Нико не ме бендиса нешто посебно вечерва, настапот некако му беше преисфорсиран. Прв пат вака, што му стана на човеков. Дејан така-така што знам, ништо посебно.
Аааа Јана добар избор на песна,ама лош почеток Исфалшира многу на почетокот... И текстот малце како да го утна...Не е многу сигурна во песната
Ете, сега пак треба негативна да бидам. Ама нејсе, не ја бива вака. Имаат нешто многу трема вечерва. На моменти вриска, на моменти претивко, трперење на гласот стотка, здрвена е ненормално. Еј, мрдна. Тоа дека не пее Вежбање треба, вежбање.
Јана е многу убавка.. А и за пеењето,немам коментар.Многу убаво ми испеа,но рефренот некако не и оде Иначе останатото го испеа феноменално
Утна едно зборче само Јана, ама мене во глобала супер ми испеа... Со тек на време мислам дека ќе се олабави од тремата... И` лежи песнава.
Почетокот го усра максимално многу несигурно почна и фалш ама како тече песнава се подобрува ќе видиме до крај. Освен тоа што мрдна со фустанчето друг потег не видов здрвена лево десно само од иста позиција.
Леле, овие од почеток па до крај ќе тераат вака. Шкљ ми е Јана. Изгледа многу се опуштиле за Велигденскиве празници.
Можеше да внесе повеќе емоции. како многу да мислеше на текстот и како да го испее. Немаше воздух за мрдање и за пеење. Ништо, ќе го чекаме Мики да ги оправи