Ивица на лепота како и Виктор и Христијан, а Дејан навистина незнам, заборавам дека постои човекот, дури сега знам кој е кога ќе се спомне неговото име.
абе сликата не беше ставена од него!! 100 пати го напишавме тоа не бираа тие кои слики ке ги стават...
Лелеее...ајде да сечеме вени по Виктор и Христијан.Аман бе,па не е ич убав Виктор. Се знае маж што е бе,МАЖ,да ти викне во дупка да се напикаш.А не овие лигавиве,заедно да се шминкаме,тоа ќе ни биде заедничка работа.
Во право е Офи за се што рече, а Виктор и Христијан вечерва беа од тие најдобро што испеаа за разлика од Нико и Билјана (кои порано беа сметани за многу добри вокали и сеуште се).
Абе ако, читав јас што сте пишувале вие, ама тоа сега беше брзо, јас за тогаш таков некаков впечаток добив.
Тоа што Нико го прави е стварно театар, патетики невидени само за да привлече внимание...Господ да чува
А ти го познаваш? Според тоа што досега Виктор го покажа не знам што толку ве наведе да го споредувате со Кико,зборувам за понашањето. И да,стојам до зборот дека Виктор е каде-каде попријатен за на сцена од Нико,антипатичен е.
па добро шминкањето е само за пред камера...не е до нив..сите ги шминкат колку толку..Иван поарен да не беше на машкиот мини концерт..хх не се секирај нема да се шминкате заедно
хахах абе јас двата не знам дека постојат,стално ги заборавам,ми текнува ко ќе ги спомнат дека се на ред за пеење,стварно не знам зошто така,сакам еден од нив да си оди,редно е машко денес,нека се ретчат малце
Не се согласувајте со мене вечерва... Мене од вечерва т.е. од моментот кога чув дека Нико ќе ја пее Молитва ми прекисна веќе. Зошто да ги коси правилата?! Ајде ако не некој нека си запее од Тоше Проески, што има врска, од Македонија е. И не ми испеа убаво, фалш тежок направи. И досаден ми е веќе, банален... Ништо ново, таа па таа... И ја маваше на Хрватски песнава "Рјечи"... Иван ме разочара крајно... Крајно... Уште повеќе ради што ми ја упропасти една од омилените песни, текстот го испогреши, на едно место и заборави да пее. Како на брзина да ја учел песната... Ништо, меѓу омилените ми беше, ама не смее да си дозволи да грешава текстови.
Мојот фаворит Нико денес потфрли малку не ми се допадна ни како ги измени зборовите,стварно незнам што му требаше,ама на крајот веќе се поправи и пак моќно ја заврши песната.Сепак,денес најмногу ми се допадна Мики, и Виктор кој иако го сметам за малку самобендисан сепак многу убаво ја испеа песната,и даде некој негов шмек,малку поразлично од оригиналот а сепак полно со емоции.Дејан ми се допадна мене како испеа,воопшто не беше лошо.Девојките беа добри,гласам за Биле ако треба да одберам. Единствено што ме иритира е тоа што го прават судиите.Зошто не се реални? Па не пеат сите феноменално секогаш како тие што кажуваат,според нив откако се почнати со гала-вечерите идолите пеат подобро и од докажани музичари.Па нека бидат објективни,за добро на децата,да знаат каде грешат и што треба да поправат кај себе.А за Христијан,го кренаа во облаци,и сега?Нема да се симне од таму,и онака не му беше малку лигавење.
ретки се тие кои сите песни ги испеале без ниту една утка т.е. мислам дека е само мики, стварно не можам да се сетам на друг, а на иван сите останати му беа совршени, па сигурно еден настап нема да ни го смени мислењето денес треба да отпаднат ивица или хрчакот, за нив се прашувам дали по една песна имаат испеано без утка
Кике злато...Во оваа фаза не смеат да си дозволат да грешаваат текстови. Не се на театарот во Охрид , па да им се прогледа низ прсти. Плус тоа, песната се состои од многу малку текст кој е лесен за учење, настрана тоа што е легендарна и ретко кој не ја знае.
Се согласувам со целост со Оффспринг за Нико, не да потфрли денес со молитва, буквално ме разочара, и некако во последно време многу патетики, лигавење, ако морам да бирам помеѓу Кико и Нико ВЕЧЕРВА, тоа би бил Кико. Ама само вечерва.
А што прави Нико за да биде антипатичен?Се лигави,се тетерави,се смее ко луд?Кажете ајде да ве видам...За разлика од Кико што се крева до облаци. Нико е приземјен,не изигрува нешто што не е,а на крај краева и да сака да се претерува има со што зошто 63896 пати подобро пее од Христијан. Плус и Мики,колку се фини со Нико,значи на секој коментар на фејсбук одговараат,лајкови стискаат,на сите им посветуваат внимание. Прееска со сестра ми си пишуваа по пошта,значи не изиграваше којзнае кој,природно си одговори на некои прашања што му ги поставивме. Мене ми е прекрасен. Или лепота пред глас...Секогаш е така кај нас.