не ми смета воопшто,и јас дискутирам само ја дискутирам за нивните настапи и пеенје се друго ми е глупаво за дискусија...за кој како на некој му е интересно да дискутира и за нивниот приватен живот инт ..
Па каде виде да дискутираме за приватен живот? Освен 2-3 исклучока, нели. Инаку еве го Нико, едвај чекам да почне!
Се влијае на пеењето и настапот гледаш и Нико што вика дека емотивноста, девојката му помагала и секако тоа ќе влијае на настапот ќе го донесе емотивно верувам.
Ете, молитва Стварно бе, ја не ја ни познав Андријана Јас би сакала Каролина да имаше некаков удел тука.
Не ми се свиѓа. Премногу дилетантски испеано. Како пејач треба и да знае да се справи со преголема емоција. Уф ќе се задавев Ах бе Нико, Нико, еден настап ок, друг не.
Нико не читал, го фалевме, го фалевме и сега ус*а работа. Ми личи како да е засипнат нешто, и нема емоции кои се доста потребни за оваа песна.
Некој од публикаа извика - аааа лапање или мене така ми се причини? Не ми е допадна изведбата, па посебно делот накрај со девојката...
Никоо е прв!Значи преубаво пее!Многу убаво ја испеа песната!А колку убаво и пееше на неговата девојка
Прекрасен настап...Мене многу ме разнежни,многу емотивно...Прекрасно ми беше додека го слушав. Ух мене вака некој да ми пее
Секоја чест за гласот, ама настапов му е под останатите до сега, а и уште сметам дека песнава му е промашена. Барем јас не ја сфаќам вака темава (што незначи дека сум во право) ама не ми иде. Можел да се истакне и со мнооогу други песни, баш ех ју класификација
Девојки објективно гледано, настрана емоција и се тоа, не беше баш како што треба. Фалшираше многу повеќе од вообичаено. И јас го сакам и глас и се, ама овој настап го зфркна. Многу се приметуваше.
Да извика хахахахах се изнасмеав, а инаку супер многу емотивно што и пееше на девојката ама многу субјективно и себично делуваше
^ Приметив јас еден фалш по рефренот. Излезе од интонација. Мислам дека беше од преголема емоција, Нико се докажа многу пати предходно.
Виктор изгледа ќе ја пее „Ти си ми у крви“ од Здравко Чолиќ ама не знам колку е точно, да не ве излажам па и јас.