И јас мислам дека судиите треба малку попрофесионално да анализираат, нека кажат каде исфалширал тој што пее, на што треба да обрне внимание итн.
Нико е нај патетичен од сите патетични таму, а многу ги има. Што е тоа изводење со женска му??? Па и ивица има женска па не се лигавел досега. Се лигави, и досаден е. Толку од мене, мое мислење е.
Морам да си кажам уште нешто..На почетокот пред да почнат големите концерти Мики не ми се допаѓаше ни со изгледот ни со однесувањето за време на првиот мини концерт кога пееше..и си викав Овој секако не влегува во првите 5, жалче како стигнал до тука-ИСКРЕНО тоа го помислив..но кога го чув втор пат и откако го потсредија и откако ослабна, па и неговата скромност што ја покажа можам да кажам дека заслужува да биде првиот македонски идол и верувам дека има шанси да биде... истото ми се случи на М2 кога пееше Ламбе ,си мислев За гревота детето од каде дојде до овде и ете победи тогаш а Виктоорр ми остави впечаток уште на најпрвите аудиции затоа што беше убав ама и убаво пееше..значи за него не сум згрешила..ама Мики страшно го утнав
тоа што одговара во пошта не го прави подобар пеач и Виктор одговара не викам дека нема добар глас Нико, али вечерва не беше добар
Тоа е слабата точка на идолов. Не ги усмеруваат, нема конструктивни критики. И они си мислат леле топ сум, колку добро пеам. Ко божем ако кажат нешто негативно ќе им се срони бисерот. А напротив, само ќе им помогнат.
се согласувам ..претера и Ивица и Дејан имат женски па што..Нико на почетокот го исфорсира заради убавиот глас ама искрено Мики го надмина
Па јас искрено мислам дека и не се во гласот, треба и харизма, која според мене Нико ја нема. Не ми се фаворити Кико и Виктор, ама кога е за пофалба, за пофалба е, кога не е не е. За да се биде комплетна ѕвезда, гласот е важен, ама не и најважен. Мислам дека Мики е новиот МК идол!
не само тоа, жирито и кога ке даде критика тоа го прави на толку благ начин небаре ке ги навреди..па добро Хико (како што го нарекувате) и незнаеме како би изреагирал на критики сега
Судиите и Ненад и ИванНа ме изнасмеаја вечерва. Незнам што и беше на сите А Јана добро и кажа: Треба да го шириме феминизмот Несакам да испадне женско па ајде почнува прогласувањето па да видиме како ќе биде
Можеби оваа вечер потфрлил малку,ама каде каде пее подобро од Виктор или Кико.Тоа е факт што не се поразува и тоа е моето мислење. А за поштата онака си коментирав,дека е многу фин и не се дига.
^ И јас мислам дека тука грешат, иако мислам дека не го прават тоа поради тоа што не сакаат да им се крати на гласови (нели, стручна гледна точка, бла-бла). Што е многу, многу погрешно. Иако донекаде ги сфаќам, чуден народ сме, а нарочито Идоливе, не секој од нив знае да прифати критика (веќе знаеме што се случи предходно)
против Нико ништо немав се додека не видов дека ќе ја пее Молитва.Е ја претера! Против него имам многу од тој момент, кога ја испеа уште повеќе, кога и пееше на девојката така себично само за неа па примети и после на Иванна и вика демек ја за сите пеев, да пееше за сите немаше да го каже тоа туку ќе се подразбираше, он се вадеше али ај.Не сум за да отпадне зошто има глас, ама ако продолжи вака комотно.
тука се гледа од гала во гала.. во минатата гала бил одличен затоа и продолжил понатаму, сега не, нема да добие гласови за оваа гала и може и да си оди од идолов..
да и Виктор одговара ...и тоа јас му пишав само еднаш некни..не му пишав ништо во стилот Виктор убав си ,супер си бла бла..туку му кажав фино лепо да си ја смени сликата (му беше со бр 7 а не 9) дека ке не збуни за гласањето и толку..а тој ми врати значи сите враќаат кога можат и тоа не ги прави добри пејачи туку ги прави поблиски до фановите и оставаат впечаток дека сепак се на земја ..барем засега
1. Нико - порано беше супер сега слава у глава му удрила и слабо, со многу фалшчиња и лош избор на песна 2. Дејан - многу незабележителен, али оваа вечер супер, убава песна, многу точно, прекрасно отпеано 3. Јана - детуле, доста и беше и ова досега, чим неможе еден прост текст да научи... ништо 4. Иво - аууууу катастрофа, не дај боже Исламовиќ да го слушне ова, ќе пукне од мука, болно беше за уши 5. Иван - многу убав глас, убаво пее, али зашто толку се дере беее, една од моите омилени песни, али ја утна, не ми се свиѓа 6. Билјана - девојкава незнам како дојде овде, не пее лошо, али кога се коментарите боље уста да не отвара, а вечер тешка песна и нормално следуваат утки 7. Мики - од кај излезе дечково незнам, али прекрасен е, знае да избере песна, знае да ја испее феноменално, со еден збор - совршено 8. Хихо - препотентно, надуено, недораснато дете, можда вечер испеал најдобро до сега, али Зашто правиш слона од мене, не се споредува со Ако има бога, Молитва, Ти си ми у крви и Индекси, за нив слончето е детска песничка 9. Виктор - дечково не е надуен како што на некои им делува, впрочем доста е скромен, а за вечер прекрасен беше, песната одлична, пеењето совршено, полека се поправа, браво, браво Иначе оценка за денешнава гала: -13, абе многу фалшираа (чест на исклучоците), ми ги распукаа сите камени у бубрег , ова не е хумано, изгледа ЕХ-ЈУ е преголем залак за нив...