Абе не се лоши идоливе во секој случај ама некако ептен се познава дека се аматери. Го гледам и германскиот идол паралелно и таму ако не ги препознаеш песните си мислиш дека е некој фестивал. Нашиве имаат уште многу да вежбаат, талентот го имаат ама...мора повеќе да се посветат
Ауу Ивица тотално ме разочара. Апла имитација, па и краевите како ги завлече. Иван до сега ми е најдобар. Перфектно! Па и Андријана како ја зезна.
Леле е сега жириво го исфорсира бре цц, ако има бога, ова она сакаа да кажат ако одлучувавме ние ќе поминеше епа ако има пораки е работава сега, ако нема поракички ќе лета Иво вечерва . Боа фрли некој денар ако сакаш Иво да остане, да не ти биде мака за да продолжи да те освојува Мада мене многу ми вика со напор пее ко да секој момент ќе пукне, ама ај . Ајде Биле сега
Другите идоли се феноменални. Знам дека ќе испадне дека плукаме по нашето, ама факти се во прашање. Некако не ја сфатиле сериозно работава. Човече па колку вежбање треба. Многу, многу е слабо. Спојлер И кој мисли дека коментариве ми се негативни, нека ми ги погледне коментарите во американскиот идол. Таму дури и си поплачувам
добра е Билјана добра е, ма одлична секогаш различен глас тоа е голем успех, секоја песна со различна боја на гласот ја пее! ми се свиѓа многу
Андријана колку ме нервира,освен тоа вибратото и дишењето ништо друго не кажува.Не прескокна канидидат да не каже како имал проблеми со дишењето.
Биљана качила некое килце Некако е здрвена, треба повеќе да се движи на сцена, да прави нешто . Кај сите до сега приметив дека лошо ги почнуваат песните, не се распеани, и некако им се брза да се тргнат од сцена, како со сила да настапуваат. Треба повеќе да работат на целокупниот сценски настап.