Не ми се свиѓа како ја пее и какви фаци прави некако извештачени И можела хулахопки да облече. Баге те поддржувам за Андријана. Врска си нема.
Девојки како се вика песната Билјана што ја пее? Инаку не ми се допага нешто одвратна ми стана многу ја форсираат
Леле високите тонови и бегаат. Ги зарипнува ептен. Имаат убави гласови, ама џабе е. Џабе кога не знаат да пеат како што треба. И небрусен дијамант е дијамант, ама ја нема таа убавина.
Билјана не ме воодушеви толку многу..Пееше убаво,но не ми се допадна толку многу..50%-50% ..Вие што мислите?
Билјана позитивно ме изненади. Почнав да ја засакувам Само страшно ме иритира кога нон-стоп гледа во камерата, преги пее пред Ивана и гледа во камерата Стајлингот-перфектен!
Одбрала вистинска песна, само уште да ја испееше како што треба Катастрофа вечерва .... Ми ја зезнаа ЈУ рок вечерта!
До сега Иван, Нико, Јана и Дејан според мене добро испеаја. Ивица, не дека не беше нешто добар ама премногу се напрегаше, ако не беше тоа, ќе беше сосема добро. Билјана не испеа нешто баш .. Добро изгледа, ама овие буфките да ги нема, според мене .
Аааааа којзнае што дознала Калиопи дека купуваат што јадат, ПИЈАТ и до колку седат и што праат убаво и кажа!
Добро вистина само јас сум нешто нетокму или не гледам многу убавина во девојката хахахах не сум токму нели?!? чим Игор, прошетан човек смета дека е најсекси во 10 години се што видел од жени вау вау
Па кој најубав дел го дадоа, на мало наде кај што зарика Јаооо, баш мислев дека ќе биде добра вечерва...