Требало да имаат мали проби, не знаат микрофон како се држи, немаат добар контакт, не се ни слушаат. И музиката е погласна од нив. И како е можно сите да се задоволни од изведбата? Ние да не слушаме нешто друго? И текстот? Аман бре, на идол се пријавиле, е ептен се изнервирав и ќе го исклучам
Музичар е, не ја знаел од Роби песната(се прекрстувам со лева рака) Еден да испее ко што треба победник да го прогласат. Понатамошен избор е излишен.
Помина и Христијааан Низок бил, тоа оди во минус Актер бил тоа оди во плус сума сумариум пак сме си на рамно
Стварно забележав Христијан многу низок некако делува во споредба со другите. Како и да е моите фаворити отиодоа во финале. Виктор, Иван и Христијан.(ама многу малку ги дадоа во оваа епизода едвај 6 секунди) А и многу луѓе едвај се слушаа, музиката беше погласна од нив.
Мислиш на Коста од Гевгелија,нели? И мене ми е жал за него, мислев дека ќе се извлече некако (иако беше лош вечерва)... Но, догодина белки ќе има повеќе среќа! Воглавном,сите ми беа лоши вечерва, никој не ме воодушеви...што им беше ич не знам!
Некој ми побара линк од новиот профил на Виктор..Повелете.. http://www.facebook.com/profile.php?id=100001924108149 Инаку јас сум за Виктор и за Иван..Сега засега.. Криво ми е за Коста..
Многу им сте се нагрнале на Виктор и на Иван бре Али вечерва не ги видовме скоро ич Сите ми беа онака, повеќето беа катастрофа, али тоа е ..... Навивам за сограѓаните Иван и Влатко , и малце за Виктор
Мислам дека беше микрофонот намерно намален, бидејќи сепак не се сите професионалци и не се научени да пеат на микрофон, а многу е поразлично. Мене ми се супер, фаворитот веќе одамна си го кажав на темава. Иван Раденов - Првиот Македонски Идол Go Ivan!
Виктор,Виктор,Виктор,Виктор и само Виктор! Не дека е Битолчанец,стварно според мој вкус перфектен е дечкото Лепотанче со харизма и прекрасно пее Срцка е детето А онај Христијан Тодоровски пак,прилепчанецот,неможам да го поднесам.Не сакам луѓе кои се лигават и се уфилмани,а сметам дека тие две карактеристики се повеќе од забележливи кај него
Tooo помина Иван ! Абе срце е ! (кога реков дека се заљубив, озбилно мислев ) Покрај него и Катерина мислам дека се викаше девојчето од Куманово (поправете ме ако грешам) А баш ми е жал за Коста..Се надевам дека наредната година пак ке го гледаме . ПС и јас не го поднесувам тој Христијан.Премногу се лигави и ко женско ми е
Заборавив да кажам дека криво ми е Боби Вeatboxer-от што отпадна.. Преинтересен ми беше..Фаца детенце..Касно фатив,па не видов како пееше..
И колку штуро некако ги прогласија финалистиве... Се некако набрзина, ни да им разјаснат некои работи
Боби зафркна работа засипнат беше в крај, немаше глас ич. Иван, Денис, Виктор, денес беа солидни, ама девојките се повеќе ме разочаруваат А Кристијан, кој како сака нека мисли, ама детево е харизматично, и мноооогу зборува, и мнооооооогу се прави, и на тоа добива поени Кој го знае во живо, потврдува