ем стил и мислам дека од девојките таа најхаризматична е, а и најубаво ја испеа песнава. Стефани Брзанова, таа црвенокосата што има 15 години што направи? Не ја видов во ниедна соба...
Чекајте малку, нема ли Сања дечко? ццц Инаку уште во сабота има еден круг, па од идната ќе знеме кои се финалисти.
Јас не ја гледав целата епизода во Саботата и незнам сега. Сите ли отидоа понатаму или? Колку отидоа понатаму и кои, ако се знае?
Мене фаворит ми е Влатко Девојките не ги следам баш, ама криво ми е за Рахела што се откажала преубаво пее девојчето. http://mesto.com.mk/video/5XUDKDSXWHR3/ ... 1%83%D0%B3